Контакт

Свет

Во Либија нападнат воен камп за обука, убиени деветмина

Објавено пред

Деветмина војници се убиени во напад на воен камп за обуки на припадниците на Либиската национална војска, која ја предводи генералот Калифа Хафтар, соопштиле болнички извори.

dobivaj vesti na viber

До нападот дошло во градот Себа, кој се наоќа во јужна Либија, позната по производство на нафта, која, токму поради тоа, е цел на чести напади на вооружени сили.

Хафтар своите сили ги концентрираше во северозападниот дел од земјата, каде последниот месец дена води борби за главниот град Триполи, потиснувајќи ги силите на меѓународно признатата Влада. Судирите беснееја цела ноќ во јужните предградија на Триполи.

Одговорност за нападите на Себа презела Исламска држава. На интернет страницата на џихадистичката група стои дека нејзини борци убиле или раниле 16 луѓе, како и ослободиле затвореници од затвор.

Свет

Ројтерс: Обединетите Арапски Емирати нудат да бидат домаќини на разговори за ставање крај на војната во Украина

Објавено пред

Обединетите Арапски Емирати ги информираа Соединетите Држави дека сакаат тие да бидат домаќини на преговорите за ставање крај на војната во Украина, кои на крајот би можеле да опфатат одржување на мировен состанок меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски, објави денеска Ројтерс, цитирајќи пет извори запознаени со ова прашање.

dobivaj vesti na viber

Извори на британската агенција наведуваат дека ОАЕ „со цело срце се залагале тие да играат клучна улога во обидот да посредуваат за одржување на мировните преговори меѓу Русија и Украина“.

Според три од тие извори, од САД и ОАЕ, претставници на ОАЕ му предложиле на Вашингтон земјата да биде домаќин на „мировен самит“, а двајца од нив рекле дека таков самит на крајот би можел да вклучи и средба меѓу Путин и Зеленски.

Според Ројтерс, Министерството за надворешни работи на ОАЕ не одговорило на барањето за коментар.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека еден од неговите главни приоритети е ставање крај на речиси тригодишниот конфликт во Украина, а вчера најави дека би можел да се сретне со Путин во Саудиска Арабија.

Неколку земји изразија интерес за одржување средба меѓу Трамп и Путин, меѓу кои Србија и Швајцарија, а Wall Street Journal наведува дека и Кина е заинтересирана да биде домаќин на средбата, пренесува Танјуг.

Прикажи повеќе...

Регион

Вучиќ до Додик: Ти благодарам што не и го сврте грбот на Србија, некои веќе не ми се јавуваат

Објавено пред

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека студентските протести во неговата земја се всушност резултат на заговор поттикнат од странство, додека претседателот на Република Српска, Милорад Додик му даде безрезервна поддршка, обвинувајќи ги студентите дека ја ослабуваат Србија.

dobivaj vesti na viber

Додик и Вучиќ организираа свечена академија во Бања Лука за заеднички да го прослават Денот на српската државност.

Во говорот за време на церемонијата на Бања Лука, Вучиќ тврдеше дека тој и неговата влада постојано подаваат рака за соработка, дека на ниту еден начин не ја загрозуваат Босна и Херцеговина и ги почитуваат нејзините жртви, но не добиваат ништо за возврат.

Тој, како што пренесуваат медиумите во соседството, изјави дека изминатите 100 дена му биле многу тешки, иако не се плаши од можно губење на власта, но индиректно ги обвини студентите кои протестираат дека се странски платеници.

„Не можевме да поверуваме колку пари се дадени однадвор за промена на власта во Србија“, рече Вучиќ и му се заблагодари на Додик што не ѝ го свртел грбот на Србија, за разлика од другите познаници на кои се жалел, велејќи дека откако траат протестите, тие сè помалку контактираат со него.

Прикажи повеќе...

