Свет
Во Хонгконг запрена употребата на вакцината од „Фајзер“ поради грешка во пакувањето

Властите во Хонгконг престанаа да ја користат вакцината на „Фајзер“ против коронарнавирус, а како причина наведоа дека има грешка во пакувањето.
Вакцинацијата во Хонгконг се одвива бавно, поради недовербата на граѓаните во кинеската вакцина „синовак“, известуваат тамошните медиуми.
Вакцината од „Фајзер“ нема да се користи додека не се спроведе истрага, пренесува „Ројтерс“.
Хонгконг почна со вакцинација со „синовак“ во февруари, а овој месец беше понудена и вакцината на „Фајзер“.
Според податоците на владата, минатата недела двојно повеќе луѓе изразиле желба да примаат вакцина од „Фајзер“ отколку од „Синовак“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Израел: САД не’ контактираа за преговорите со Хамас

Израелските власти потврдија дека САД ги консултирале во врска со директниот контакт меѓу специјалниот американски пратеник за заложничката ситуација во Газа, Адам Болер, и палестинското исламистичко движење Хамас, кое Вашингтон го смета за терористичка организација.
„Во консултации со САД, Израел го изрази својот став за директни разговори со Хамас“, соопшти кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во кусото соопштение, откако Белата куќа ги потврди директните тајни контакти со Хамас.
Ројтерс претходно објави, повикувајќи се на добро информиран извор, дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп води тајни разговори со Хамас за можноста за ослободување на американските заложници во Газа.
Соединетите Држави до неодамна избегнуваа директни преговори со милитантната група.
Американскиот Стејт департмент го прогласи Хамас како странска терористичка организација во 1997 година.
Свет
(Видео) Новинар ја праша портпаролката на Белата куќа каков е кодексот на облекување во Овалната соба

За време на денешната прес-конференција, новинар ја праша портпаролката на Белата куќа, Каролина Левит, дали американскиот претседател Доналд Трамп инсистира на конкретен кодекс на облекување.
Претходно, украинскиот претседател, Володимир Зеленски, дојде на минатонеделниот состанок на Овалната соба облечен во црна маица во воен стил со украинскиот грб, кој го носи од почетокот на руската инвазија во 2022 година.
Reporter asks about President Zelensky not wearing a suit in the Oval Office: “Elon Musk never wears a suit in there. What is the dress code?”
.@PressSec Karoline Leavitt: “He wore a suit last night…I think the president liked it very much.” pic.twitter.com/aCnZAugPSC
— CSPAN (@cspan) March 5, 2025
„Некои официјални лица тука беа лути што Зеленски се појави без одело на состанок во Овалната канцеларија минатата недела, но Илон Маск никогаш не носи костум. Па кој е кодексот на облекување?“ ја праша новинарот портпаролката на Белата куќа.
Таа одговори дека Маск носел костум за време на синоќешното обраќање на Трамп во Конгресот.
„И мислам дека на претседателот навистина му се допадна тоа“, рече таа.
Инаку, Маск при неодамнешната посета на Овалната соба носеше фармерки и маица под јакната.
Свет
Министерот на Лесото навреден од Трамп поради коментарот дека никој никогаш не слушнал оти постојат

Министерот за надворешни работи на Лесото, Лејон Мпотјоан денеска изјави дека е шокиран и навреден од изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека никој никогаш не слушнал за оваа африканска земја и го покани да дојде во посета.
Мпотјоан изјави за Ројтерс дека забелешката на Трамп е „прилично навредлива“.
„Навистина сум шокиран што мојата земја може да биде спомната на овој начин од шеф на држава“, рече министерот за надворешни работи на Лесото.
Според него, Лесото е значајна земја во светот.
Мпотјоан рече дека некои граѓански организации финансирани од САД обезбедуваат поддршка за ЛГБТК заедницата во Лесото, и дека Вашингтон, исто така, обезбедува значително финансирање на здравствениот и земјоделскиот сектор во земјата.
Трамп го спомна Лесото во обраќањето пред американскиот Конгрес во вторникот вечерта, додека ги наведе непотребните трошоци во странство што ги елиминирал.
Трамп рече дека САД одвоиле осум милиони долари за промовирање на ЛГБТК заедницата во Лесото, африканска земја „за која никој никогаш не слушнал“.
Неговата забелешка предизвика смеа кај конгресмените.
Лесото е планинска земја со околу два милиони жители и е опкружена со Јужна Африка.
Трамп нареди запирање на американската странска помош во согласност со буџетските кратења и нејзиното усогласување со мотото „Америка на прво место“.