Свет
Во Тексас извршена смртна казна, осуденикот тврдел дека е невин

Во Тексас е извршена смртна казна над Лери Сверинген (48), кој беше осуден на смртна казна во 2000 година за киднапирање, силување и убиство на 19-годишната студентка Мелиса Тротер и сè до смртта тој тврдеше дека е невин.
„Боже, прости им, не знаат што прават“, биле неговите последни зборови.
Студентката од колеџот „Монтгомери“, Мелиса Тротер, последен пат била видена жива на 8 декември 1998 година, а нејзиното тело било пронајдено 25 дена подоцна во Националната шума Сем Хјустон.
Сверинген во неколку наврати се обидувал да ја побие пресудата тврдејќи дека таа е направена врз основа на посредни докази и сомнително форензичко истражување, а самата смртна казна била одложувана петпати.
Сведоците тврделе дека го виделе Тротер како го напушта кампусот на 8 декември во придружба на Сверинген.
Фактот дека жената на Сверинген открила запалка и кутија цигари во приколката се користела како доказ, иако ниту таа ниту Сверинген не бил пушач.
Меѓутоа, неговите адвокати посочија на ДНК пронајдена под ноктите на жртвата, која не му припаѓала на Сверинген.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Руси: 500 Украинци се предадоа во Курск, меѓу нив и платеник од Колумбија

Руската државна новинска агенција ТАСС објави дека повеќе од 500 украински војници им се предале на руските сили во областа Курск, недалеку од руско-украинската граница.
Повикувајќи се на неименувани извори од руските безбедносни служби, ТАСС наведува дека меѓу заробените е и еден странски платеник, државјанин на Колумбија.
„Заробените војници се бројат во стотици. Само во Курск повеќе од 500 припадници на вооружените сили на Украина го положија оружјето. Меѓу нив има и странски платеник, колумбиски државјанин“, според извор цитиран од ТАСС.
Ова тврдење сè уште не може да биде независно потврдено, а нема коментар од украински воени извори.
ТАСС потсетува дека на 12 март началникот на рускиот Генералштаб Валериј Герасимов изјави дека околу 430 украински војници се предале во областа Курск. Според него, украинските војници наводно се почесто се откажуваат од борбата бидејќи, како што рече, ја сфаќаат залудноста на понатамошниот отпор.
Во август 2024 година, украинските сили извршија инвазија на територијата на руската област Курск, што беше дел од пошироката стратегија за нарушување на руските логистички и артилериски бази долж границата.
За време на ова напредување, некои села и позиции биле окупирани, но без долгорочно територијално освојување. На почетокот на 2025 година, руската армија почна контраофанзива во таа зона користејќи значителни воздушни и артилериски ресурси, како и севернокорејски војници.
На почетокот на март, украинските трупи се повлекоа од повеќето позиции северно од украинскиот пограничен регион Суми, вклучително и делови во близина на регионот Курск, наведувајќи ја „оперативната рационализација на борбената линија“ како причина.
Свет
(Видео) Израел со проектили погоди болница во Газа

Два израелски проектили погодија зграда во главната болница во Газа, уништувајќи ја собата за итни случаи и приемното одделение и оштетувајќи други објекти, рекоа лекарите.
Здравствените службеници во Арапската баптистичка болница Ал-Ахли ги евакуираа пациентите од зградата кога едно лице рече дека добило повик од некој кој се идентификувал како дел од израелските безбедносни служби непосредно пред нападот. Нема пријавени жртви, соопшти службата за итни случаи.
After bombing one of Gaza’s last remaining clean water sources they bombed its last remaining hospital.
We should not be desensitised to this.
lsraeI is a terrorist state. pic.twitter.com/80CYho1u4p
— ADAM (@AdameMedia) April 13, 2025
Израелската војска го истражува извештајот, изјави портпаролот.
Сликите кои кружат на социјалните мрежи покажуваат дека десетици луѓе ги напуштаат просториите, а некои изгледаат како да влечат болни роднини по болнички кревети. Канцеларијата за медиуми на владата на Хамас го осуди нападот и во соопштение рече дека Израел намерно го уништува здравствениот систем на Газа.
Израел тврди дека Хамас систематски ги искористува цивилните објекти и дека неговите борци редовно се примаат во болниците во Газа, што милитантната група го негира. Израелските сили спроведоа бројни рации на медицински установи во енклавата.
Во октомври 2023 година, Хамас го обвини израелскиот воздушен напад за смртоносна експлозија на паркинг на теренот на болницата Ал-Ахли. Израел тврдеше дека експлозијата била предизвикана од неуспешно лансирање ракета од страна на палестинската група Исламски џихад, што подоцна го заклучи „Хјуман рајтс воч“ по истрагата. Милитантната група ја негираше одговорноста.
Свет
80 отсто од Американците стравуваат дека ќе бидат отпуштени ова лето. „Веќе ништо не е безбедно“