Свет

64-годишен маж од Флорида ќе биде погубен со смртоносна инјекција

Објавено пред

64-годишниот Џејмс Денис Форд од Флорида, осуден за убиство на маж и жена додека ловеле риба, вечерва ќе биде погубен со смртоносна инјекција во првата егзекуција во американската сојузна држава оваа година, пишуваат медиумите во регионот.

dobivaj vesti na viber

Убиството се случило во присуство на детето на убиените, кое сето тоа го гледало.

Форд беше осуден на смрт за убиство на Грегори и Кимберли Малнори во 1997 година на оддалечената фарма на југозападна Флорида каде ловеле риба. Форд и Грегори Малнори работеле заедно на фарма во округот Шарлот. Врховниот суд на САД во средата ја отфрли конечната жалба на Форд без образложение.

Судот утврдил дека Форд го нападнал Грегори Малнори, прво пукајќи во главата со пушка, а потоа го претепал со тап предмет и на крајот му го пресекол гркланот. Кимберли Малнори била претепана, силувана и потоа застрелана со истиот пиштол.

Нивната 22-месечна ќерка Маранда, била сведок на убиствата додека била врзана за седиштето на отворениот пикап на семејството. Таа преживеала 18 часа пред работниците да го откријат местото на злосторството. Инспекторите рекоа дека таа била пронајдена покриена со крвта на нејзината мајка и преплавена со каснувања од комарци и други инсекти.

Маранда Малнори неодамна изјави дека не се сеќава што се случило и дека на своите родители се сеќава само преку фотографии и спомени на другите.

Форд првично и рекол на полицијата дека Малнори биле живи кога ги оставил да одат на лов, сугерирајќи дека некој друг ги убил. Пушката подоцна беше пронајдена во ров во близина на местото каде што камионот на Форд остана без бензин, а обвинителите на неговото судење презентираа докази за ДНК кои го поврзуваат со двете убиства. Поротата гласаше за смртна казна, која судијата ја прифати.

Адвокатите на Форд поднесоа бројни жалби по неговата казна, од кои ниту една не беше успешна. Неодамна, Врховниот суд на Флорида ги отфрли тврдењата дека неговиот коефициент на интелигенција од околу 65 во времето на убиствата го ставил во категоријата на интелектуално неспособен, па затоа не е подобен за егзекуција.

Судот посочи дека само обвинетите кои биле помлади од 18 години за време на кривичното дело можат да бидат неподобни за смртна казна, „и бидејќи Форд имал 36 години за време на убиствата, невозможно е тој да покаже дека е под возраста на изземање“.

Од судските списи не е јасно зошто се случило убиството. Дел од одбраната на Форд беше тоа што тој претрпел малтретирање како дете и станал алкохоличар како неговиот татко, пиејќи околу една кутија пиво дневно заедно со друг алкохол. Тој, исто така, страдал од нетретиран дијабетес, што понекогаш доведувало до губење на свеста и непредвидливо однесување, стои во написите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Борисов: Зборовите на Мицкоски се апсолутна провокација

Зборовите на македонскиот премиер Христијан Мицкоски се апсолутна провокација и на истите не треба да им се обрнува внимание. Ова...

Македонија7 часа

За една недела пријавени 2.880 случаи на заболени од грип

Од 3 до 9 февруари пријавени се 2.880 случаи на зболени од грип и респираторни заболувања слични на грипот, што...

Македонија8 часа

АХВ изрече глоби во вкупна вредност од 82 илјади евра за големите синџир-маркети

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), неделава, на целата територија во државава, спроведоа 124 вонредни контроли кај...

Македонија8 часа

СДСМ е против промена на државниот грб

СДСМ е против промена на државниот грб кој го носи континуитетот на НОБ, изјави претседтелот на партијата, Венко Филипче. „Ние...

Македонија9 часа

Уапсени кумановец и тетовец во големата полициска акција: дрогата требало да заврши во Турција

Во заедничка акција на Бирото за јавна безбедност при МВР и на Царинската управа, вчера, на граничниот премин Богородица беа...

