Свет
Во екот на пандемијата администрацијата на Трамп бара пари за реновирање на Белата куќа

Администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп, бара 377 милиони долари во идниот нацрт-закон за помош за ублажување на последиците од коронавирусот за долготрајна модернизација на западното крило, но допрва треба да се утврди кога тоа би можело да се случи.
Износот вклучен во нацрт-законот за помош од страна на Сенатот исто така би ја опфатил новата безбедносна заштита за зградата на извршната канцеларија „Ајзенхауер“ во комплексот на Белата куќа, пренесе АП.
Додека пратениците, вклучително и републиканците, по барање на администрацијата добија повеќе од една милијарда долари за ново седиште на ФБИ во Вашингтон, планот за западното крило привлече релативно мало внимание. Администрацијата вели дека реновирањето на Белата куќа би ја зголемило способноста на кампусот да открие и да ублажи надворешна безбедност и закана од пандемијата.
Западното крило не е комплетно модернизирано од 1933 година, според Управата за општи услуги, која одржува поголем дел од комплексот на Белата куќа.
Реновирања планираа и одлагаа претходните администрации, последен пат претседателот Барак Обама во 2013 година делумно бидејќи ниту еден претседател не сакал привремено да се откаже од овалниот кабинет на неколку месеци или подолго, наведува агенцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
40 ранети во Израел, двајца критично

Вкупно 40 лица побарале медицинска помош по вечерашниот ирански ракетен напад врз Израел, соопштија локалните здравствени служби. Двајца од повредените се во критична состојба.
Најголем број пациенти се лекуваат во болницата Ичилов во Тел Авив – 18 лица.
Според лекарите, пријавените повреди вклучуваат рани од шрапнели, вдишување чад и состојба на шок.
Свет
Израелската војска: Иран истрела помалку од 100 балистички ракети, повеќето ги пресретнавме

Портпаролката на израелската војска, Ефи Дефрин, рече дека помалку од 100 балистички проектили биле истрелани од Иран кон Израел.
Дефрин рече дека „повеќето од ракетите биле пресретнати од воздушната одбрана или паднале пред да стигнат до израелска територија“.
„Регистрирани се ограничен број погодоци на згради, а дел од штетата е предизвикана од фрагменти од пресретнати проектили“, додаде тој.
Според израелските медицински служби, во нападот биле ранети 40 лица.
Свет
Нетанјаху: Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва и порача на јавноста дека можат да ги напуштат засолништата, откако новиот бран ирански ракети прелета над израелска територија.
„Иранскиот режим никогаш не бил послаб. Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот“, рече Нетанјаху во вечерашното обраќање.
Тој директно им се обрати и на граѓаните на Иран: „Јас сум со вас, израелскиот народ е со вас“, рече тој.
Министерот за одбрана на Израел, Израел Кац изјави дека Иран „ја преминал црвената линија со лансирање ракети кон израелските цивилни области“ и најави: „Техеран ќе плати висока цена“.
Оваа иранска одмазда следеше по израелските воздушни напади на иранска територија, при што беа погодени нуклеарни постројки и беа убиени високи команданти и научници.