Свет
Воодушевување на социјалните мрежи поради првите муслиманки во Конгресот на САД
Американската демократка од Мичиген, Рашида Тлаиб (42), стана првата муслиманка избрана за американскиот конгрес, објави „Базфид њуз“. По неа, во Конгресот влезе и муслиманката Илхан Омар (36), демократка од Минесота.
Тие две најверојатно ќе ја споделат титулата – први муслимански избрани во американскиот Конгрес.
Исто така, Омар, со потекло од Сомалија, ќе биде прва американска законодавка која во Конгресот ќе носи марама на главата.
Congratulations to my sister @RashidaTlaib on your victory!
I cannot wait to serve with you, inshallah. ??
— Ilhan Omar (@IlhanMN) November 7, 2018
По првите информации за влезот на Рашида Тлаиб во Конгресот, Илхан Омар веднаш јавно на Твитер и ѝ честиташе на својата „сестра“ за успехот ѓто ќе биде забележан во историјата.
„Не можам да дочекам да служаме заедно“, напиша Омар. Нејзиниот твит беше лајкнат и споделен од илјадници корисници на социјалните мрежи.
Многу Американци со ентузијазам и големи емоции ја доживеаја честитката на Илхан Омар упатена на Твитер.
CRYING TEARS OF JOY. Muslim women are everything. https://t.co/uEKsZ7w1Tt
— Arij Mikati (@arijmikati) November 7, 2018
CRYING at the “inshallah”
im so happy that we’re kicking the old white men out and bringing in a true representation of people, ALL people https://t.co/PyT1iz2deQ— sameha (@harrytimmytroye) November 7, 2018
Paving the way for me!! Congrats! https://t.co/Z0wVdNWHeG
— Hania (@haniainabox) November 7, 2018
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Катар пресретна ирански ракети и беспилотни летала
Министерството за одбрана на Катар соопшти дека воздухопловните сили и системите за противвоздушна одбрана денеска пресретнале ракети и беспилотни летала лансирани од Иран, додавајќи дека нема жртви.
Иран лансираше ракети и дронови насочени и кон Израел и кон американските воени објекти во Бахреин, Кувајт и Катар, како одговор на американските и израелските напади.
Американската војска не извести за американски жртви и пријави минимална штета во своите бази.
Свет
Северна Кореја ги осуди нападите врз Иран: „Нелегална агресија“
Северна Кореја ги осуди израелските напади и американската воена операција против Иран, нарекувајќи ги „нелегална агресија“ и кршење на националниот суверенитет, пренесува Ројтерс, повикувајќи се на државната агенција КЦНА.
Портпаролот на севернокорејското Министерство за надворешни работи изјавил дека американската операција била очекувана и ја оценил како неизбежен исход поради, како што навел, хегемонистичката и гангстерска природа на САД. Во соопштението се наведува дека агресорската војна на САД и Израел е неприфатлива во какви било околности.
Пјонгјанг повика регионалните земји и другите заинтересирани страни да преземат одговорност за воспоставување мир и стабилност на Блискиот Исток.
Израелската војска претходно објави дека почнала опсежни напади врз центарот на Техеран, по операцијата во која беше убиен иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи.
Фото: Depositphotos
Свет
Путин со сочувство до Иран, нападите ги нарече цинично кршење на меѓународното право
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изрази длабоко сочувство до иранскиот претседател Масуд Пезешкијан по повод убиството на врховниот лидер Али Хамнеи и членовите на неговото семејство, соопшти Кремљ.
„Ве молам примете го моето најдлабоко сочувство по повод атентатот врз врховниот лидер на Исламската Република Иран, Сејед Али Хамнеи, и членовите на неговото семејство, извршен во цинично кршење на сите норми на човечкиот морал и меѓународното право“, се наведува во соопштението, пренесува агенцијата РИА Новости.
Хамнеи беше убиен во саботата наутро во нападите што ги извршија Израел и Соединетите Американски Држави, потврди утрово иранската влада, а пренесоа иранските државни медиуми.
Во саботата САД и Израел започнаа серија удари врз ирански цели, вклучително и во Техеран, при што беше предизвикана материјална штета и цивилни жртви. Потоа Иран возврати со ракетни напади врз израелска територија и врз американски воени објекти на Блискиот Исток.

