Европа
Во Италија пронајдени три куфери со остатоци од човечки тела
Во поле на периферијата на Фиренца се пронајдени три куфери со остатоци од човечки тела, пишува агенцијата Аги.
Трагите од злосторството ги открил сопственикот на земјиштето.
Откако биле откриени првите два, а потоа и третиот куфер, полицијата ја пребарувала областа бидејќи се претпоставува дека може да има уште жртви.
Според првите процени, во првиот куфер има остатоци од маж на возраст од 40 до 60 години, кој според обдукцијата бил прободен со нож во грлото. Во друг куфер се наоѓаат остатоци од убиена жена.
Местото каде што се пронајдени куферите со исечените човечки тела е под автопатот Фиренца-Пиза, а медиумите пишуваат дека убиецот најверојатно ги фрлил куферите од патот во полето.
Остатоците од жртвите се во напредна фаза на распаѓање, па затоа е тешко да се одреди датумот на смртта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Се запали руски патнички авион веднаш по слетувањето во Турција
Моторот на патнички авион од руско производство се запалил по слетувањето на аеродромот во Анталија во јужна Турција во неделата, соопшти турското Министерство за транспорт.
Министерството соопшти дека слетувањата на аеродромот биле прекинати до три часот по полноќ по локално време, додека авионот не бил отстранет од пистата.
Сите 89 патници и шест членови на екипажот се безбедно евакуирани од патничкиот авион Сухој Суперџет со 100 седишта, кој допатува од руското црноморско одморалиште Сочи, соопшти Министерството.
🚨#BREAKING: Russian passenger plane caught fire at Antalya airport in Turkey. pic.twitter.com/Zts9euvU0j
— World Source News 24/7 (@Worldsource24) November 24, 2024
На видеото споделено на социјалните мрежи, екипите за итна помош може да се видат на местото на пожарот, додека пламенот и чадот се издигаат од моторот на авионот.
Европа
Снежната бура остави без струја околу 33.000 домаќинства во Франција
Околу 33.000 домаќинства останаа без струја вчера во Франција, главно во Нормандија и долж реката Лоара на запад, поради бурата Каетано што го зафати регионот, соопшти компанијата „Енедис“, која управува со електричната мрежа.
„Во 13 часот 33.000 домаќинства останаа без струја“, соопшти мрежата, додавајќи дека најпогодени домаќинства се во Нормандија (15.000 домаќинства) и околу реката Лоара (12.000 домаќинства).
Невремето предизвика прекини на многу сообраќајни правци, а влијаеше и на железничкиот сообраќај.
Мобилизирани се 2.200 техничари за да ги отстранат нарушувањата и да обезбедат електрична енергија, по налетот на бурата што предизвика врнежи од снег и брзина на ветер до 130 километри на час.
Европа
Германците објавија план во случај на војна со Русија
Германија почна поинтензивно да работи на подготовките за можни кризни ситуации, вклучително и воени сценарија кои директно би влијаеле на земјата. Според весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ (ФАЗ), Бундесверот развил стратешки документ наречен „Операционен план Германија“, во кој се детализирани улогата на економијата и клучните инфраструктурни сектори во случај на вооружен конфликт.
Еден од клучните елементи на овој план е соработката со приватниот сектор за обезбедување снабдување и одржување на функционалноста на клучните сектори во случај на криза. Неодамна во Хамбург се одржа средба со претставници на логистички компании, на која воените власти презентираа насоки за подготовка во кризни ситуации. Беше истакнато дека логистиката ќе има клучна улога во овозможување мобилизација на силите и зачувување на стабилноста во земјата. Според ФАЗ, Бундесверот составил листа на приоритетни објекти и инфраструктура кои треба да бидат заштитени во случај на војна, вклучувајќи транспортни центри, магацини и енергетски системи.
Според сценариото кое предвидува одговор на НАТО на потенцијален конфликт со Русија, планирана е мобилизација на дури 800.000 војници и 200.000 возила преку германска територија. Јасно е дека за таква операција е потребно исклучително прецизно планирање и координација со цивилниот сектор, пишува ФАЗ.
Овие мерки доаѓаат во контекст на растечките геополитички тензии, особено по руската инвазија на Украина.
Освен Германија, други европски земји ги засилуваат подготовките за непредвидливи сценарија. Нордиските земји, како што се Шведска, Финска и Норвешка, исто така ги советуваат своите граѓани како да се подготват за потенцијални кризни ситуации, вклучително и обезбедување основни залихи со храна и вода.
Германското Министерство за одбрана редовно ги ажурира своите планови, приспособувајќи ги на промените во безбедносната средина.