Свет
Во Париз ќе се издигне споменик во чест на животните загинати во Првата светска војна
Париз ќе им оддаде почит на стотиците илјади загинати животни од Првата светска војна со издигнување комеморативен споменик.
Ваквата одлука е резултат на повеќемесечното лобирање на здружението за заштита на животните Paris Animaux Zoopolis во пресрет на стогодишнината од примирјето склучено на 11 ноември, со кое се означи и крајот на војната.
Од здружението велат дека иако во други светски метрополи, меѓу кои Лондон, Брисел и Отава, постојат вакви споменици, францускиот главен град не е еден од нив.
На почетокот на војната француската војска имала речиси 200.000 коњи во своите редови, кои главно ги користела во својата коњаница. Само неколку недели по почетокот на Првата светска војна, таа бројка се зголемила на половина милион. До крајот на војната над еден милион коњи биле искористени во војната од страна на француската војска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

