Контакт

Свет

Во САД, по 17 години, извршена смртна казна на сојузно ниво

Објавено пред

Во САД е извршена првата смртна казна на сојузно ниво по 17 години, а егзекутиран е човек осуден за тројно убиство, соопшти Министерството за правда.

dobivaj vesti na viber

Даниел Ли (47) беше погубен во 8.07 по локално време со смртоносна инјекција во сојузниот затвор во Индијана, се наведува во соопштението доставено до агенцијата „Франс прес“.

„Убивате невин човек“, биле последните зборови на овој осуденик, објави новинар од Индијанаполис, кој присуствувал на егзекуцијата.

Во 1999 година Даниел Ли беше прогласен за виновен за убиство на брачна двојка и нивната осумгодишна ќерка во Арканзас за време на грабеж.

Според американскиот правосуден систем, кривичните дела може да се судат или во сојузните судови на национално ниво или во државните судови на регионално ниво.

За одредени кривични дела, како што се фалсификување валути или кражба на пошта, автоматски се суди на сојузно ниво, како и во случаи во кои САД се странка или, пак, ситуации што вклучуваат уставни прекршувања.

За другите може да се суди и во федералните судови врз основа на сериозноста на злосторствата.

Според американските медиуми, семејствата на жртвите се спротивставиле на егзекуцијата, па затоа поднеле тужба за запирање наведувајќи дака поради ризикот од коронавирусот, нема да може да присуствуваат на извршувањето на смртната казна.

Ерлин Петерсон (81), чија ќерка, внука и зет биле убиени од Ли, пак, изјавила дека сакала на 47-годишникот да му биде изречена доживотна затворска казна, како што било случај со неговиот соучесник.

Уште две егзекуции на сојузно ниво се закажани за подоцна оваа недела, а четвртата егзекуција е планирана за август.

Свет

Цел на напади била и иранската државна телевизија

Објавено пред

Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.

dobivaj vesti na viber

„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.

Прикажи повеќе...

Свет

Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички

Објавено пред

Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.

dobivaj vesti na viber

Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.

Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

Прикажи повеќе...

Свет

Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери

Објавено пред

Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.

dobivaj vesti na viber

„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.

„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.

Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет6 минути

Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички

Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми. Иран вели дека...

Свет1 час

Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери

Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го...

Свет2 часа

Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата. „Никој не може...

Свет3 часа

Израелската војска пак го нападна Иран

Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град. „Воздухопловните сили сега започнаа...

Свет4 часа

Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“

Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“ Папата...

Свет6 часа

Иранскиот претседател: Одмаздата е наше легитимно право по убиството на Хамнеи

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во ново соопштение порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност...

Македонија9 часа

МНР и НТ формира кризен штаб, се повеќе македонски граѓани бараат помош по нападите на Блискиот Исток

Со оглед на влошената безбедносна состојба во регионот на Блискиот Исток, вчера во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија...

Свет10 часа

Откриени детали за тоа како е убиен врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи

Израел и САД го темпираа нападот врз Иран за сабота, за да се совпадне со самитот меѓу ајатолахот Али Хамнеи...

Свет11 часа

Гори Блискиот Исток, експлозии и денеска се слушаат во арапските држави во Заливот

Експлозии денеска повторно се слушнаа во арапските држави во Заливот, по убиството на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, во...

Свет16 часа

Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост

Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој...

Свет20 часа

(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи

Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али...

Свет20 часа

(Видео) Ирански дрон го погоди и хотелот Бурџ ал Араб во Дубаи

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. Покрај аеродромот, во Дубаи беше погоден и Бурџ Ал Араб. BREAKING: Iranian drone...

Свет21 час

Трамп: Ајатолахот е мртов

Иран очигледно потврди дека ајатолахот е мртов. На неговиот профил на социјалните мрежи е објавена порака: „Во возвишеното име на...

Свет21 час

(Видео) Погоден аеродромот во Дубаи, евакуацијата е во тек

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. BREAKING: Iranian drone strike hits Dubai International Airport. Evacuations are underway at the...

Свет21 час

(Видео) Американците објавија снимки од операцијата „Епски гнев“: „За прв пат употребивме ново оружје“

Централната команда на САД (CENTCOM) објави дека нема извештаи за американски жртви или повредени по нападот во Иран и дека...

Свет22 часа

Иран ги демантира извештаите за смртта на ајатолахот

Ирански извори остро негираа дека ајатолахот Али Хамнеи е убиен. „Можам да ве уверам дека лидерот на револуцијата е стабилен...

Македонија22 часа

Претседателката за утре го свика Советот за безбедност

По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за...

Свет22 часа

(Видео) Нетанјаху: Постојат многу знаци дека ајатолахот е мртов

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им се обрати на иранскиот народ, велејќи им дека имаат „можност што се јавува еднаш во...

Свет22 часа

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов, тврдат Израелците

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов и неговото тело е пронајдено, изјави за Ројтерс висок израелски функционер. We...

Свет1 ден

(Видео) Погоден е аеродромот во Кувајт, гори хотел во Дубаи

САД и Израел го нападнаа Иран утрово. Најмалку три експлозии се слушнаа во Техеран, главниот град на Иран, а беа...