Свет
Во Нов Зеланд се продава цел град
Во Нов Зеланд се продава мало напуштено гратче на Јужниот Остров, на околу 180 километри северно од Данидин. Гратчето се продава за 2,8 милиони американски долари.
Лејк Ваитаки бил изграден во 1930-тите како живеалиште за луѓето кои работеле на еден градежен проект и за нивните семејства. Но, градот е напуштен уште од 1980-тите, кога браната на која тие работеле била автоматизирана, па повеќе не биле потребни луѓе да работат на неа.
Во гратчето има осум куќи, ресторан и клуб со маса за билијард, кујна и гаража.
Сепак, постои една пречка. На почетокот на оваа година владата на Нов Зеланд изгласа закон со кој на граѓаните на други земји не им е дозволено да купуваат имот во земјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

