Свет
Во САД највисока стапка на смртност од коронавирусот, процентот е поголем од оној во Кина

Иако многумина мислат дека стапката на смртност од коронавирусот е највисока во Кина, каде што првично се појави оваа епидемија, статистички највисока стапка на смртност од вирусот има во САД, пишува „Бизнис инсајдер“.
Врз основа на бројот на потврдени случаи, во САД починале 5,4 проценти од заразените. Ова е значително поголем процент од глобалниот просек од 3,4 проценти, пренесуваат американските медиуми. Во Кина стапката на смртност е 3,7 отсто.
Само Филипините имаат повисока стапка на смртност од САД, но тоа е затоа што таму се потврдени само три случаи, а еден од нив, човек од Вухан, е првата жртва надвор од Кина.
Сепак, „Бизнис инсајдер“ пишува дека е малку веројатно оти коронавирусот всушност е посмртоносен во САД, туку дека процентот е само производ на ограниченото тестирање во земјата.
Распространето тестирање не беше можно во САД веднаш по потврдувањето на првиот случај, а постоеле и услови кој воопшто може да биде тестиран. До средата биле тестирани само оние лица што имале контакт со потврдени пациенти, кои патувале на територијата на епидемија или кои побарале хоспитализација.
Тоа значи дека веројатно кај некои од овие пациенти резултатите сè уште не се потврдени.
Во САД коронавирус официјално е потврден кај 233 лица, а 14 лица починале.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Трамп: Го имаме осомничениот за убиството на Кирк, го препознал свештеник

Претседателот на САД, Доналд Трамп, беше гостин во ток-шоуто „Фокс и пријатели“ на „Фокс њуз“. Претседателот беше прашан дали има некакви вести за осомничениот за убиството на Чарли Кирк. Трамп одговори: „Мислам дека го имаме во притвор со висок степен на сигурност. Работите можат да се променат, но фактите се факти – го имаме лицето што го бараме“, рече Трамп. Осомничениот за убиството на Чарли Кирк има 28 или 29 години, рече Трамп.
BREAKING: President Trump on Charlie Kirk suspected assassin: "I think, with a high degree of certainty, we have him in custody." pic.twitter.com/wAAGegrrWI
— Fox News (@FoxNews) September 12, 2025
Тој не сакаше да открие за кого станува збор, но потврди дека ќе има нови информации во текот на денот. Додаде дека слушнал дека осомничениот бил уапсен „пет минути пред да влезам во студиото“ и дека „некој многу близок“ до осомничениот го известил осомничениот. Додаде дека станува збор за свештеник, кој го препознал осомничениот и отишол кај неговиот татко. „Таткото го уверил својот син. Отидоа во полициската станица и тој е сега таму“, рече Трамп.
Два извори рекоа дека уапсениот маж му признал на својот татко дека тој е стрелецот.
„Се надевам дека ќе добие смртна казна“
Тој ги пофали локалните власти, велејќи дека „одлично си ја завршиле работата, сите соработувале“. „Сè испадна добро“, рече тој. Додаде дека се надева дека убиецот на Кирк ќе добие смртна казна. „Кирк беше најдобрата личност и не го заслужуваше ова“, рече тој.
„Тој беше брилијантен човек кој ми помогна со „Tик-ток“, рече Трамп, додавајќи: „Никогаш не сум видел млади луѓе да се собираат околу една личност како што се собираа околу Чарли“.
Трамп рече дека не сака да го гледа видеото од пукањето, додавајќи дека не сака да се сеќава на Кирк на тој начин. Рече дека слушнал дека видеото е „ужасно“.
Подоцна во интервјуто, Трамп додаде дека гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, исто така, сигнализирал дека ќе бара најстрога казна за напаѓачот на Кирк. „Во Јута, тие имаат смртна казна, а таму имате многу добар гувернер“, рече Трамп. „Гувернерот, го запознав, гувернерот е многу цврст во врска со смртната казна во овој случај“.
Фото: принтскрин
Свет
Орбан: Полјаците се до врат во војна

Унгарскиот премиер Виктор Орбан го нарече присуството на руски беспилотни летала во полскиот воздушен простор неприфатливо иако додаде дека таков развој на настаните е очекуван. Во своето редовно радиообраќање Орбан нагласи дека фактот што инцидентот се случил во Полска не треба да се игнорира.
Орбан ја нагласи силната врска меѓу двете земји, без оглед на моментната политичка клима. Тој нагласи дека Полјаците се историски сојузници и пријатели на Унгарија и дека Унгарија треба да биде меѓу првите што јасно реагираат на какво било кршење на полскиот суверенитет.
„Од првиот момент го опишавме упадот на руски беспилотни летала на полска територија како неприфатлив и сме со Полјаците бидејќи стоиме 100 % во солидарност со нив“, рече тој.
Зборувајќи за инцидентот во кој руски беспилотни летала влегоа во воздушниот простор на НАТО, Орбан рече дека тој ги прикажува опасните околности во кои живееме секојдневно. Според него, такво нешто може да се случи секој ден, и во Полска и во Унгарија, поради што заканата од војна е неизбежна.
Унгарскиот премиер исто така направи разлика помеѓу позициите на двете земји додавајќи дека Унгарците „не се вклучени во војната и се држат настрана, а Полјаците се до вратот во неа“.
Американскиот претседател Доналд Трамп посочи дека беспилотните летала можеби влегле на полска територија по грешка, а полскиот премиер Доналд Туск ги отфрли тврдењата дека Украина стои зад упадот нарекувајќи ги манипулација и дезинформација.
Фото: принтскрин
Свет
Туск: Нападот со беспилотни летала врз Полска не беше грешка и ние го знаеме тоа

Полскиот премиер Доналд Туск денес изјави дека упадот на руски беспилотни летала во воздушниот простор на неговата земја не бил грешка.
„И ние би сакале нападот со беспилотни летала врз Полска да беше грешка. Но, не беше. И ние го знаеме тоа“, рече Туск во објава на социјалната мрежа „Икс“.
Коментарот на Туск дојде како одговор на изјавата на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, дека руската инвазија на Полска со беспилотни летала можеби била грешка.
„Можеше да биде грешка, но без оглед на тоа, не сум среќен за ништо што има врска со целата оваа ситуација. Се надевам дека ќе заврши“, изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа, пренесува „Танјуг“.
Полска побара од своите сојузници дополнителни системи за воздушна одбрана и технологија против беспилотни летала за подобро да се заштити од руските упади по инцидентот претходно оваа недела, во кој беспилотни летала што преминуваа на нејзина територија од Украина и од Белорусија беа соборени од силите на НАТО.
Фото: принтскрин