Свет
(Видео) Во САД робот се грижи за пациент заболен од корона вирус, а во кинеските болници навалица и метеж
Робот и неколку медицински работници се грижат за првиот човек кому му е дијагностициран корона вирус во САД.
Роботот, опремен со стетоскоп, им помага на лекарите да се грижат за здравјето на пациентот, како и да комуницираат со него преку големиот екран.
Маж на 30 години бил примен во болница со симптоми на грип, а неодамна се вратил од кинескиот град Вухан, од каде што почна епидемијата на корона вирусот, пренесува Си-ен-ен.
Тој е изолиран и е во стабилна состојба.
Во исто време Си-ен-ен објави видео од социјалните мрежи за кое се вели дека е донесено од болница во Вухан.
На снимката се гледа ходник полн со пациенти што се туркаат и негодуваат додека се обидуваат да ги добијат резултатите од тестот што е можно побргу.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Австралија ја проширува забраната за социјалните медиуми
Twitch, платформа за стриминг која е многу популарна кај гејмерите, е додадена на листата на платформи за социјални медиуми кои ќе бидат забранети за тинејџери во Австралија од следниот месец, објави BBC.
Се приклучува на платформи како што се Facebook, Instagram, TikTok и Snapchat, кои ќе мора да обезбедат лицата под 16 години да не можат да отвораат нови сметки, додека постојните ќе бидат затворени од 10 декември.
Австралискиот регулатор за интернет, кој ја надгледува забраната, објасни дека Twitch – во сопственост на Amazon – е вклучен бидејќи неговата примарна цел е „онлајн социјална интеракција“, каде што корисниците се охрабруваат да разговараат едни со други за објавена содржина.
Портпаролот на Twitch потврди дека Австралијанците под 16 години нема да можат да отворат сметка од 10 декември, а од 9 јануари, постојните сметки на помладите корисници ќе бидат деактивирани.
Објаснувајќи ја одлуката, комесарката за е-безбедност, Џули Инман Грант, рече дека Twitch „е најшироко користената платформа за пренос во живо или објавување содржина што им овозможува на корисниците, вклучително и австралиските деца, да комуницираат со други во врска со објавената содржина“.
Таа додаде дека не се очекува да се додадат повеќе платформи на листата пред да започне забраната следниот месец.
Владата претходно изјави дека целта на забраната е да се намалат „притисоците и ризиците“ на кои децата може да бидат изложени на социјалните мрежи, вклучително и штетната содржина.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Русите тврдат дека целосно го освоиле Купјанск: пристигна првата реакција од Украинците
Генералштабот на украинската војска остро ги негираше тврдењата на началникот на рускиот Генералштаб Валериј Герасимов дека руските сили го освоиле Купјанск. Герасимов за наводниот пад на градот го известил директно рускиот претседател Владимир Путин за време на неговата посета на командното место, но Киев вели дека градот останува под украинска контрола, пишува „Киев Индепендент“.
Kupyansk has been liberated, Gerasimov reported to Putin.
In liberated Kupyansk, individual small enemy groups are being destroyed, the commander of the Zapad group reported.
🔹 RIA Novosti pic.twitter.com/zpc3H45OEb
— Victor vicktop55 commentary (@vick55top) November 20, 2025
„Купјанск останува под контрола на Одбранбените сили на Украина“, објави Генералштабот. „Во и околу Купјанск, во тек се контрасаботажни операции и специјални операции за пребарување и уништување против непријателски извидувачки и саботажни групи кои се инфилтрирале во градот“.
Во соопштението се додава дека „раководството на терористичката држава продолжува да произведува евтини информативни провокации“ со цел да ги прикрие „критичните“ руски загуби. Да потсетиме, украинските сили за специјални операции објавија видео на кое се гледаат жестоки улични борби во градот Купјанск во регионот Харков.
Купјанск, стратешки важен град во Харковската област, повторно стана место на жестоки борби, додека Русија продолжува со своите обиди за напредување во регионот.
Градот е затворен за цивили од 28 септември поради тековните борбени операции и заканата од руски саботажни групи. Заземањето на Купјанск е главната цел на Русија во Харковската област, потврди претходно Олексиј Белски, портпарол на оперативно-стратешката команда на Дњепарк.
фото: принтскрин
Свет
Индиски сируп за кашлица усмрти 24 деца, властите истражуваат како дошло до контаминација
Индиските власти истражуваат дали пропусти во синџирот на снабдување со фармацевтски состојки довеле до контаминација на сируп за кашлица што во изминатите месеци усмртил најмалку 24 деца, пренесе Ројтерс. Истрагата е насочена кон тоа како токсичната хемикалија завршила во производот.
Здравствените и фармацевтските инспектори од државата Тамил Наду се сомневаат дека растворувачот користен за серијата сирупи „Колдриф“ бил контаминиран уште при испораката до производителот „Сресан Фармацеутиал Мануфактурер“.
Властите потврдија дека сирупот бил силно контаминиран со диетилен гликол (DEG). Се утврдува како оваа хемикалија завршила во пропилен гликолот (ПГ), кој служи како база во сирупите за кашлица.
Случаите на смрт од септември повторно ја отворија загриженоста за безбедносните стандарди во индиската фармацевтска индустрија од 50 милијарди долари. Оваа трагедија следи по смртта на повеќе од 140 деца во Африка и Централна Азија во 2022 и 2023 година, исто така поради индиски сирупи произведени со контаминирани растворувачи.
Според извештајот на регулаторите во Тамил Наду, „Сресан“ на 25 март купил 50 килограми пропилен гликол од дистрибутерот „Санрајс Биотек“, кој истиот ден го набавил од „Џинкушал арома“ — фирма што произведува ароматични смеси за детергенти. И двете компании немаат дозволи за тргување со фармацевтски состојки.
„Санрајс“ признал дека го препакувал растворувачот во два незапечатени контејнери, а сопственикот на „Џинкушал“ потврдил дека ги отворил фабричките пломби. И двајцата тврдат дека не ракувале со токсичен DEG и не знаат како дошло до контаминацијата.
По смртта на децата, инспекциите во фабриката „Сресан“ откриле стотици „критични“ и „големи“ прекршувања — од лоши хигиенски услови до фалсификување на податоци. Производната дозвола им е одземена, а основачот Г. Ранганатан е во притвор. Компанијата и претходно била санкционирана, но фабриката не била подлежна на инспекции од 2023 година, потврдиле двајца државни здравствени функционери.

