Свет
Во Шангај 1,3 милиони луѓе се тестираат за Ковид-19
Кинескиот град Шангај денеска нареди масовно тестирање за Ковид на 1,3 милиони жители на општината Јангпу и тие ќе останат во „локдаун“ додека не се знаат резултатите од тестот.
Спроведени се строги мерки низ целата земја, од Шангај на исток до Тибет на запад, каде се одржаа протести против локдаунот, објави „Ројтерс“.
Телефонско видео од тибетскиот регион покажува толпа луѓе, и Тибетанци и мигранти Хан, кои маршираат низ улиците на градот Ласа во знак на протест против 74-дневното заклучување.
Според британската новинска агенција, во средата вечерта беше објавено видео од протестот, но немаше траги на насилство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зохран Мамдани не смее да се кандидира за претседател на САД
Демократскиот социјалист Зохран Мамдани победи на изборите за градоначалник во Њујорк во ноќта на локалните избори на кои американскиот претседател Доналд Трамп претрпе неколку неуспеси, испраќајќи му порака една година пред изборите за Конгресот.
Новиот градоначалник, 34-годишник, жесток противник на американскиот претседател, лесно го победи својот главен ривал, поранешниот гувернер на државата Њујорк, Ендру Куомо, исто така демократ, но центрист, според неколку медиумски извештаи.
Зохран Мамдани ќе стане првиот муслимански градоначалник на најголемиот град во Соединетите Американски Држави на 1 јануари следната година.
Роден во Уганда
Интересно е што Мамдани не смее да се кандидира за претседател на Соединетите Американски Држави бидејќи станал натурализиран државјанин на САД во 2018 година. Тој не бил државјанин на САД по раѓањето, што е потребно според сегашниот закон за некој да стане претседател.
Се преселил во Соединетите Американски Држави кога имал седум години. Роден е во Уганда во 1991 година од индиски родители, од кои ниту еден не бил државјанин на САД во тоа време.
Постојат три клучни услови за кандидирање за претседател на САД: Лицето мора да биде родено како државјанин на САД, што значи дека не може да биде натурализирано, мора да има најмалку 35 години и мора да живеело во САД континуирано најмалку 14 години. Не мора да бидат последните 14 години, туку вкупно.
фото: принтскрин
Свет
Израелски министер: Мамдани е поддржувач на Хамас, ова е срамота
Социјалистот Зохран Мамдани победи на изборите за градоначалник на Њујорк на локалните избори.
Израелската влада официјално не го коментираше неговиот избор, но веста предизвика жестоки реакции од десничарските политичари и повици Евреите од Њујорк да се преселат во Израел.
Министерот за национална безбедност Итамар Бен Гвир рече дека изборот на Мамдани е „срам што ќе се памети засекогаш“, нарекувајќи го новиот градоначалник „поддржувач на Хамас, отворен антисемит и непријател на Израел“.
Поранешниот израелски амбасадор во ОН и САД, Гилад Ердан, напиша на X дека „противник на Израел, кој нè гледа како геноцидна држава на апартхејдот, сега го води најважниот град во светот, дом на најголемата еврејска заедница надвор од Израел“.
Тој додаде дека тоа е „темен ден“ за секој што ја разбира „важноста на сојузот со Соединетите Американски Држави“.
Поранешниот министер за одбрана и надворешни работи, Авигдор Либерман, напиша на X: „Големото јаболко падна“, нарекувајќи го Мамдани „лицето на тивкиот џихад“. Тој ги повика Евреите од Њујорк „кои го ценат животот“ да се преселат „таму каде што припаѓаат – во Земјата Израел“.
Фото:ЕПА
Свет
(Видео) Зохран Мамдани, новиот градоначалник на Њујорк, прослави со боливудски хит
Прославата на победата на Зохраб Мамдани на изборите за градоначалник на Њујорк имаше неочекуван саундтрак – популарната боливудска песна „Дум Мачале“ одекнуваше низ салата додека новиот градоначалник го славеше историскиот момент, објавува „Хиндустан тајмс“.
На 34-годишна возраст, Мамдани влезе во историјата станувајќи не само првиот муслимански градоначалник на Њујорк, туку и најмладата личност избрана на функцијата во последните сто години.
Mamdani ended his speech with Dhoom Machale 😭😫 pic.twitter.com/21TBjSbk26
— L (@rebrandthisshi) November 5, 2025
Демократскиот социјалист победи со прогресивна програма, поразувајќи го поранешниот гувернер Ендру Куомо и републиканецот Кертис Слива.
фото: принтскрин

