Контакт

Вести

Во ирачки Синџар избувнаа судири меѓу курдските групи

Објавено пред

Во областа на планинскиот масив Синџар, на северозападот од Ирак, избувнаа судири меѓу соперничките курдски групи, откако силите лојални на едната страна се разместени во областите под контрола на другата страна, соопштија во петокот курдски безбедносни извори.

dobivaj vesti na viber

 

Судирите избувнаа откако силите Пешмерга Роjава се разметени во четвртокот во областите крај границата со Сирија, коишто ги контролираат силите лојални на Работничката партија на Курдистан (PKK), коишто, пак, се блиски со силите Единици за заштита на народот (YPG) на сириските Курди.

„Утрово, со оган од автоматско оружје, започнаа судрите и засега имаме многу маченици и ранети и на двете страни“, изјавил за Reuters неименуван безбедносен курдски извор.

Во силите Пешмерга Роjава, за разлика од ирачките Пешмерги, претежно се членови од Јазиди, специфична курдско етноконфесионална заедница на Курдите во Ирка и дел во Сирија, а се обучувани под покровителството на тамошната Курдска демократска партија (KDP)./крај/мф/сн

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани со 63 загинати и над 200 повредени е настан што ја одбележа 2025 година

2025 година ќе остане запаметена по тешката трагедија што се случи на 16 март во дискотеката „Пулс“ во Кочани, која...

Македонија2 часа

СДСМ тврди: Има координирана операција за уривање на партијата од внатре

Криминалната власт ја започна последната фаза од кампањата – репресија врз СДСМ и политички прогон, велат од опозициската партија. „По...

Македонија2 часа

Најстудено на Шапка, утрово измерени -14 степени

Утрово најстудено е на Попова Шапка каде се измерени -14 степени, -12 во Mаврови Анови, -10 Крива Паланка, Берово, Kрушево,...

Свет3 часа

Нова студија: Давањето мобилни телефони на деца пред 13-годишна возраст може да биде особено опасно

Новите научни студии објавени во 2025 година даваат сè појасна слика за ризиците од раниот пристап до паметни телефони и...

Свет3 часа

САД се сомневаат во руската приказна за нападот врз резиденцијата на Путин: „Се чини несоодветно“

Амбасадорот на САД во НАТО, Метју Витакер, денес изрази сомнеж врз руските тврдења дека Украина ја нападнала резиденцијата на претседателот...

Свет3 часа

Франција купува авиони за рано предупредување од Сааб за 1,14 милијарди евра

Франција потпиша договор со шведската одбранбена компанија Сааб за купување на два авиони за рано предупредување во вредност од околу...

Свет3 часа

Германија ја прекина истрагата против тајкуните на Путин во замена за 10 милиони евра

Германските обвинители објавија дека ќе ја прекинат истрагата против рускиот олигарх Алишер Усманов, близок сојузник на рускиот претседател Владимир Путин,...

Економија16 часа

ЕБОР одобри над 20 милиони евра кредит за модернизација на железничкиот товарен возен парк во Македонија

ЕБОР одобри 20,9 милиони евра кредит на Северна Македонија за набавка на нови електрични локомотиви и современ систем за планирање...

Македонија20 часа

ДПИ со засилени контроли: издадени се 96 прекршочни платни налози во износ од 2,8 милиони денари

Државниот пазарен инспекторат во текот на месец декември спроведе засилени инспекциски надзори кај угостителските објекти на територија на цела држава...

Топ21 час

Петарда експлодира во раката на осумгодишно дете од Врапчиште, заврши на Клиника

Осумгодишно дете од селото Врапчиште, гостиварско, се здобило со сериозни повреди на раката кога му експлодирала петарда. Настанот бил пријавен...

Македонија21 час

Електродистрибуција со засилено отчитување за празниците

Во насока на обезбедување на поголемо отчитување во најоптоварениот период од годината и задоволување на потребите на корисниците, Електродистрибуција ќе...

Македонија22 часа

Вонредни контроли во рестораните, месарниците и рибарниците: уништени 624 килограми небезбедна храна

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), со цел обезбедување на...

Македонија23 часа

(Фото) Се преврте цистерна на патот Струга – Ќафасан, сообраќајот во прекин

Министерството за внатрешни работи информира дека во моментов во целосен прекин е сообраќајот на патниот правец Струга – Граничен премин...

Свет23 часа

Украина: Нема докази за напад врз резиденцијата на Путин, тоа не се случило

Украина соопшти дека не постојат докази за тврдењата на Русија дека украински беспилотни летала нападнале една од официјалните резиденции на...

Економија24 часа

Зголемени цените во индустријата во ноември

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во ноември 2025 година се зголемени за 0,3 отсто во...

Македонија1 ден

Декемвриската пензија ќе се исплати навремено, на 2 јануари 2026 година, известува Фондот на ПИОМ

Фондот на ПИОМ ги известува сите корисници на пензија дека целосно се обезбедени потребните средства за исплата на пензиите за...

Македонија1 ден

„Дали на Бихаќка Нова година ќе си честитаат по дубајско време“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ

„Откако лидерот на СДС, Зоран Заев одамна се смести во Дубаи, а Венко Филипче побрза да избега кај него за...

Македонија1 ден

(Видео) Зајкова: Реформи за Судски совет донесени на брза лента не градат доверба

Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова, остро реагираше на начинот на кој се носи новиот...

Регион1 ден

До кога Бугарите ќе можат да плаќаат и во лева и во евра по 1 јануари 2026 година

За разлика од неограничената размена на лева за евра, плаќањата во обете валути, познати како период на двојна циркулација, се...

Топ1 ден

Уапсен возачот кој во скопски Чаир со автомобил удри во дете и избега

Вчера полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 65-годишниот С.И. поради сторено кривично дело по член 300 од...