Свет
Во Авганистан не е можно да се извојува воена победа, тврди американски генерал
По 17 години војување, американскиот врховен командант во Авганистан призна дека Талибанците не можат да бидат воено поразени.
„Војната во Авганистан не може да се заврши со воени средства, а мир може да се постигне само преку политичка резолуција со Талибанците“, рече американскиот генерал задолжен за операции на САД и НАТО, Остин Скот Милер.
„Оваа војна нема да биде завршена со воени средства. Ова мора да биде политичко решение“, рече тој.
Милер додава дека Талибанците исто така се уморни од борби и дека би биле подготвени да почнат мировни преговори по 17 години војување.
Но, сé уште не е јасно колку Талибанците се подготвени да преговараат. Во едно од ретките интервјуа, командантот на талибанската војска изјави за „Раша тудеј“ дека немаат желба да преговараат со Американците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

