Европа
Во Германија повеќе од 10 000 новозаразени со коронавирус

Рекорден број на новозаразени со коронавирус е забележан во Германија, а тој број надмина 10 000 за првпат од почетокот на епидемијата.
Според Институтот за инфективни болести „Роберт Кох“, во последните 24 часа се потврдени 11.287 нови случаи, а 30 лица починале.
Вкупниот број на заразени лица се искачи на 392.049, а вкупно починаа 9.905 лица, пренесува „Ројтерс“.
Иако стапката на инфекција во Германија е помала отколку во поголемиот дел од Европа, бројот на новозаразени започна рапидно да расте со доаѓањето на постудено време, а официјалните лица најавуваат поостри мерки доколку овој тренд продолжи.
Министерот за здравство Јенс Спан вчера објави дека е позитивен на коронавирус.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Првата реакција на Украина: Ова не го замислувавме ниту во нашиот најлош кошмар

Олександр Мережко, украински пратеник од партијата на претседателот Зеленски, рече дека е „шокиран“ од веста дека Соединетите Држави ја запираат воената помош за Украина.
Говорејќи за „Њуздеј“ на Би-би-си, тој рече: „Она што се случува е неверојатно. Ниту во моите најлоши кошмари не можев да замислам дека Трамп може да ја спречи воената помош за Украина во време кога ни е најпотребна“.
Мережко смета дека американскиот претседател Доналд Трамп се обидува да ги турка Украина и Европа настрана за да постигне договор со Русија.
„Мислам дека господинот Трамп треба сериозно да размисли како ќе остане запаметен во историјата. За мене ова е ден кој ќе остане во историјата како срамен“, заклучи тој.
Европа
Пет европски воени сили ја потврдија поддршката за Украина

Претставниците на Германија, Франција, Велика Британија, Италија и Полска ја потврдија својата политичка и воена помош за Украина.
Членките на НАТО се собраа преку видео врска во форматот за одбранбена соработка на Групата пет водечки европски одбранбени сили.
„Сите се согласуваат дека (Украина) може да се потпре на континуираната и сеопфатна поддршка на Групата“, се вели во соопштението на германското Министерство по состанокот.
Состанокот беше свикан за кратко време по жестоката расправија меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа минатата недела.
Расправијата ги поттикна стравувањата дека Вашингтон би можел да ја повлече својата клучна поддршка за Киев, бидејќи односите меѓу САД и Русија почнаа да се подобруваат.
Следниот состанок на Групата пет одбранбени сили е закажан за 12 март во Париз. Целта на групата е да ја зајакне европската безбедносна и одбранбена подготвеност.
Европа
(Видео) Црвено предупредување во Валенсија поради силен дожд

Обилно невреме вчера ја погоди југоисточна Шпанија, четири месеци откако во поплавите загинаа 224 лица, поради што се откажаа наставата во Валенсија за денеска, а жителите се повикани да бидат на готовност.
Метеоролошката служба АЕМЕТ ја подигна тревогата на највисоко „црвено“ ниво, а градските власти во Валенсија ги откажаа часовите и активностите на отворено.
No es Gaza, no es Ucrania, es Valencia 4 meses después, nadie hará una cumbre por esto, ni tan siquiera en la sede de nuestro gobierno. pic.twitter.com/SMqThyKnrA
— 🅰🆁🆂🅴🅽🅸🅲🅾 🈷️🈴️🈷️ (@Arsenico_bis) March 3, 2025
„Се очекува една недела пороен дожд, затоа ве повикувам да ги следите најавите и препораките на службите за вонредни состојби“, изјави претседателот на провинцијата Карлос Мазон на жителите преку социјалните мрежи.
Во провинцијата Валенсија, 224 луѓе загинаа на крајот на октомври во поплава предизвикана од силен дожд.
This is Buñol, Valencia in Spain, today, where 100mm of rain has already fallen in the last few hours.pic.twitter.com/LSQ2vz7D7Z
— Volcaholic 🌋 (@volcaholic1) March 3, 2025
Во Паипорта, место кое беше особено тешко погодено, парковите и гробиштата вчера беа затворени, а училиштата ќе бидат затворени од денеска. Се повикуваат жителите да не ги напуштаат домовите доколку не е потребно.