Свет
Вонредна состојба во Пекинг, стотици луѓе тестирани на коронавирус

Вонредната состојба во Пекинг се должи на наглото зголемување на бројот на случаи на вирусот Ковид-19 во изминатите неколку дена, а стотици илјади луѓе се тестирани за време на викендот, објавија кинеските медиуми.
Властите во Пекинг, град со повеќе од 21 милион жители, воведоа мерки за спречување на ширење на коронавирусот, кои, меѓу другото, ги ограничуваат јавните активности и патувањата и ја засилуваат контролата.
Најголем број нови случаи се идентификувани во пекиншката област Шуенџи, каде што се спроведува тестирање на население, а нивото на ризик од коронавирус во некои области е зголемено на „средно“.
До недела попладне беа собрани 830.000 примероци за тестирање на Ковид-19 во областа Шуенџи.
Во Кина, првата земја во која е идентификуван Ковид-19, вирусот е под контрола, иако сè уште има нови случаи. Досега во Кина биле заразени 86.976 лица, од кои 4.634 починале како резултат на вирусот, а има активни 339 случаи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Венс: Војната во Украина нема да заврши наскоро

Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс вчера за „Фокс њуз“ изјави дека војната во Украина нема да заврши наскоро, додека американскиот државен секретар Марко Рубио рече дека Русија и Украина сега се поблиску, но сепак далеку од мировен договор.
„Сега кога секоја страна ги знае мировните услови на другата страна, на Русите и Украинците е да се договорат и да го запрат овој брутален, брутален конфликт“, рече Венс во интервју .
BREAKING: JD Vance says the Russia / Ukraine war isn’t going to end anytime soon.
It’s been 24 hours X 101 already! Now they don’t think it will end anytime soon? pic.twitter.com/U1z092QSS9
— Ed Krassenstein (@EdKrassen) May 1, 2025
„Ова нема да заврши наскоро“, додаде Венс.
„Секако дека Украинците се лути поради инвазијата, но дали ќе продолжат да губат илјадници и илјадници луѓе за неколку километри територија во еден или друг правец?“ рече Ванс.
Американскиот државен секретар Марко Рубио вчера за истата телевизија изјави дека „наскоро треба да има вистински пробив во врска со војната во Украина или претседателот на САД, Доналд Трамп, ќе мора да одлучи колку повеќе време ќе посвети на ова прашање“.
„Мислам дека знаеме каде е Украина и знаеме каде е Русија во моментов… Тие се поблиску, но сепак се далеку“, рече Рубио во интервју за програмата Ханити на Фокс њуз.
Свет
Зеленски: Договорот за минералите е прв резултат од мојата средба со Трамп во Ватикан

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, денеска го нарече историски договорот за минерали меѓу САД и Украина.
„Ова е првиот опиплив исход од средбата во Ватикан, што навистина го прави историски“, објави Зеленски, осврнувајќи се на разговорот со американскиот претседател, Доналд Трамп, на маргините на погребот на папата Франциско во саботата.
Договорот наскоро треба да биде ратификуван од украинскиот парламент.
Според договорот, Украина ќе обезбеди вредни природни ресурси за да може Вашингтон да продолжи да го поддржува Киев во одбраната на земјата од руската инвазија.
„Договорот значително се промени за време на подготвителниот процес. Сега станува збор за навистина еднакво партнерство, кое создава можности за значителни инвестиции во Украина и значајна модернизација на украинските индустрии и, што е подеднакво важно, нејзините правни практики“, рече Зеленски во неговото вечерно обраќање.
„Договорот не предвидува задолжување. Тој предвидува формирање фонд за реконструкција кој ќе инвестира во Украина и ќе генерира профит. Тоа значи дека ќе работиме заедно со Америка, врз основа на фер услови, обезбедувајќи Украина и САД, кои ни помагаат во одбраната, да заработат пари во ова партнерство“, рече Зеленски.
Договорот, како што додаде, е клучен и за напорите на Киев да ги поправи односите со Трамп и Белата куќа, кои се влошија откако тој ја презеде функцијата во јануари.
Свет
Експлозија во теретана во Виена, повредени пожарникари

ЕНеколку лица се повредени по експлозија, а потоа и пожар во теретана во Виена.
Се сомнева дека експлозијата се случила во сауната на теретаната.
Набргу по експлозијата избувнал пожар.
На местото на настанот брзо пристигнале пожарникарите и брзата помош. Пожарникарите успеале да влезат во салата, а недолго потоа дошло до експлозија. Притисокот од експлозијата оддалечил двајца пожарникари и тие потоа биле повредени.
Друга екипа на пожарникари успеала навреме да го запре пожарот.