Контакт

Европа

Во Германија рекордни 23.542 новозаразени

Објавено пред

Германија во последните 24 часа пријави 23.542 нови случаја на инфекција со коронавирус. Ова беше објавено денеска од Институтот „Роберт Кох“ од Берлин, при што се наведува дека е постигнат нов рекорд во бројот на заразени за еден ден.

dobivaj vesti na viber

Последниот рекорд беше минатата сабота кога беа евидентирани 23.399 случаи на инфекција.

Во споредба со вчера, денеска бројот на пријавени случаи е зголемен за речиси 1.700.

Вкупно 751.095 лица се заразени во Германија од почетокот на пандемијата. Бројот на смртни случаи поврзани со вирусот се зголеми за 218, на вкупно 12.200. Претходниот ден беа регистрирани 215 починати.

Речиси 481.700 заразени закрепнале од болеста.

Европа

(Видео) Фон дер Лајен го претстави планот за вооружување на Европа: „Ова е клучен момент“

Објавено пред

Соединетите Американски Држави ја прекинаа воената помош за Украина неколку дена откако американскиот претседател Доналд Трамп се судри со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Овалната соба, потврди претставник на Белата куќа за „Ројтерс“.

dobivaj vesti na viber

„Ова не е трајно прекинување на помошта, тоа е пауза“, цитира „Фокс њуз“ претставник на администрацијата на Трамп. „Блумберг“ објави дека е запрена испораката на целата американска воена опрема, која моментно не е во Украина, вклучително и оружје во транзит на авиони и бродови или чекање во транзитни области во Полска.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска изјави дека новите планови на ЕУ за зајакнување на европската одбранбена индустрија и зголемување на воените капацитети би можеле да мобилизираат речиси 800 милијарди евра. Зборувајќи на денешната прес-конференција, Фон дер Лајен најави дека ЕУ ќе предложи на земјите членки да им се обезбеди поголем фискален простор за инвестиции во одбраната, како и 150 милијарди евра заеми за такви инвестиции, заедно со мобилизација на приватен капитал.

„Потребно ни е големо зголемување на одбранбениот капацитет, нема сомнеж за тоа. Сакаме траен мир, но траен мир може да се изгради само на сила, а силата почнува со зајакнување на самите себе“, рече таа. Таа додаде дека испратила писмо до европските лидери и наведе пет клучни точки од планот за повторно вооружување на Европа:

  • Зголемување на јавното финансирање за одбраната – доколку земјите членки ги зголемат трошоците за одбрана за 1,5 % од БДП, тоа би можело да создаде фискален простор од речиси 650 милијарди евра во следните четири години;
  • Нов инструмент, кој обезбедува заеми од 150 милијарди евра за одбранбени инвестиции од страна на земјите членки;
  • Користење на буџетот на Европската Унија за одбранбени проекти;
  • Мобилизирање приватен капитал преку Унијата за штедење и инвестиции;
  • Мобилизирање приватен капитал преку Европската инвестициска банка.

Фон дер Лајен истакна дека овие планови би можеле да мобилизираат речиси 800 милијарди евра за зајакнување на одбранбените и воените капацитети на Европа. „Ова е клучен момент за Европа и ние мора да го искористиме“, рече таа.

Прикажи повеќе...

Европа

Папата добро се одмори преку ноќта: „Остануваме внимателни во врска со прогнозата“

Објавено пред

Папата Франциско добро се одмори во текот на ноќта, соопшти денеска Ватикан откога 88-годишниот папа имаше респираторни проблеми еден ден претходно додека се бори со билатерална пневмонија во болница. Франциско е во римската болница „Гемели“ од 14 февруари, а вчера имаше две епизоди на акутна респираторна инсуфициенција, соопшти Ватикан.

dobivaj vesti na viber

Морале да го поврзат на неинвазивна механичка вентилација за да му помогнат полесно да дише. „Папата спиеше цела ноќ и продолжува да се одмора“, објави кусо Ватикан. Целосните медицински информации за состојбата на папата се очекуваат вечерва.

Папата Франциско не е виден во јавноста откога беше примен во болница, што е негово најдолго отсуство откога го почна својот понтификат во 2013 година, а неговите лекари не кажаа колку долго би можело да трае неговото лекување.

Влошувањето слувадеше по неколкудневните релативно оптимистички извештаи за неговата состојба. Ватикан соопшти дека двете респираторни епизоди биле предизвикани од акумулација на ендобронхијална слузница. Папата доживеа и бронхоспазма, сличен на напад на астма, поради што лекарите беа принудени да направат две бронхоскопии за да ги прегледаат неговите дишни патишта.

Сè уште треба да се внимава во однос на прогнозата, соопшти денеска Ватикан, што значи дека сè уште не е надвор од животна опасност. Анонимен претставник на Ватикан изјави дека крвната слика на папата Франциско вчера била стабилна. Лекарите на папата веруваат дека респираторната епизода е дел од нормалниот одговор во борбата против инфекцијата, додаде официјалниот претставник.

Прикажи повеќе...

