Свет
Во автобуска несреќа во Мексико загинаа 15 лица, 47 се повредени
Петнаесет лица загинаа, а 47 се повредени откако автобус со туристи се преврте на автопат во мексиканската држава Најарит во близина на мексиканскиот брег на Тихиот Океан, соопштија денеска властите во таа земја.
АП јавува дека меѓу загинатите има најмалку четири деца.
Официјални лица во блиската држава Гуанахуато изјавија дека сите патници во автобусот биле од градот Леон во таа држава, а локалните медиуми соопштија дека се враќале од градот на плажата Гуабајитос,пренесе Танјуг.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ураганот Џон придружен со обилни врнежи го погоди јужниот брег на Тихиот Океан на Мексико
Ураганот Џон, придружен со силен ветер и обилни врнежи од дожд, го погоди јужниот пацифички брег на Мексико.
Оваа временска бура се засили од тропска бура во ураган за само неколку часа, а брзото засилување на бурата ги изненади властите кои се обидоа навреме да ги ажурираат советите до населението, пренесува АП.
Невремето го зафати крајбрежниот појас на јужно Мексико како ураган од трета категорија, заканувајќи го туристичкиот центар на државата Оахака со максимални ветрови до 190 километри на час.
Свет
Во германски супермаркети пронајдени речиси сто килограми кокаин
Пратки со банани од Јужна Америка во кои имало вкупно 95 килограми кокаин, случајно завршиле во многу филијали на супермаркети во Западна Германија.
Според обвинителството, дрога била пронајдена во единаесет продавници, пренесува германската медиумска групација RND.
Вредноста на запленетата материја на црниот пазар се проценува на повеќе од седум милиони евра.
Инспекторите веруваат дека погрешната пратка била доставена до централниот магацин и оттаму преку нормалниот дистрибутивен ланец била транспортирана до поединечни продавници.
Надлежните се уште истражуваат од каде точно е запленетиот кокаин.
Според досега достапните информации и објави од полицијата, пратката со банани пристигнала на пристаништето во Антверпен по морски пат. Оттаму, стоката што содржела дрога најверојатно по грешка била испратена во продавниците.
Пратката со дрога во кутии со овошје била откриена пред две недели од вработени во две продавници во Менхенгладбах и пријавиле во полиција.
Подоцна во текот на истрагата било откриено дека истиот ден кутии со кокаин биле пронајдени и во продавниците на тој трговски синџир во Дуизбург, Крефелд и општините Вирзен, Хајнцберг и Нојс во Рајнската област.
Свет
(Видео) Силен дожд и поплави во Англија: наставата е откажана, многу патишта се непроодни
Обилни врнежи и поплави погодија делови од Англија и Велс предизвикувајќи прекин на сообраќајот и материјална штета.
Патишта и куќи се поплавени во централна и јужна Англија, а во некои области во текот на ноќта врнеше дожд како за еден месец, пренесуваат локални медиуми.
Footage of the flooding yesterday in Dunstable
📌 Bedfordshire | England 🏴 #floods #flooding #England #Dunstable
🎥 : @chrisrich88 pic.twitter.com/mvGKgMZ7fY— DISASTER TRACKER (@DisasterTrackHQ) September 23, 2024
На фудбалскиот терен на АФЦ Вимблдон во Лондон се појавила дупка, а итните служби примиле 350 повици поврзани со поплави.
Extensive flooding caused what looked like a 'golf course' on the pitch at the Cherry Red Records Stadium.
📌 London | England 🏴 #CarabaoCup #AFCWimbledon #Newcastle pic.twitter.com/p8ZFzowmaP
— DISASTER TRACKER (@DisasterTrackHQ) September 23, 2024
Локалните власти соопштија дека сите служби за итни случаи работат што е можно побрзо и дека ранливите луѓе се приоритет. Долгите врнежи од дожд се очекува да продолжат и во текот на утрешниот ден, што може да зафатат делови од Шкотска.
Жолто предупредување за дожд е во сила во поголемиот дел од Англија до крајот на денот, со исклучок на крајниот југозапад и делови од северна Англија и источен Велс. Заедно со врнежите најавен е и значително опаѓање на температурата, која поради северниот ветер ќе биде пониска од просечната за овој период од годината.
Десетици училишта низ Бедфордшир, Нортхемптоншир и Питерборо беа затворени во текот на денот. Некои најавија дека очекуваат утре повторно да можат да одржат настава. Но, се уште нема потврда за тоа, според написите на тамошните медиуми.
Многу патишта се сè уште непроодни, а од утрово не функционираат и некои железнички линии.