Свет
Во Мичиген уапсен маж кој му се заканувал на Трамп
Според извештајот на „Детриот њуз“, агентите на ФБИ уапсиле две лица во Мичиген поради закани поврзани со изборите.
Еден од осомничените, наводно го користел корисничкото име ShootUpTrumpRally на Редит и им рекол на истражителите дека „се би било подобро ако Трамп е мртов“. Некои локални медиуми пишуваат дека тој дури планирал да го убие Трамп.
Вториот осомничен беше обвинет за долгогодишни закани до политички акциски одбор поврзан со демократите, и покрај претходните предупредувања од ФБИ дека може да се соочи со кривична пријава ако продолжи со однесувањето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Вучиќ за протестот во Нови Сад: Србија ќе ги казни сторителите на кривичните дела
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ се огласи на Инстаграм за протестот во Нови Сад.
„Во Нови Сад се водат морничави, насилни протести против државата Србија. Србија ќе го брани своето знаме, своето име и презиме и ќе ги казни сите сторители на кривични дела. Не се сомневајте во тоа!“, напиша Вучиќ.
View this post on Instagram
Фекалии завршија врз Градското собрание во Нови Сад, за време на денешните протести, пришто демонстрантите повикаа на одговорност поради смртта на 14 лица по уривањето на натстрешницата на железничката станица во тој град.
Кон Градското собрание, како што јавуваат српските медиуми, маскирани лица фрлале камења, шишиња и се обиделе да го запалат, а полицијата одговорила со солзавец.
Регион
(Видео) Огромен протест во Нови Сад, демонтрантите фрлија фекалии врз Градското собрание
Фекалии завршија врз Градското собрание во Нови Сад, за време на денешните протести, пришто демонстрантите повикаа на одговорност поради смртта на 14 лица по уривањето на натстрешницата на железничката станица во тој град.
„Можат да го почувствуваат мирисот и вкусот на тоа што ни го прават“, велат собтаните на протестот.
Кон Градското собрание, како што јавуваат српските медиуми, маскирани лица фрлале камења, шишиња и се обиделе да го запалат, а полицијата одговорила со солзавец.
Upravo je bačen suzavac na građane ispred Gradske skupštine
Policija je kroz polomljena vrata bacila suzavac, a većina građana se sklonila sa samog ulaza#protest #NoviSad pic.twitter.com/F4vxwEZccn
— KRIK (@KRIKrs) November 5, 2024
Haotično u Novom Sadu pic.twitter.com/yrfzYC7zDA
— Radio 021 (@Radio021) November 5, 2024
Свет
Гласаа и астронаутите на НАСА од Вселената
Астронаутите Буч Вилмор, Сани Вилијамс и Дон Петит гласаа на претседателските избори од Меѓународната вселенска станица, јавува Си-Ен-Ен.
Астронаутите на НАСА објавија фотографија на Инстаграм облечени во патриотски чорапи. На чорапите на двајцата астронаути пишувало „Горд што сум Американец“.
Гласачките ливчиња во вселената се емитуваат на Земјата на ист начин како што повеќето податоци се пренесуваат помеѓу вселенската станица и контролата на мисијата – преку вселенската мрежа на НАСА, констелација на сателити во вселената кои комуницираат со антени на нашата планета.