Свет
Во Данска потврдени 33 случаи од новиот вид коронавирус
Данска потврди 33 случаи на новиот вид коронавирус, кој рапидно се шири во делови на Велика Британија, соопштија властите во земјата.
Државниот институт за инфективни болести соопшти дека анализира генетски материјал од 7.805 позитивни тестови на Ковид-19 спроведени од 14 ноември до 14 декември.
Новиот вид на вирусот е пронајден кај 0,4 проценти од позитивните.
Институтот забележува дека овој процент може да се промени со оглед на тоа што досега се анализирани само 13,5 проценти од сите позитивни тестови од тој период.
Данска, како и многу други земји, го прекина воздушниот сообраќај со Велика Британија, каде што новиот вид на вирусот бргу се шири на југот на Англија, вклучувајќи го и Лондон.
„Според прелиминарните информации, 33 заразени лица во Данска немале контакт со Англија и не патувале во кои било други земји“, соопшти Институтот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

