Свет
Во рок од 24 часа руските трупи напредуваа кај Курахов и Покровско
Во текот на изминатите 24 часа забележани се неколку напредувања на руската армија на линиите Покровско и Курахов, објави украинскиот воен телеграмски канал „Дип стејт“.
Како што наведуваат, Русите ја прошириле зоната на контрола на источните приоди кон Украина, а напредувале и во нејзините јужни области.
Дополнително, беше проширена зоната на руска контрола на булбусот Невел, каде што руските трупи напредуваа 4-5 километри на потег од 10 километри од Карловка до Красногоровка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Силен земјотрес ја погоди Индонезија: има загинати, над 80 се повредени, а стотици се евакуирани
Во земјотресот со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала што ја погоди Западна Јава во Индонезија, едно лице загина, а најмалку 82 се повредени, јави агенцијата ВНА.
Епицентарот на земјотресот бил на 24 километри југоисточно од провинцијата Бандунг и на длабочина од 10 километри.
Најпогодено е подрачјето на Бандунг, каде се повредени 81 лице, а по него е Гарут.
Според првите проценки, оштетени се околу 700 куќи.
Оштетени се и речиси 100 здравствени, образовни, верски и јавни објекти, вклучително и пазари.
Поради земјотресот евакуирани се 450 лица.
Регион
(Видео) Голем пожар избувна во Бања Лука, дел од градот остана без струја
Синоќа во населбата Дервиши во Бања Лука избувна голем пожар кој ги вознемири жителите од тој дел на градот, јавува Кликс.ба
Според локалните медиуми, пожарот ја зафатил зградата на поранешната компанија „Кристал“, во која сега се наоѓа кујната на еден од поголемите трговски синџири.
Пожарот брзо се проширил и се издигнал неколку метри над зградата, создавајќи застрашувачки сцени. Сведоците на местото на настанот ја опишаа сцената како апокалиптична, а овие тврдења се поткрепени со видеа и фотографии кои кружат на социјалните мрежи.
Поради пожарот дел од населбата остана без струја. Се претпоставува дека пожарот бил причина за прекинот. На терен беа распоредени бројни противпожарни возила и припадници на бањалучката противпожарна и спасувачка бригада во обид да го стават огнот под контрола, а полицијата го обезбедува теренот за да спречи натамошно ширење на пожарот и можни несреќи.
Причината за пожарот се уште не е позната, а нема информации за повредени лица. Истрагата е во тек.
Свет
Шефот на Мајкрософт: Треба да внимаваме на странско мешање во претседателските избори во САД
Претседателот на американскиот технолошки гигант Мајкрософт, Бред Смит предупреди на странските обиди да влијаат на американските претседателски избори во ноември.
„Мислам дека најопасниот момент ќе дојде 48 часа пред изборите“, рече Смит на сослушувањето во американскиот Сенат во средата. „Тоа е лекција што треба да се научи од, да речеме, изборите во Словачка минатата есен“.
Смит рече дека два дена пред парламентарните избори во европската земја, „руска група“ објавила лажна аудио снимка која наводно открива заговор за кражба на гласови.
„Руската влада е многу способна, многу софистицирана, не само во технологијата, туку и во општествените науки“, рече Смит.
Шефот на Мајкрософт нагласи дека „има реални и сериозни закани“, вклучително и претстојните претседателски избори во САД, кои ќе се одржат на 5 ноември.
Трката за Белата куќа можеби се води меѓу републиканскиот кандидат Доналд Трамп и демократката Камала Харис, „но ова исто така стануваат избори на Иран против Трамп и Русија против Харис“, рече извршниот директор на Мајкрософт.
„Ова се избори каде Русија, Иран и Кина се обединети во заеднички интерес за дискредитација на демократијата во очите на нашите гласачи“, предупреди Смит.
Пред само неколку дена, американските власти ја разоткрија кампањата спонзорирана од Русија во која беа регрутирани десничарски инфлуенсери. Сметки маскирани како веб-страници на новински куќи, како што се конзервативниот канал Фокс њуз и весникот Вашингтон пост, објавија лажни приказни.