Свет
Во Велика Британија починале 439 луѓе, пораст на бројот на жртви во Велс и Шкотска

Велика Британија пријавила 439 починати од коронавирус во изминатите 24 часа, а регистрирани се нови заразени 3.802.
Вкупниот број на починати во Британија сега изнесува 5.373, а бројот на заразени надмина 50.000 луѓе.
Англија пријавила 403 нови смртни случаи на коронавирус, а во Велс и Шкотска во изминатите 24 часа бројот се зголемил за 27.
Вкупниот број на жртви во Англија сега изнесува 4.897, во Велс 193, а во Шкотска 222 починати од Ковид-19, пренесува „Скај“.
Пациентите што починале во Англија имале меѓу 35 и 106 години, а 15 од нив немале хронични болести пред заразата.
Жариште на заразата и натаму е Лондон, кој брои 129 жртви од вкупно 403, а следат регионите Мидлендс со 75 починати и Норт Ист и Јоркшир со 67 жртви.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: Утре ќе разговарам со Путин, има добри шанси да ја завршиме војната

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека утре ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин за можниот крај на тригодишната војна во Украина, по позитивниот исход од разговорите меѓу американските и руските претставници во Москва.
„Во вторник ќе разговарам со претседателот Путин. За време на викендот беше завршена многу работа. Сакаме да видиме дали можеме да ја завршиме оваа војна. Можеби можеме, можеби не можеме, но мислам дека шансите се добри“, рече Трамп за време на летот од Флорида до Вашингтон. Трамп ќе се обиде да добие поддршка од Путин за предложениот 30-дневен прекин на огнот што Украина го прифати минатата недела.
„Ќе разговараме за територии и за енергетски капацитети. Мислам дека веќе разговаравме многу за тоа со двете страни, и Украина и Русија“, рече Трамп на прашањето што ќе вклучуваат разговорите за прекин на огнот.
Американскиот државен секретар Марко Рубио и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров завчера разговараа за „следните чекори“ во предложениот прекин на огнот во Украина, пишува Политико.
Регион
(Видео) Осум од повредените во Кочани се во „Пирогов“ во Софија, три се деца, сите се во тешка состојба

Осум од повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се во тешка состојба во Софија во болницата „Пирогов“. Од нив три се деца на возраст од 15-16 години – две девојчиња и едно момче, објави БГНЕС.
Ова утрово го соопшти д-р Валентин Димитров, директор на „Пирогов“ – една од болниците каде што беа пренесени дел од повредените во трагичниот инцидент во Македонија, пренесе БГНЕС.
Уште петмина од примените во „Пирогов“ – четири мажи и една жена се во тешка општа состојба. Едно од децата е на интензивна нега. Тројца се интубирани. Изгореници има на горните екстремитети и лицето, објасни д-р Димитров.
Останатите повредени во Кочани, транспортирани во Бугарија, се сместени во Варна и Пловдив.
Д-р Валентин Димитров најави дека во моментов нема итна потреба од дарување крв за настраданите, но секогаш има потреба од крводарители. Тој апелираше да не престанува крводарителството. За повредените од Кочани, центрите за крв во Пловдив, Стара Загора и Софија се подготвени да одговорат на она што е потребно.
Регион
(Видео) Тројца пациенти од Кочани се примени во болница во Варна

Тројца повредени во пожарот во Кочани вчера се примени на Клиниката за изгореници при ВМА-Варна, јави Бгнес.
Тие беа пренесени во Варна со воениот авион Спартан, кој првично слета во Софија, каде што пет пациенти беа сместени во болницата Пирогов.
Бугарија се обврза на лекување на 14 повредени во пожарот во Кочани.
Во пожарот што избувна во дискотека во Кочани животот го загубија 59 лица.