Свет
Во Австралија регистриран првиот смртен случај по каснување од морска змија
Британски државјанин починал кога бил каснат од морска змија додека од својот чамец ловел риби во Австралија, објави локалната полиција.
Змијата го каснала младиот 22-годишник во четвртокот утрото околу 9 часот по локално време во моменти кога ја извлекувал мрежата од морето. Тој ловел риби во близина на островот Грут Ејланд, покрај брегот на Северната Територија на Австралија.
Службата за итни случаи бргу пристигнала на местото на несреќата, но лекарите не успеале да го спасат момчето.
Ова се чини дека е првата регистрирана смрт од каснување на морска змија во Австралија, пренесува Би-би-си.
Телото на младото момче било предадено на аутопсија во блискиот град во текот на истиот ден, соопшти полицијата на Северната Територија.
Засега нема информации за видот на морската змија. Морските змии се сметаат за многу отровни, но тие ретко доаѓаат во контакт со луѓето поради што нема многу случаи на каснување, информира Би-би-си.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