Македонија9 часа

Мисајловски во Брисел потврди дека Македонија ќе продолжи да вложува 2 отсто од БДП за НАТО

Денеска во седиштето на НАТО во Брисел, министерот за одбрана Владо Мисајловски присуствуваше и се обрати на состанокот на Северноатлантскиот...

Топ11 часа

(Видео) Уапсена 22-годишна скопјанка: при претрес во нејзиниот дом пронајдена марихуана

Вчера во 22.40 часот на подрачјето на Чаир, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода 22-годишната В.К. од...

Европа13 часа

Европа и сојузниците на Киев бесни поради потегот на Трамп: „Ова е изневерување и предавство“

Американскиот претседател Доналд Трамп најави итен почеток на мировните преговори меѓу Русија и Украина по, како што рече, долгиот и...

Свет14 часа

Аналитичар и уредник во Би-би-си: Путин на многу начини веќе го постигна она што го сака

Главниот аналитичар и уредник на Би-би-си за Русија напиша анализа откога американскиот претседател Доналд Трамп објави дека разговарал со Владимир...

Европа14 часа

Европските сили: Мора да учествуваме во сите идни преговори за судбината на Украина

Европските сили, вклучувајќи ги Велика Британија, Франција и Германија, вчера рекоа дека мора да учествуваат во какви било идни преговори...

Свет14 часа

Жестока закана на Израел: Ако заложниците не бидат ослободени до сабота, портите на пеколот ќе се отворат

Израел се закани дека ќе почне нова војна во Појасот Газа, што ќе овозможи спроведување на планот на Доналд Трамп...

Свет14 часа

Трамп најави дека ќе се сретне лично со Путин, објави и каде

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе се сретне со својот руски колега Владимир Путин во Саудиска Арабија откога во...

Свет15 часа

Објавата на Трамп за разговорот со Путин менува сè, Европа во шок

Американскиот претседател Доналд Трамп најави итен почеток на мировните преговори меѓу Русија и Украина по, како што рече, долгиот и...

Македонија1 ден

МНР на Бугарија со длабоко разочарување: Изјавите на Мицкоски ги поткопуваат напорите за градење добрососедски односи и европска интеграција

Министерството за надворешни работи на Бугарија, се огласи по повод изјавите на премиерот Христијан Мицкоски. Тој рече дека „нема потреба...

Македонија1 ден

Мицкоски: Коцевски не ја оправда довербата, доблесно ќе биде да се повлече

Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарското прашање за разрешување на Државниот јавен обвинител, истакна дека Љупчо Коцевски, имал доволно можност...

Македонија1 ден

Доживотен затвор за Фадил Зејнелов, убиецот на Емилија Пешева

Доживотен затвор доби Фадил Зејнелов, 33-годишниот убиец на 29-годишната Емилија Пешева од Штип. Пред два дена сега осудениот Зејнелов на...

Македонија1 ден

(Видео) Пратениците од власта не се откажаа од енормните суми за патни трошоци, рече Мециновиќ

Пратениците од партиите на власт не го поддржаа законот за ограничување на патните трошоци, што го предложи партијата Левица. Пратеникот...

Македонија1 ден

ЗНАМ тврди дека не наплаќа патни трошоци и не го поддржа предлогот на партијата Левица за нивно намалување

Пратениците од ЗНАМ ниту досега наплаќале, ниту ќе наплаќаат патни трошоци. Само еден колега од пратеничката група за седум месеци...

Македонија1 ден

Тања Чачарова-Илиевска не е спремна да зборува за став за интерпелацијата, но забележала дека се бара колективна одговорност

Тања Чачарова-Илиевска, членка на Судскиот совет, денес не беше спремна да зборува за поднесената интерпелација за петтемина членови на Судскиот...

Македонија1 ден

Јавниот обвинител Коцевски со месеци штити поранешни функционери, изјави Петрушевски

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски со месеци штити поранешни функционери на Социјалдемократскиот сојуз, Обвинителството го претвори во нивна филијала, изјави пратеникот...