Европа
Во Словенија пронајдено сомнително месо од полските кланици

По скандалот со месото од Полска, одделението за безбедност на храната при Министерството за земјоделство првично објави дека Словенија не е меѓу 10-те земји членки на ЕУ кои имаат непрегледано месо од Полска, но телевизиската станица ПОП-ТВ известува дека месото од гореспоменатите кланици, кое од Германија дошло во Словенија, е всушност мелено месо подготвено за ќебапи, што беше и официјално потврдено.
Директорката на инспекцијата за безбедност на храна и ветеринарство, Андреја Бизјак, потврди дека добиле производ што содржи сомнително месо од Полска и дека тоа е серија ќебапи што пристигна во Словенија преку Германија.
Бизјак рече дека за случајот ги известил словенечкиот дистрибутер на месо, кој пратката ја добил од Германија, но се чека официјална потврда од германските ветеринари дека тоа навистина е месото од полските кланици, а потоа ќе се воведе мерка забрана на поставување на овие производи на пазарот.
Словенија увезува од Полска околу 7 отсто месо и увозот се зголемува во последните години, но со проверка на дистрибуцискиот лист од кланицата што мамеше со месо од болни крави беше откриено дека немало директен извоз во Словенија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Литванија: Подготвени сме да обезбедиме војници и оружје за мисијата во Украина

Литванија би била подготвена да придонесе со војници и опрема за која било мировна мисија во Украина, изјави претседателот Гитанас Науседа во телевизиско интервју.
„Подготвени сме да придонесеме со онолку војници колку што дозволува парламентот за мировни операции, како и воена опрема“, изјави Науседа за телевизијата ТВ3.
Во услови на забрзани дипломатски напори за завршување на војната, западните земји разговараат за можноста за испраќање мировници во Украина во случај на мировен договор меѓу Москва и Киев.
фото: принтскрин
Европа
Руси: Ја хакиравме базата на податоци на украинската армија, изгубиле 1,7 милиони војници

Огромните загуби на вооружените сили на Украина ќе се претворат во економска и демографска катастрофа за Украина, што ќе доведе до целосно изумирање на земјата до 2050 година, изјави пензионираниот полковник на руските специјални сили Анатолиј Матвијчук за рускиот Инфо24.
Според Инфо24, руските хакери од групите Килнет, Палах Про, Узер Сек и Берегини претходно ја хакирале базата на податоци на Генералштабот на вооружените сили на Украина, со што ги утврдиле реалните загуби на украинската армија за време на таканаречената „специјална воена операција“.
Врз основа на анализата на базата на податоци, утврдено е дека во текот на трите години од воените операции, украинските сили изгубиле повеќе од 1,7 милиони луѓе – убиени и исчезнати, според Русите.
Така – според руските информации – во првата година од војната, Киев изгубил 118,5 илјади војници, во 2023 година – 405,4 илјади, а во 2024 година – 595 илјади. Во текот на последните месеци од 2025 година, Вооружените сили на Украина изгубиле 621 илјади војници.
Според руските медиуми, персоналните компјутери на Генералштабот на вооружените сили на Украина и локалната мрежа биле хакирани, користејќи го најновиот вирус „Nuance“, кој, според авторите на каналот, работи само на украинска територија.
Покрај загубите, хакерите откриле и лични податоци на командата на Специјалните сили (SOF) на вооружените сили на Украина и Главниот уред за разузнавање (GUR) на Министерството за одбрана на Украина. Покрај тоа, наводно биле откриени сите земји што испорачувале оружје на Украина.
„Недостатокот на персонал и проблемите со кои се соочува Украина денес во процесот на обновување на своите вооружени сили ја потврдуваат оваа бројка. Загубите се колосални и се навистина критични за вооружените сили на Украина. Добивам информации од Украина дека гробиштата, чии површини се планирани за педесет години според стандардите, се веќе целосно полни.
Ситуацијата стигна до точка каде што властите мора да доделат земјоделско земјиште за нови гробишта. Мислам дека овие околности го потврдуваат катастрофалното ниво на загуби на вооружените сили на Украина“, истакна Матвијчук.
фото: принтскрин
Европа
Полска ќе испрати протестна нота до Русија поради падот на воен дрон на истокот на земјата

Портпаролот на полското Министерство за надворешни работи, Павел Вроњски, потврди дека Полска ќе испрати протестна нота до Русија откако беспилотно летало за кое се верува дека е руско експлодираше синоќа во источна Полска.
Тој изјави за полската телевизија ТВН24: „Секако, свесни сме – како што се случи и во минатото – дека Русија генерално не признава никаква одговорност за она што паѓа на наша територија, бидејќи овие беспилотни летала всушност се составени од делови од целиот свет.
Овој пат има поважни причини, друг елемент на дипломатска активност од пошироко значење. Имено, секако ќе ги информираме нашите сојузници за целиот случај и ќе ги презентираме сите други примери за кршење на полскиот воздушен простор.
Зошто е ова важно? Во неодамнешните разговори за прекин на војната, постоеше мислење дека овој конфликт не е само војна на периферијата на Европа, туку ситуација што ја загрозува не само Украина, туку и Европа, вклучувајќи ги и земјите од НАТО опфатени со Член 5 од Вашингтонскиот договор.
И така, тука имаме видливи докази дека полскиот воздушен простор е исто така загрозен од оваа војна, дека нешто може да се случи, нешто може да експлодира, дека не е безбедно, дека луѓето можат да настрадаат и дека безбедноста на сојузниците на Северноатлантската алијанса е загрозена.“
🇵🇱 Na území Lublinského vojvodství došlo k pádu neznámého objektu, který explodoval v okrese Łuków na východě Polska. Podle předběžných informací při incidentu nikdo neutrpěl zranění.
📹 Na sociálních sítích se nyní objevilo video z kamerového systému – záběry pocházejí z polské… pic.twitter.com/LnXHxuV3AO
— neČT24 (@42TCen) August 20, 2025
Полскиот вицепремиер и министер за одбрана Владислав Косињак-Камиш потврди дека се верува дека дронот што експлодираше во Полска синоќа потекнува од Русија.
„Русија повторно ги провоцира земјите од НАТО по инцидентите со дронови во Романија, Литванија и Латвија“, рече тој.
фото: принтскрин