Свет
Во силниот земјотрес во Јапонија загинаа три лица, а 198 се повредени

Најмалку три лица загинаа, а речиси 198 се повредени во силниот земјотрес што ја погоди Јапонија во средата вечерта предизвикувајќи предупредување за цунами, јави „Анадолија“.
Земјотрес со јачина од 7,3 степени според Рихтер го погоди североисточниот дел на Јапонија во 23.36 часот по локално време, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.
Земјотресот го погоди брегот на провинцијата Фукушима, на 60 километри под нивото на морето.
Агенцијата издаде предупредување за цунами по земјотресот и ги предупреди луѓето за земјотреси со слична јачина во наредните недели. Во земјотресот беа повредени околу 198 лица во 12 провинции, а три лица загинаа во најтешко погодените Мијаги и Фукушима.
„Ќе ги преземеме сите можни мерки за да одговориме на катастрофата“, изјави јапонскиот премиер Фумио Кишида во парламентот рано во четвртокот.
Исто така, главниот секретар на кабинетот, Хироказу Мацуно, рече дека земјотресот не предизвикал проблеми во нуклеарните централи во областите погодени од земјотресот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Силен земјотрес регистриран во западниот дел од Турција

Земјотрес со магнитуда од 6,1 степени е регистриран денеска во западна Турција во регионот Баликесир, соопшти Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби при Министерството за внатрешни работи на Република Турција (АФАД).
Земјотресот е почувствуван и во Истанбул и низ целиот регион на Мармара и Егејот.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 11 километри, на 52 километри од градот Баликесир.
Свет
Итна седница поради планот на Израел за окупирање на градот Газа

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска ќе одржи итна седница во врска со планот на Израел за заземање и трајно окупирање на градот Газа, соопштено е од седиштето на ОН во Њујорк.
Седницата, чие одржување го побараа пет земји – Данска, Франција, Грција, Велика Британија и Словенија, ќе почне во 10 часот наутро по локално време, односно во 15 часот по централноевропско време.
Според извори од Советот за безбедност, сите држави-членки, освен Соединетите Американски Држави, го поддржаа барањето за одржување на седницата.
Свет
Речиси 1.900 камиони со хуманитарна помош пристигнаа во Газа

Израелската воена агенција која ја координира хуманитарната помош денеска соопшти дека во текот на изминатата недела, од палестинската страна на премините Керем Шалом и Зиким се собрани и дистрибуирани речиси 1.900 камиони со хуманитарна помош.
Како што се наведува, повеќе од 1.310 камиони што влегоа во Газа во текот на неделата превезуваа главно прехранбени производи, пренесува „Тајмс оф Израел“.
Агенцијата, која работи во рамките на израелското Министерство за одбрана, наведува дека ќе продолжи да го олеснува доставувањето на хуманитарна помош до цивилното население во Газа, „но не и до Хамас“.