Контакт

Вести

Во Чиле три жртви и 19 исчезнати по невремето

Објавено пред

Поплавите и излевањата на реките во централните делови од Чиле однесоа три живота и најмалку 19 луѓе се водат како исчезнати, соопшти во понеделникот вечерта националната служба за вонредни состојби.

dobivaj vesti na viber

 

Претходно во неделата беше објавено за четири жртви во областа на Сантјаго де Чиле, каде што според гувернерот на престолнината повеќе од 1,4 милиони домаќинства останаа без вода за пиење поради силните дождови во централниот дел од земјата од каде што градот се снабдува со вода.

Не е познато дали станува за нови жртви или ажурирани податоци на властите.

Според соопштението на службата за справување со вонредни состојби, две лица загинале во близината на главниот град Сантијаго. Уште една жртва е 12-годишно девојче коешто го загубило животот кога порој го однел автомобилот во којшто била со своето семејство.

Снабдувањето со вода се очекува да биде обновено веќе ноќта кон вторникот, според истиот извор.

Врнежите започнаа во саботата и предизвикаа одрони на земјиште во реката Маипо, која го снабдува со вода голем дел од Сантјаго, град со околу 6,5 милиони жители. Недостигот од вода погоди повеќе од 60 отсто од населението на главниот град.

„Околу милион и 450 илјади домаќинства се погодени од недостигот од вода за пиење…, вода нема целосно или делумно во 30 градски населби“, изјави на прес-конференција во неделата гувернерот на Сантјаго, Клаудио Орего.

Поради одроните на земја и високите водостои на реките околу 3.300 луѓе се отсечен од светот, главно во централните региони на Чиле./крај/мф/сн

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион2 часа

(Видео) Судири меѓу полицијата и демонстрантите во Бугарија, десничарите против воведувањето на еврото

Приврзаниците на крајната десница денеска се судрија со полицијата за време на протестот за поддршка на бугарската валута лев и...

Топ3 часа

Нападната и силувана девојка од Скопје, уапсен 37-годишник

Денеска во 01.20 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода 37-годишниот Б.Б. од Скопје, постапувајќи...

Топ3 часа

Додека управувал возило му се слошило и починал: автомобилот излетал од патот во Радовиш, удрил во столб па во паркиран „форд“

Вчера во 10.52 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на улицата „8 Септември“ во Радовиш, додека управувал патничко...

Топ7 часа

(Фото) Претрес во Тетово, пронајдена дрога, уапсен дилер

Вчера во 16.55 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода 37-годишниот М.М. од Тетово. При...

Македонија8 часа

(Видео) „Скандалозната одлука на Таравари за КАРИЛ: Загрозени животи и распад на здравствениот систем“, вели Цветаноски

„Здравството е во тотален хаос, ништо не функционира, нема лекови, нема соодветни услуги, не работат важни центри. Со последната скандалозна...

Свет9 часа

Хамас го предаде телото на Шири Бибас, пред два дена предале погрешно тело

Од кибуцот Нир Оз денеска беше потврдено дека телото на жената предадено од палестинската екстремистичка група Хамас во Појасот Газа...

Свет9 часа

„Њујорк Пост“ до Трамп: Ова е диктатор

На насловната страница на вчерашното издание на „Њујорк пост“ беше објавена фотографија од рускиот претседател Владимир Путин со натпис: „ОВА...

Македонија9 часа

(Видео) Мицкоски од Вашингтон: Македонија е верен сојузник на САД, направивме многу отстапки, Европа треба да биде принципиелна наместо со двојни стандарди

Премиерот Христијан Мицкоски вчера се обрати на конференцијата „CPAC“ во Вашингтон, при што ја искористи приликата да ја запознае американската...

Македонија10 часа

Со секира го искршиле стаклото од кафулето, па со бензин го запалиле: обвинение против тројца за намерно предизвикување пожар во Кисела Вода

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против вкупно три лица кои се...

Свет1 ден

(Видео) „Децата биле брутално убиени со голи раце“: Израел го обвини Хамас за убиство на двете киднапирани момчиња

Ариел и Кфир Бибас, две израелски момчиња киднапирани од Хамас за време на терористички напад на 7 октомври 2023 година,...

Свет1 ден

Трамп: Зеленски не е доволно важен за да биде на преговорите

Американскиот претседател ја продолжи вербалната војна против својот украински колега. Овој пат Доналд Трамп изјави дека Зеленски не е доволно...

Македонија1 ден

Нема потреба од промена на химната, симболите треба да обединуваат, а не да разединуваат, порача Сиљановска-Давкова

Нема потреба од промена на химната, одговори денеска претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, која појасни дека треба да се биде...

Македонија1 ден

Вработените во Филхармонијата со порака до Љутков: „Нема да дозволиме институцијата да биде жртва на бесрамни политички договори

Вработените во Македонската филхармонија денеска на протест преку кој упатија јавен апел до министерот за култура и туризам, Зоран Љутков...

Македонија1 ден

Полициски возила ќе ги снимаат погрешно паркираните за автоматско казнување

Покрај камерите на улиците во рамките на „Безбеден град“, кои ќе ги ловат прекршоците во сообраќајот, полицајци со возило опремено...

Свет1 ден

„Ројтерс“: Американците и Русите се состанувале во Швајцарија со месеци на разговори за Украина

Претставници на САД и Русија се состанале во Швајцарија на неформални разговори за војната во Украина во последните месеци, од...

Македонија1 ден

Левицата на средба со рускиот амбасадор: „Односите ни се на минимум поради водење политика за туѓи интереси“

Во репрезентативната „Струшка сала“ на Собранието, пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Реџеп Исмаил – Хактан, вчера, остварија средба со...

Македонија1 ден

Мицкоски од Вашингтон: Прво, завршени преговори, па уставни измени, претрпевме многу понижувања

Ние како нација направивме сè што можевме, претрпевме многу понижувања и прифативме многу лоши договори поради нашата европска перспектива и...

Свет1 ден

Шефот на диломатијата на Трамп: Нема средба меѓу Путин и Трамп без напредок за крај на војната

Можниот состанок меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин во голема мера ќе зависи од тоа дали...

Македонија1 ден

Меџити најавува масовни вработувања во администрацијата: Ќе создадеме илјадници работни места за Албанците

Првиот вицепремиер и претседател на Демократското движење, Изет Меџити, ветува дека Албанците ќе се вработуваат во државната и јавната администрација....

Свет1 ден

Tрамп му понуди на Зеленски нов договор за минералите

Администрацијата на Трамп и понуди на Украина подобрена верзија од нацрт-договорот за минералите, откако претседателот Володимир Зеленски го налути американскиот...