Свет
Во Хараре прогласена вонредна состојба поради колера: лекарите се обидуваат да лекуваат голем број пациенти

Зимбабве прогласи вонредна состојба во главниот град Хараре поради епидемија на колера.
За време на епидемијата досега починаа десетици луѓе, а повеќе од 7.000 се разболеле, јавува Би-би-си.
Градските власти велат дека избувнувањето, што се прошири во градот, ги потсетило луѓето на епидемијата од 2008 година, во која загинаа 4.000 луѓе, а најмалку 100.000 се разболеа.
„Прогласивме вонредна состојба поради колера“, изјави градоначалникот Јан Маконе, пренесоа локалните медиуми.
Надлежните бараат помош за да се спречи ширењето на епидемијата и да се обезбеди безбедна вода наведувајќи дека помошта што ја добиваат е несоодветна.
Здравствените власти се обидуваат да лекуваат голем број пациенти, соопшти Меѓународната федерација на Црвениот крст (IFRC).
МФРЦ вели дека нема доволно здравствени работници да се грижат за пациентите или резерви за да се запре преносот на болеста.
Во последните месеци Зимбабве се бори со епидемија на колера поради недостиг на пристап до чиста вода.
Епицентарот на последната епидемија е густо населеното предградие Хараре – Куваџана, каде што се регистрирани речиси половина од пријавените случаи, соопштија властите на Зимбабве.
Колерата е акутна инфекција на тенкото црево предизвикана од консумирање храна или вода контаминирана со бактеријата Vibrio cholerae.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Израел денеска ги врати телата на 15 Палестинци во Газа

Израел денеска ги врати телата на 15 Палестинци во Газа, со што вкупниот број на вратени лица се искачи на 135, соопшти денеска Министерството за здравство на Појасот управуван од Хамас.
Според договорот за прекин на огнот постигнат со посредство на американскиот претседател Доналд Трамп, Израел требаше да ги врати телата на 15 Палестинци за секој вратен починат израелски заложник, објави „Тајмс оф Израел“.
Претходно денеска, канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека Хамас мора да го почитува договорот и да ги врати останките од преостанатите 18 убиени заложници кои сè уште се наоѓаат во Појасот Газа.
Израелската војска (ИДФ) претходно го информираше семејството на убиениот Елијаху Маргалит дека Хамас го вратил неговото тело во Израел синоќа.
ИДФ соопшти дека, според разузнавачките информации, Елијаху (75) бил убиен на 7 октомври 2023 година, а неговото тело подоцна било однесено во Појасот Газа од кибуцот Нир Оз.
Смртта на Елијаху Маргалит беше потврдена од израелската војска во декември 2023 година.
Свет
Милиони Американци би можеле да останат без купони за храна

Околу 42 милиони Американци би можеле да останат без купони за храна во ноември поради тековниот прекин на работата на федералната влада, предупреди министерката за земјоделство Брук Ролинс.
Програмата за дополнителна помош во исхраната (SNAP), позната и како купони за храна, е дел од клучната национална мрежа за безбедност на храната и обезбедува просечен месечен надомест од 188 долари по лице, пишува Си-Ен-Ен.
Ролинс рече дека средствата за програмата ќе бидат исцрпени во рок од две недели и ги обвини демократите за блокадата на финансирањето.
Свет
Десетици илјади евакуирани на Филипините, се приближува ураган

Десетици илјади луѓе на Филипините се евакуирани денеска од своите домови на брегот на Пацификот поради опасност од поплави во момент кога тропската бура „Феншен“ го зафати регионот, јавија светските агенции.
Бурата попладнево со брзина на ветрот до 80 км на час ја погоди општина Губат, на југоисточниот врв на главниот остров Лузон, соопшти државната метеоролошка служба.
Откако жителите беа евакуирани од крајбрежните и другите ризични области, локалните власти соопштија дека нема извештаи за сериозни штети или жртви.
„Имаше обилни дождови и силни налети на ветер, иако не толку силни“, изјави Рајан Естреладо, спасувач во Губат.
Ураганот вечер треба да помине во близина на островот Катандуанес, кој има население од 270.000 жители, со брзина на ветер до 90 км/ч. Се очекува „Феншен“ да се засили пред да стигне до копното по втор пат во централен Лузон, соопшти националната метеоролошка служба.