Свет
Во Швајцарија прв смртен случај од коронавирусот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2020/02/negativen-test-koronavirus.jpg)
Во Швајцарија е забележан првиот смртен случај од коронавирусот, соопштија властите.
Се работи за 74-годишна жена, која била хоспитализирана во кантонот Вауд, пренесе „Ројтерс“. Таа била високоризичен пациент и боледувала од хронични болести.
Претходно, во Калифорнија беше прогласена вонредна состојба поради новиот вирус. Во оваа амерканска држава вчера беше регистриран првиот смртен случај во САД надвор од Вашингтон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
(Видео) Речиси 5.800 луѓе се евакуирани поради пукањето на брана на езеро во Кина
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-06-091114.jpg)
Во централната кинеска провинција Хунан поради пукањето на браната на езерото Донгтинг и опасноста од поплави се евакуирани околу 5.800 луѓе. Браната пукна синоќа за време на итна санација и зајакнување на еден од нејзините делници, оштетен по обилните врнежи во областа во последните денови, пренесува кинескиот информативен канал CGTN.
Водата зафати површина од околу 50 квадратни километри, а според извештајот на локалните власти засега нема жртви. На местото на настанот се испратени камиони со песок за што поскоро да се затвори местото каде што пукна браната.
Rescuers, including firefighters and armed police, are closely monitoring the situation at the scene of a dike breach on Dongting Lake in central China's Hunan Province, which occurred at 17:48 on Friday, local authorities have said. https://t.co/mBjM5te10I pic.twitter.com/eBCcLW5rGb
— CCTV+ (@CCTV_Plus) July 6, 2024
За сместување на евакуираните граѓани беа поставени околу 1.000 шатори опремени со кревети и душеци на преклопување. Езерото Донгтинг е второто по големина слатководно езеро во Кина. Од 16 јуни кинеската провинција Хунан е погодена од најобилните врнежи оваа година, а некои региони соборија рекорди по количина на врнежи. Сличен инцидент со пробивањето на браната на ова езеро се случи и во 1996 година, пренесува Танјуг.
Регион
Фицо за првпат се појави во јавноста откако беше ранет
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-06-085942.jpg)
Словачкиот премиер Роберт Фицо се појави во јавноста за првпат откако беше ранет во мај годинава.
Фицо, кој се опоравува откако беше застрелан четири пати во средината на мај, зборуваше синоќа на церемонијата по повод Денот на Свети Кирил и Методиј, национален празник во Словачка, пренесува Ројтерс.
Атентатот на Фицo беше извршен на 15 мај, а напаѓачот Јурај Цинтула (71) подоцна на сослушување рече дека мотивот е несогласување со политиката на премиерот и дека не сакал да го убие, туку само да „му наштети на здравјето“, пренесува Танјуг.
Свет
Бајден: Само Господ може да ме исфрли од претседателската трка
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-06-085605.jpg)
Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека никој од него не е поквалификуван да се кандидира на претстојните избори и дека само „Бог“ може да го отстрани од претседателската трка.
„Мислам дека нема некој поквалификуван од мене и ќе се откажам само ако Господ Бог зборува со мене и ми каже да го сторам тоа“, рече Бајден во интервју за ABC, пренесува Танјуг.
Бајден го нарече својот настап на дебатата на 27 јуни со републиканскиот кандидат Доналд Трамп „лоша епизода“, пренесува Ројтерс.
„Нема индикации за некоја сериозна состојба. Бев исцрпен“, изјави Бајден.
Домаќинот Џорџ Стефанопулос инсистираше Бајден да каже што би направил доколку неговата кандидатура ги чини демократите Претставничкиот дом и Сенатот, на што Бајден рече дека нема да одговори на тоа прашање и дека тоа нема да се случи.
На прашањето зошто шесте дена што ги помина во претседателската резиденција Кемп Дејвид не беа доволни за да се подготви за дебатата, Бајден одговори дека причината е тоа што е болен.
„Се чувствував ужасно. Ги прашав (докторите) дали ме тестираа за коронавирус, бидејќи се обидуваа да откријат што не е во ред. Ми направија тест дали имам инфекција. „Имав голема настинка“, рече Бајден.
Тој додаде дека е свесен за неговиот лош настап во дебатата.
„За целиот начин на кој се подготвував, никој не е виновен освен јас. Никој не е виновен освен моја“, рече Бајден и додаде дека и покрај се, „тој се уште е во добра форма“.
На прашањето дали би бил подготвен да направи независна когнитивна проценка и потоа да ги објави резултатите во јавноста, Бајден одговори дека секој ден прави таков тест.
„Имам тестови секој ден. Сè што правам… Не водам само кампања, туку го водам светот. „Звучи како хипербола, но ние (САД) сме суштинската нација во светот“, рече Бајден.