Свет
Во светот над 740.000 новозаразени од коронавирус

Според податоците на СЗО за претходниот ден, евидентирани се 740.221 нови случаи на коронавирус во светот, а починале 12.502 лица.
Со тоа вкупниот број на заразени лица се зголеми на 83,32 милиони, а починаа 1,83 милион пациенти, пренесува ТАСС.
Најголем број новозаразени е забележан во Јужна и Северна Америка, повеќе од 62 %, или 477.794.
Следува Европа со 165.584 и Југоисточна Азија со 27.828 нови случаи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Татко во Србија возел со голема брзина и излетал од патот, загина бебе

Тримесечно бебе загина во тешка сообраќајна несреќа што се случи во саботата на патот Зрењанин-Лазарево, во Србија.
Несреќата се случила околу 14 часот и 15 минути кога автомобил со шест лица, меѓу кои и две бебиња, излетал од патот во нива.
Според информациите од истрагата, до несреќата најверојатно дошло кога возачот на автомобилот, таткото на загинатото бебе, кој има само пробна возачка дозвола, се обидел да го заобиколи возилото пред себе, по што изгубил контрола над автомобилот и излетал од патот во блиската нива.
Неофицијални извори тврдат дека возачот во моментот на несреќата возел со брзина од околу 140 km/h, што е значително над дозволената брзина на тој дел од патот.
„При превртувањето, кое се случи повеќе пати, од возилото испаднаа жени кои седеа на задното седиште со бебиња во раце“, изјави извор близок до истрагата, пренесува Блиц.
На фотографиите од местото на несреќата објавени од страната на Инстаграм 192_rs се гледа целосно уништено возило.
Според последните информации, полицијата го привела возачот Ј.К., татко на починатото бебе, кој е осомничен дека ја предизвикал сообраќајната несреќа.
Свет
Британскиот министер: Нема договор меѓу Британија и Франција за примирје

Британскиот министер за вооружени сили изјави дека нема договор меѓу Обединетото Кралство и Франција за предложениот едномесечен прекин на огнот во Украина и покрај извештаите во медиумите.
Запрашан за планот, кој францускиот претседател Емануел Макрон го спомена во интервју за француски весник во неделата, Лук Полард изјави за „Би-би-си брекфаст“: „Тоа не е план што го препознаваме во моментот“.
Тој додаде дека „зад затворени врати се разговара за повеќе опции“.
Нагласи дека најважно е да се смисли план што ќе овозможи траен мир што е можно побргу.
Полард исто така истакна дека САД се клучен сојузник на Велика Британија и ќе стојат покрај нив нагласувајќи ги силните одбранбени врски меѓу двете земји.
Изјавата доаѓа откако британскиот премиер Кир Стармер организира самит на европските лидери за да разговараат за постигнување мир во Украина, само два дена по драматичната посета на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Вашингтон.
Свет
(Видео) Трамп го пушти полскиот претседател да чека еден и пол час: „Тоа беше понижување“

Полскиот претседател Анджеј Дуда по секоја цена сакаше да биде првиот европски државник што ќе се сретне со новиот американски претседател Доналд Трамп. Двајцата имаа блиски односи од првиот мандат на Трамп (2017-2021), за време на кој Дуда имаше ексклузивен пристап до американскиот претседател. Дури и за време на изборната кампања во 2024 година, Дуда демонстративно го посети Трамп.
Но, последната посета на Дуда на САД се претвори во фијаско. Трамп го држеше својот полски гостин да чека час и половина во сабота, 22 февруари 2025 година, по што посвети помалку од десет минути на разговор. Средбата не се одржа во Белата куќа, туку на маргините на Конференцијата за политичко дејствување (CPAC) во близина на Вашингтон.
Телевизиските камери во живо пренесуваа снимки од Дуда како нетрпеливо го чека во ВИП салонот американскиот претседател. Потоа, полскиот претседател од првиот ред го поздрави говорот на Трамп во CPAC. Трамп го нарече Дуда „фантастичен човек“ и го пофали за фактот дека 84 отсто од Полјаците кои живеат во САД гласале за Трамп.
🔴 US President #Trump kept Polish President Duda waiting at the door for 1.5 hours before meeting with him for just 10 minutes. pic.twitter.com/0K0L2ZfZDy
— Defence Türkiye En (@defencetr_en) February 24, 2025
Но, разликата во однос на приемот што францускиот претседател Емануел Макрон го имаше во Белата куќа во понеделникот (24.02) е огромна: гостинот од Париз беше пречекан со полни државни почести, пред камерите и новинарите во Овалната соба. Потоа се одржа заедничка прес-конференција.
„Тоа беше понижување и студен туш за полскиот претседател“, напиша Јацек Нижниевич во весникот „Rzeczpospolita“. Трамп, тврди тој, се однесувал кон Дуда како да е политичар кој ја напушта власта и повеќе нема влијание во својата земја. „Во новиот свет на Доналд Трамп, Полска не е ниту тема, а камоли клучен играч, од американска перспектива“, наведува весникот.
Меѓутоа, на прес-конференцијата по средбата со Трамп, Дуда се обиде да остави впечаток дека посетата била успешна. Тој изјави дека САД планираат да го зголемат, а не да го намалат присуството на своите војници во Полска и дека Трамп му рекол „да не се грижи“, бидејќи Полска е еден од најлојалните сојузници на Америка, пренесува Дојче веле.
Дуда избегна каква било критика кон Трамп. А неговиот шеф на кабинет Марчин Масталерек по враќањето од Вашингтон изјави: „Постигнавме се што сакавме“. Тој тврдеше дека средбата била „многу добра“. Во одбрана на Дуда застана и Јарослав Цвиек-Карпович, директор на Полскиот институт за меѓународни односи, кој нагласи дека средбата е важна бидејќи „со Трамп секоја секунда е важна“.