Свет
Во Украина веќе нема доброволци за фронт, пишуваат американските медиуми
„Ако на почетокот на украинскиот конфликт, десетици илјади Украинци, обземени од патриотизам, решија доброволно да се приклучат на вооружените сили на Украина, сега, по две години крвави конфликти, се повеќе мажи во таа земја ја избегнуваат воената служба, а се почести се повиците за демобилизација на војниците од линијата на фронтот“, пишува Њујорк Тајмс.
Најочигледната промена на расположението во општеството се одразува со жестоките дебати за предлог-законот за нови правила за мобилизација.
Документот беше доставен до парламентот на разгледување во декември, но итно беше испратен на ревизија.
Процесот на прием во армијата се повеќе предизвикува незадоволство во украинското општество, бидејќи е сè поагресивен и обоен со корупција. Никој во украинската влада, како и во украинското воено раководство, не сака да преземе одговорност за масовната мобилизација, посочува весникот.
Прашањето за пополнување на редовите на вооружените сили на Украина е, како што наведува весникот, еден од многуте проблеми со кои се соочува режимот во Киев, а во последните неколку месеци станува се поактуелен. Украинската армија трпи големи загуби, а напорите за обнова на силите на линијата на фронтот се отежнати.
Дури и војниците на фронтот го свртуваат вниманието на фактот дека бројот на нови војници, како и нивниот квалитет, се позначајно се намалува, заклучува авторот на написот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп до Путин: Наместо да тестираш ракети, заврши ја војната во Украина
Американскиот претседател Доналд Трамп остро реагираше на веста дека Русија успешно ја тестирала новата крстосувачка ракета на нуклеарен погон „Буревестник“, пренесе „Еуроњуз“.
„Тој (Путин) треба да го заврши војната. Војната што требаше да трае една недела сега влегува во својата четврта година. Тоа треба да го направи, наместо да тестира ракети,“ изјави Трамп од претседателскиот авион „Ер форс уан“.
Руското Министерство за одбрана претходно објави дека тестирањето било успешно и дека ракетата, според шефот на Генералштабот Валериј Герасимов, прелетала 14.000 километри за 15 часа.
Трамп го нарече тестот „непримерен“ и предупреди дека Москва е свесна за американската нуклеарна подморница која е многу блиску до нивниот брег.
Според анализата на експертот Џон Харди од Фондацијата за одбрана на демократиите, ракетата „Буревестник“ со нуклеарен погон би можела да има „практично неограничен дострел“, но ја оцени како „непотребен трошок“ што ја оптоварува руската војска.
„Ројтерс“ потсетува дека клучниот договор за ограничување на нуклеарното вооружување — „Нов СТАРТ“ — истекува на 4 февруари 2026 година, што дополнително ги зголемува тензиите меѓу Москва и Вашингтон.
Регион
Двајца Хрвати и еден Србин со „бмв“ бегаа од полицијата во Германија и загинаа во несреќа
По тешката сообраќајна несреќа со три смртни случаи во близина на Брауншвајг, идентификувана е третата жртва.
Полицијата претпоставува дека станува збор за возачот на автомобилот кој во саботата, бегајќи од полицијата, паднал од мостот во каналот Мителанд. Сите тројца мртви од автомобилот сега се идентификувани, пишува РТЛ.де, пренесе Индекс.
Сè започна во сабота напладне кога возачот на БМВ со регистарски таблички од Минхен на автопатот А2 го игнорираше полицискиот знак за стоп и избега со голема брзина. Полициските патроли набрзо го изгубија возилото од вид, но десет минути подоцна добија неколку итни повици за сериозна несреќа.
Според првата реконструкција на настанот, истражителите веруваат дека бегалецот возел пребрзо по тесниот федерален пат Б4, престигнувајќи неколку автомобили од десната страна. Потоа возилото удрило во заштитна ограда, отскокнало во спротивна насока и се судрило челно со автомобил што доаѓал од спротивната страна. Поради силата на ударот, БМВ-то во бегство ја пробило оградата на мостот и паднало во Средногерманскиот канал.
Полицијата денес го потврди идентитетот на третата жртва.
„Се работи за 34-годишен државјанин на Србија“, изјави портпаролот на полицијата. Се верува дека тој го управувал возилото. Неговите сопатници, чиј идентитет беше утврден претходно, биле 25-годишен и 31-годишен од Хрватска.
Во второто возило биле 47-годишна жена и 53-годишен маж од Хамбург. Жената е тешко повредена, но нејзиниот живот е надвор од опасност, додека мажот е префрлен со хеликоптер во болница и неговата состојба е сè уште критична.
Автомобилот што ја предизвика несреќата беше извлечен од каналот во текот на викендот и запленет за судско вештачење. Понатамошниот тек на истрагата ќе зависи од наодите на вештакот, а случајот веројатно ќе биде предаден на канцеларијата на државниот обвинител, кој ќе одлучи за обдукција. Точниот тек на несреќата, како и причината зошто возачот бегал од полицијата, засега не се познати.
Свет
Путин со министерката за надворешни работи на Северна Кореја: Се оди според планот
Рускиот претседател Владимир Путин денес се сретна со севернокорејската министерка за надворешни работи Чо Сон Хуи.
„Големо ми е задоволство да ве видам. Ве молам, пренесете ги моите најдобри желби до претседателот Ким Џонг-ун“, рече Путин, како што објави агенцијата РИА.
За време на средбата, Путин потсети дека неодамна се сретнал со Ким за време на неговата посета на Пекинг.
„Во Пекинг детално разговаравме за нашите односи и нашите развојни перспективи. Сè оди според планот, на најдобар можен начин“, рече Путин.
Претходно, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, исто така, разговараше со Чо и нагласи дека односите меѓу двете земји добија силен поттик во последните месеци.
Фото: принтскрин

