Свет
Дури 90 отсто од светската популација има предрасуди кон жените
Речиси 90 проценти од светската популација има предрасуди кон жените, покажа студијата што ја објави Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во пресрет на Меѓународниот ден на жената.
Мажите се подобри политички лидери или директори на компании од жените. Студирањето е поважно за мажите отколку за жените. Мажите треба да имаат приоритет на пазарот на трудот кога понудата на работни места е мала.
Девет од десет луѓе во светот – вклучително и жени – имаат барем една предрасуда од ваков вид, заклучува агенцијата на ООН врз основа на податоци од 75 земји.
Предрасудите се најсилни во Пакистан, Катар и во Нигерија, а во тој поглед најдобро стојат Андора, Шведска и Холандија.
УНДП вели дека и покрај децениите напредок, сè уште има невидливи бариери меѓу мажите и жените.
„Денеска, борбата за рамноправноста на половите треба да вклучува елиминација на предрасудите“, вели Педро Консеисао, еден од челниците на УНДП.
Агенцијата на ООН ги повикува владите и институциите да почнат со употреба на нов политички пристап за да стават крај на стереотипното размислување и дискриминаторските практики.
Од извештајот се гледа дека 28 проценти од луѓето во светот сметаат дека е нормално мажот да ја тепа жената.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Украина ги повлекува тенковите Абрамс од борба: Пет од нив веќе се уништени во руските напади
Украина ги повлече од борбата тенковите Абрамс М1А1 испратени до неа од САД, делумно затоа што нападите со руски беспилотни летала ја попречија работата на тие тенкови и затоа што тие се цел на напади, изјавија за АП двајца американски воени претставници.
Засега, тенковите се преместени од првите линии на фронтот, а САД ќе соработуваат со Украинците за да најдат нова тактика за користење на тие тенкови, изјавија заменик-претседателот на Здружениот генералштаб, адмирал Кристофер Грејди и неименуван претставник на одбраната.
САД одобрија испраќање 31 тенк Абрамс во Украина во јануари 2023 година, откако украинските власти побараа нивна испорака, тврдејќи дека тенковите, кои чинат по околу 10 милиони долари, се од витално значење за пробивање на руските борбени линии.
Оттогаш фронтот значително се промени, особено поради употребата на руски извидувачки беспилотни летала, што им отежна на украинските сили да ги заштитат тенковите Абрамс од руски напади, бидејќи беспилотните летала брзо ги откриваат, наведува АП.
Агенцијата додава дека пет од 31 тенк Абрамс веќе се уништени во руските напади.
Свет
Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека сојузниците ќе мора повеќе да се ангажираат за Киев да ја добие поддршката што ја вети Алијансата.
Во четвртокот, на состанокот на непрофитната организација „Атлантски мост“ во Берлин, Столтенберг рече дека членките на НАТО сега треба да го претворат она што и го ветија и обврзаа на Украина во итна испорака на оружје и муниција, објави Киев Индипендент.
„Во последните месеци, членките на НАТО не ја дадоа поддршката што ја ветија“, рече Столтенберг.
Свет
Во Аргентина откриен нов вид диносаурус
Аргентинските палеонтолози објавија дека откриле нов вид диносаурус, наречен Chakisaurus nekul, кој живеел пред околу 90 милиони години во областа на денешна Патагонија.
Chakisaurus nekula е тревојаден диносаурус со средна големина, а фосилот е пронајден во природниот резерват Пуебло Бланко, во јужната провинција Рио Негро, каде што претходно биле пронајдени бројни остатоци од други диносауруси, цицачи и риби.
Се смета дека најголемиот чакисаурус достигнал големина од три метри во должина и 70 сантиметри во висина, а новите студии покажуваат дека овој тип на диносаурус трчал брзо и имал невообичаено закривена опашка, наведува Ројтерс.