Европа

Унгарија ја поддржува одлуката на Трамп да ја прекине воената помош за Украина

Објавено пред

Унгарската влада изрази поддршка за одлуката на администрацијата на Доналд Трамп да ја прекине воената помош за Украина додека земјата се брани од руската инвазија и нелегалната анексија на нејзината територија.

dobivaj vesti na viber

Портпаролот на владата на Виктор Орбан рече: „Претседателот на САД и унгарската влада го делат истиот став: наместо продолжување на испораката на оружје и војна, потребно е прекин на огнот и мировни преговори што е можно поскоро“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Државата ќе плаќа за кратење желудник на прекумерно дебелите, а операцијата ќе се прави кај нас место во странство

Место во странство, 40 пациенти со прекумерна дебелина ќе може да направат операција за намалување на тежината кај нас, а...

Македонија6 часа

„Вреди“: Ахмети е очаен за политичко внимание, зад сценариото за бојкот на локалните избори се крие стравот од пораз

Тоа што ДУИ не се снаоѓаат во опозиција не може да го претворат во државен проблем. Али Ахмети е очаен...

Македонија6 часа

Сиљановска ја штити и релативизира Кочоска, таа е нем набљудувач на дискриминацијата, велат од СДСМ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова која во кампањата се претставуваше како борец за правата на жените, денес молчи пред отворена дискриминација кон...

Македонија7 часа

Засилени контроли за увозното овошје и зеленчукот за заштита од пестициди, најави АХВ

Заради обезбедување на поголема безбедност на храната и постигнување на високо ниво на заштита на здравјето на луѓето, во услови...

Македонија7 часа

(Видео) Граѓаните да не наседнуваат на измами со лажни сообраќајни незгоди, веднаш да пријават во полиција

Во изминатиот период во Министерството за внатрешни работи од страна на граѓаните пријавени се повеќе кривични дела „измама“, кои се...

Свет7 часа

Американски експерт за надворешна и безбедносна политика: Она што го прават САД, Путин го толкува како бело знаме

Добро е што САД „разговараат со противникот“, но во моментов звучи како да сакаат мир и договор повеќе од Русија,...

Македонија7 часа

Утрово најстудено во Берово, денеска максималната температура до 16 степени

Утрово најстудено било во Берово каде што се измерени -8 степени, -7 било на Попова Шапка, -6 во Маврови Анови...

Европа8 часа

Би-би-си: Какви опции има Зеленски сега? Јасно е што сака Трамп

„Што може Зеленски да направи за да ја промени ситуацијата? Да му се извини на претседателот Трамп? Да го прифати...

Свет10 часа

(Видео) Венс: Зеленски не е подготвен за мир, тоа е вистинскиот проблем

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс рече дека верува оти украинскиот претседател Володимир Зеленски „на крајот“ ќе се помири со учеството...

Свет10 часа

Трамп ја паузира воената помош за Украина, објави „Ројтерс“

Соединетите држави ја паузираат воената помош за Украина само неколку дена откако сегашниот американски претседател Доналд Трамп се судри со...

Македонија22 часа

Средба Муцунски-Сијарто: Унгарија е меѓу десетте најголеми трговски партнери и инвеститори во Македонија

Во рамките на Втората меѓувладина седница со Унгарија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Будимпешта...

Македонија23 часа

Апелација му ја намали казната на Боки 13 за „Рекет“, од девет на пет години

Апелациониот суд ја преиначи пресудата за случајот „Рекет“ во кој е обвинет Бојан Јовановски – Боки 13. Боки 13 во...

Македонија1 ден

Онака сложно како што ги зачуваа патните трошоци, пратениците да изгласаат дополнително покачување на минималната плата од 6.000 денари, побара Трендафилов

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), денес, до Владата, до Собранието и до работодавците достави предлог во кој бара дополнително...

Топ1 ден

Вработените во Филхармонијата до Мицкоски и Љутков: За директор треба да се избере најквалификуваниот, а не партиски договорениот кандидат

Пред неколку дена, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков во изјава за еден медиум рече дека одлуката кој ќе...

Свет1 ден

Трамп: „Зеленски нема да има друга опција, освен да се предаде“

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа на својата социјална мрежа Truth Social сподели објава во која тврди дека украинскиот претседател Володимир...

Македонија1 ден

Платите да се исплаќаат до петти место до петнаесетти во месецот, предлага Левицата

На денешната прес-конференција, пратеникот од Левица и портпаролот на партијата, Амар Мециновиќ, обзнани дека пратениците од Левица поднеле предлог во...

Македонија1 ден

За електронски индекс ќе треба една и пол година, месецов почнува дигитализацијата на студентските сервиси на УКИМ, вели ректорката Ангелова

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) месецов почнува со дигитална трансформација. Ректорката Билјана Ангелова најави дека првин ќе се дигитализираат...

Македонија1 ден

ДУИ подготвува бојкот на локалните избори за да го избегне поразот, велат од „Влен“

За да го избегне поразот ДУИ планира да ги бојкотира изборите и да провоцира тензии на денот на гласањето, веалт...

Македонија1 ден

Возел под дејство на алкохол, со голема брзина и тешко повредил пешак: истрага за сообраќајна несреќа во Скопје

Мерки на претпазливост, кои вклучуваат привремено одземање возачка дозвола и забрана за нејзино издавање, забрана за напуштање на живеалиштето или...

Европа1 ден

Лавров: Зеленски се претвори во чист нацист и предавник на Евреите

Украинскиот лидер Володимир Зеленски по доаѓањето на власт се претвори во „чист нацист“ и предавник на Евреите, изјави рускиот министер...