Огромно мнозинство Американци се загрижени дека би можеле да ги загубат своите работни места оваа година, покажува новото истражување на пазарот на трудот.
Извештајот насловен „Состојба на пазарот на трудот 2025“ ја открива растечката несигурност меѓу работниците во САД. Според истражувањето спроведено на примерок од 1.115 вработени, дури 81 отсто од испитаниците стравуваат дека ќе останат без работа оваа година, а 20 отсто од нив велат дека се многу позагрижени од минатата година, пренесува „Њузвик“.
Луѓето се помалку ги менуваат работните места бидејќи се загрижени за отпуштања и можна рецесија. Дури 76 отсто од испитаниците очекуваат повеќе отпуштања во 2025 година, а дури 92 отсто од нив веруваат дека доаѓа рецесија. Речиси две третини (63 отсто) сметаат дека годинава ќе затворат повеќе компании отколку лани.
Во март, американските работодавци објавија 275.240 отпуштања – повеќе отколку во истиот месец пред пет години, кога избувна пандемијата, според извештајoт.
Од нив, дури 216.215 отпуштања доаѓаат од федералната администрација. Во изминативе два месеци вкупно 280.253 лица се отпуштени во 27 владини агенции. Главниот двигател на тој бран отпуштања е новоформираниот Оддел за владина ефикасност, кој го води Илон Маск и чија цел е да ја намали владината бирократија и трошоците.
Во однос на бројот на отпуштања, март беше најлошиот месец од историските намалувања во април и мај 2020 година, кога повеќе од милион луѓе ги загубија своите работни места поради пандемијата, според податоците што ги следи Челинџер од 1989 година.
„Не е само стравот од отпуштања. Луѓето се плашат дека системот ќе ги заборави“.
Патрис Вилијамс Линдо, извршен директор на „Карир номд“, вели дека луѓето не драматизираат, туку само следат што се случува.
„Отпуштањата сè уште се случуваат редовно, иако се непредвидливи. Економијата изгледа нестабилна. Тарифите постојано се менуваат. Вестите не запираат. Работниците се уморни да бидат изненадени од нештата и таа вознемиреност се чувствува“, изјави Линдо за Њузвик“.
Иако стапката на невработеност во САД останува ниска, големите медиумски и технолошки компании кои неодамна отпуштија голем број работници создаваат психолошки притисок, вели Сем Рајт од Хантр, компанија за пишување резимеа и следење апликации.
„Секогаш кога некоја голема компанија најавува отпуштања, гледаме зголемување на активноста на нашата платформа, дури и од сектори кои немаат никаква врска со индустријата од која доаѓаат вестите“, изјави Рајт за „Њузвик“.
Несигурноста при работа предизвикува и поголем стрес. Повеќе од половина од испитаниците (52%) очекуваат исцрпеноста да биде уште почеста. Како главна причина се наведува несигурноста при работа (43%).
За да останат конкурентни, 61 процент од работниците планираат да инвестираат во образование и обука во 2025 година. Линдо вели дека тоа повеќе зборува за недоверба во системот отколку за лошата состојба на пазарот. „Пазарот на трудот не се распаѓа, но довербата на луѓето во него пропаѓа. Тоа навистина го покажуваат овие податоци“, рече таа.
Каудин додава дека сегашната паника можеби нема да трае, но дека работниците ја прават вистинската работа со тоа што се подготвуваат и работат на себе.
„Работете на вашиот личен бренд, ажурирајте го вашиот LinkedIn, разговарајте со тренер или терапевт, останете присутни на работа – дури и ако работите од дома – и внимавајте на вашиот начин на размислување. Не дозволувајте стравот да ја диктира вашата судбина“.