Свет
Во Израел почнуваат преговорите за коалициска влада
Претставници на двете најголеми политички израелски партии денеска ќе се состанат на разговори за формирање коалициска влада по минатонеделните избори, пренесе агенцијата „Ројтерс“.
Средбата следува по разговорите меѓу премиерот и лидер на конзервативната партија „Ликуд“, Бенјамин Нетанјаху, и неговиот ривал, претседателот на центристичката „Сино-бела“ партија, Бени Ганц. Ова се први официјални преговори по парламентарните избори кои не го отворија патот за формирање влада.
Иницијатор на средбата е израелскиот претседател Рувен Ривлин, а целта е да се оневозможи застој во обидите да се избере нов премиер и политичка блокада која би можела да доведе то трети избори годинава.
Иако формално неговата функција има церемонијален карактер, претседателот Рувен Ривлин мора да избере кандидат за кој верува дека може да формира коалиција за поддршка на идната израелска влада.
Двајцата ривали рекоа дека ја поддржуваат идејата за заедничка влада, но не можат да се договорат кој ќе ја предводи истата, а тука е и ветувањето на Ганц дека нема да соработува со Нетанјаху бидејќи тој се соочува со бројни скандали поврзани со корупција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нетанјаху: Ќе ги донесеме сите заложници дома
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го коментираше враќањето на првите жени заложнички во Израел.
Тој го поздрави ослободувањето на Роми Гонен, Дорон Штајнбречер и Емили Дамари.
„Овој момент е постигнат благодарение на пожртвуваноста и борбата на нашите херојски борци – хероите на Израел“, пишува Нетанјаху на „Икс“.
„Ветувам: сите ќе ги донесеме дома!“, додаде.
Свет
Tрите девојки кои Хамас ги држеше повеќе од година во заложништво се соединија со своите мајки
На профилот на Израел на „Икс“ објавени се емотивни фотогрфии од средбата на ослободените заложнички со нивните мајки.
Тие денеска се вратија дома, како дел од договорот за прекин на огнот, кој вклучува етапно ослободување на заложниците кои Хамас ги грабна на 7 октомври 2023 година, кога го напдна Израел, по што почна војната во Газа.
There’s nothing stronger than a mother’s embrace ❤️
Welcome home Emily, Doron and Romi 🇮🇱🎗️ pic.twitter.com/FLCc4qgLbz
— Israel ישראל (@Israel) January 19, 2025
Свет
Видео од моментот на преземање на заложничките од страна на израелската војска
Објавена е снимка на која израелската армија ги презема трите заложнички кои денес ги ослободи Хамас, како дел од договорот за прекин на огнот.
Девојките се пренесени во Израел.
🔴Μια στιγμή που δεν θα ξεχάσουμε ποτέ: Η Emily, η Romi και η Doron μεταφέρονται από τον Ερυθρό Σταυρό στους IDF 🇮🇱🎗️❤️ pic.twitter.com/ndH9UJISJC
— Israel in Greece 🇮🇱🇬🇷 (@IsraelinGreece) January 19, 2025
Објавена е и фотографија од заложничката Емили Дамари. Емили има преврзана рака, но изгледа добро расположена.