Свет
Во САД рапидно расте бројот на население
Растот на населението во САД оваа година се забрза во споредба со минатата година, поттикнат од имиграцијата и закрепнувањето од кризата предизвикана од пандемијата со „Ковид-19“, објави денеска американското Биро за попис.
Популацијата на САД се зголемила за 0,4 проценти оваа година – на 333,3 милиони – откако речиси стагнираше со раст од 0,1 проценти во 2021 година, бидејќи коронавирусот го влоши трендот на раст во претходните години.
Во 2021 година, населението на САД порасна за помалку од еден милион луѓе за првпат од 1937 година, што го одразува најнискиот нумерички раст од најмалку 1900 година, кога Бирото за попис ги започна годишните проценки на населението, пренесува Хина.
Примарниот двигател на растот оваа година е нето меѓународната миграција – бројот на луѓе кои влегуваат или излегуваат од земјата – што додаде околу 1,01 милион луѓе на населението во САД. Тоа е големо зголемување од 376.000 претходната година, што сигнализира потенцијално враќање на нивоата пред пандемијата.
Флорида беше најбрзо растечката држава во 2022 година, со пораст на населението од 1,9 отсто на околу 22,2 милиони, покажуваат бројките.
„Иако Флорида честопати беше меѓу државите со најголем раст, ова е првпат од 1957 година да се најде на врвот на листата“, рече Кристи Вајлдер, демограф во Одделот за население на Бирото за попис.
Осумнаесет американски држави доживеаја пад на населението во 2022 година, со најголем пад во Калифорнија и Илиноис – падот на населението во двете држави ја одразува нето миграцијата во другите делови на САД.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

