Свет
Во Мелбурн слетаа првите странски патници по пет месеци
Вториот по големина град во Австралија, Мелбурн, по пет месеци ги пречека првите патници од странство, што ќе биде тест за државата Викторија за тоа како да се справат со коронавирусот со помош на карантин во хотелите, каде што ќе престојуваат пристигнатите патници.
Австралија ги затвори своите граници за странски државјани од март, а аеродромите околу Мелбурн престанаа да примаат домашни патници во јуни кога се појавија две жаришта во хотелите што служеа како карантин.
Повеќе од 20.000 заразени лица биле регистрирани во државата Викторија кога персоналот на хотелот бил заразен од коронавирусот од луѓе што се враќале од странство, објави „Ројтерс“.
Претприемачите што не го следеле протоколот биле обвинети за ширење на вирусот.
Се очекува секоја недела да доаѓаат стотици луѓе во Викторија поради што државните органи најавија дека полицијата ќе примени построги мерки.
Новиот систем нема да дозволи Австралијците шот пристигнуваат со лет од Шри Ланка да ги напуштат своите соби поради строгите ограничувања.
Сличен систем беше користен и во Сиднеј, каде што илјадници луѓе неодамна се вратија од странство, а во хотелите не се пријавени жаришта.
Од денес речиси во сите објекти ќе може да се смести едно лице на два квадратни метра, претходно растојанието мораше да биде најмалку четири квадратни метри.
Покрај тоа, веќе нема ограничување на бројот на луѓе што може да присуствуваат на свадби и погреби.
Државата Западна Австралија објави дека од вторник ќе ги укине ограничувањата за луѓето што доаѓаат од Викторија и Нов Јужен Велс, а исто така ќе бидат отворени и меѓународните граници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Кина и Велика Британија подготвуваат заеднички одговор на нестабилноста во светот
Шефот на кинеската дипломатија, Ванг Ји, се сретна во Пекинг со советникот за национална безбедност на британскиот премиер, Џонатан Пауел, и рече дека, како постојани членки на Советот за безбедност на Обединетите нации, Кина и Велика Британија имаат значајна одговорност за светскиот мир и развој.
Ванг, член на Политичкото биро на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина (КПК) и директор на Канцеларијата на Централната комисија за надворешни работи, објави дека поради сложената и нестабилна меѓународна ситуација, двете страни треба да ги почитуваат целите и принципите на Повелбата на ОН, да го зајакнат дијалогот и соработката, да работат заедно за решавање на предизвиците и заеднички да го заштитат меѓународниот систем со ОН во неговиот центар, пренесува „Синхуа“.
Тој исто така рече дека посетата на британскиот премиер Кир Стармер на Кина е прва официјална посета на британски премиер во последните осум години.
Пауел изјави дека Кина е втора најголема економија во светот и земја со големо влијание.
„Отсуството на состаноци на високо ниво меѓу Велика Британија и Кина со години не е во интерес на народите на двете земји“, рече британскиот функционер.
Велика Британија се надева дека ќе ја искористи посетата на премиерот Стармер за подобрување на дијалогот и соработката на сите нивоа и низ секторите со Кина, како и за развој на покохерентно и сеопфатно стратешко партнерство, рече Пауел.
Двете страни разменија мислења и за меѓународни и регионални прашања од заеднички интерес, вклучително и кризата во Украина, според „Синхуа“, пренесува Танјуг.
Свет
(Видео) Воен авион се урна на Тајланд: загинаа двајца пилоти
Воен авион се урна денес во шумска област во северен Тајланд за време на тренинг лет, при што загинаа двајцата пилоти во него, според тајландските воздухопловни сили и тајландските медиуми.
„Двајца пилоти загинаа во падот на лесен напаѓачки авион AT-6TH утрово за време на тренинг вежба“, изјави портпаролот на воздухопловните сили Џаккрит Таманвичаи.
🚨#Thailand: A Royal Thai Air Force aircraft (AT-6TH attack) belonging to Squadron 411, Wing 41, crashed during a combat search and rescue training mission in Chom Thong District, Chiang Mai Province (direction 210, distance 60 kilometers from Chiang Mai Airport), which is an… pic.twitter.com/SSVVFH9D0S
— Wolverine Update (@W0lverineupdate) January 29, 2026
Локалните медиуми објавија дека авион со две седишта се урна во покраината Чијанг Маи. Властите ја истражуваат причината за несреќата и се упатија кон местото на несреќата, објавија медиумите.
Свет
(Видео) Возач намерно се заби во синагога во Њујорк, нема повредени
Автомобил вчера удри во вратата на седиштето на еврејски религиозен ред во Њујорк, во инцидент што полицијата го истражува како злосторство од омраза.
Никој не е повреден во инцидентот во светското седиште во Бруклин, а полицијата соопшти дека возачот на автомобилот е уапсен.
Градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, рече дека уапсениот човек „намерно и повеќе пати удрил со автомобилот во зградата“.
I am at 770 Chabad World Headquarters in Crown Heights, where a man intentionally, and repeatedly, crashed his car into the building. I am relieved that no one was injured in this horrifying incident.
This is deeply alarming, especially given the deep meaning and history of the…
— Mayor Zohran Kwame Mamdani (@NYCMayor) January 29, 2026
Мамдани, кој рече дека го посетил местото на настанот по инцидентот, го опиша чинот во објава на социјалните мрежи како „застрашувачки“ и „длабоко алармантен“.
Brooklyn, New York – car intentionally rammed doors of Chabad Headquarters & Synagogue at 770 Eastern Parkway
Police in attendance
Unconfirmed reports claim driver stated he had a bomb
via @ShomrimCH & 11 Jewish Breaking News@nypost @nytimes @TheLeoTerrell @australian pic.twitter.com/zFAn6pLz9D
— Menachem Vorchheimer (@MenachemV) January 29, 2026
Комесарот на полицијата во Њујорк, Џесика Тиш, изјави дека возачот е уапсен и дека единицата за детонација на бомби не пронашла никакви експлозивни направи во возилото.
Тиш им рече на новинарите дека инцидентот го истражува Работната група за злосторства од омраза на њујоршката полиција.

