Свет
Вооружена група нападна воздухопловна база во јужна Либија под контрола на Хафтар
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/08/tripoli-libija.jpg)
Вооружена група во четвртокот нападна голема воздухопловна база во јужна Либија, контролирана од воениот командант Калифа Хафтар, кој испрати голем дел од своите сили на север за да се обиде да го заземе главниот град Триполи, изјавија официјални лица.
Идентитетот на напаѓачите не е познат.
Базата е главната воздухопловна база на Хафтар во јужна Либија, која силите на неговата либиска национална армија (ЛНА) ја зедоа под своја контрола претходно оваа година.
Хафтар почна офанзива за Триполи пред две недели, која уште повеќе ја влоши хаотичната ситуација што ја владее во земјата од 2011 година. Во борбите во Триполи загинаа околу 205 лица, вклучувајќи и 18 цивили, а ранети се 913, објави Светската здравствена организација (СЗО) во четвртокот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
Земјотрес со јачина од 5,2 степени го погоди северниот дел на Мароко
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/10-4.jpg)
Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала синоќа го погоди северниот дел на Мароко, јави агенцијата МАП.
Земјотресот се случи во 23.48 часот по локално време во провинцијата Уезан, соопшти Националниот институт за геофизика.
Епицентарот на земјотресот бил во општина Брикча, 200 километри североисточно од главниот град Рабат.
Свет
Кина воведува нова цензура, за армијата помалку ќе се зборува на интернет
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/2-10.jpg)
Кина ги претстави новите опсежни регулативи, кои ќе го заострат објавувањето информации за нејзината војска на интернет потенцијално прикривајќи ги клучните извори за следење на најголемите вооружени сили во светот. Правилата, објавени за време на викендот, стапуваат во сила на 1 март во време кога Кина забрзано ја развива и модернизира Народноослободителната армија (ПЛА) за да ѝ се спротивстави на воената моќ на Соединетите Америкснски Држави, пишува Си-ен-ен.
Тоа исто така е последниот чекор во широката кампања на лидерот Шји Џјинпинг за зајакнување на националната безбедност и заштита на државните тајни во услови на зголемени геополитички тензии.
Општите правила би можеле да имаат големо влијание врз кинеските воени блогери и коментатори, кои честопати бргу споделуваат фотографии и информации за новите системи за оружје, назначувањето на персоналот и движењето на војниците.
Јавно достапните информации објавени од кинески воени ентузијасти беа важен извор за набљудувачите на ПЛА да ги следат развојот и движењата на кинеската војска. Прописите се насочени кон решавање на проблемите, како што се ширење лажни воени информации и обелоденување воени тајни на интернет, се вели во соопштението на владата.
Според Си-ен-ен, правилата строго забрануваат производство, копирање, објавување и дистрибуција на воени тајни, национална одбранбена технологија, индустриски тајни или други необјавени информации.
Списокот на забранети содржини вклучува развој и тестирање системи за оружје, воени вежби и распоредувања, како и организациски структури, задачи и борбени способности на воените единици што не се официјално објавени.
Прописите се насочени кон индивидуални корисници и даватели на онлајн-воени информации“, кои вклучуваат веб-страници посветени на воени прашања, воени колумни и сметки на социјалните медиуми што се занимаваат со војската.
Прописите беа заеднички усвоени од 10 тела, вклучително и највисокото регулаторно тело за интернет, главната воена команда и министерствата за јавна безбедност, државна безбедност и за култура и туризам.
Свет
Песков: Значаен дел од Украина веќе стана дел од Русија
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/09/677z381_677z381_peskov-1.jpg)
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека значителен дел од Украина би сакал да стане дел од Русија и дека, според ситуацијата на теренот, тоа веќе се случило.
„Факт е дека значителен дел од Украина сака да стане Русија и дека тоа веќе се случи“, рече Песков, пренесе ТАСС.
Тој изјави дека четири нови руски региони се доказ за тоа тврдење додавајќи дека луѓето, и покрај ризиците на референдумот, гласале за приклучување кон Русија.
Трамп претходно во интервју за „Фокс њуз“ изјави дека Украина може да стане дел од Русија и дека САД би можеле да бараат враќање на парите инвестирани во Украина во форма на ретки метали во вредност од речиси 500 милијарди долари.
„Можеби ќе има договор меѓу Русија и Украина, а можеби и не. Украина еден ден може да биде руска, или можеби не“, рече Трамп.
Песков рече и дека цитирањето на Трамп на рускиот претседател Владимир Путин не може да се смета за сигнал за приближување меѓу Русија и САД.
Песков одговори на објавата на Трамп на социјалната мрежа Truth Social, во која тој сподели линк од изјавите на Путин за европските елити нагласувајќи дека тоа повеќе ја одразува политичката агенда на Трамп отколку вистинска промена во односите меѓу двете земји, пренесе „РИА новости“.
Тој нагласи дека контактите меѓу Русија и САД се интензивирани преку одредени канали и дека е важно изјавите на Путин да се анализираат и во Вашингтон за подобро да се разбере руската позиција.
Во врска со наводното доаѓање на американскиот специјален пратеник за Блискиот Исток, Стив Виткоф во Москва, Песков рече дека Кремљ нема информации за таа посета.