Свет
Во Јапонија умрела жена по примањето на вакцината на „Фајзер“, причината за смртта и натаму непозната
Јапонското Министерство за здравство објави дека една жена починала во 60-тата година од животот по примањето на вакцината против коронавирусот од „Фајзер“, а причината за нејзината смрт сè уште не е утврдена.
Жената починала од крвавење во мозокот три дена по приемот на вакцината, соопшти Министерството, додавајќи дека е можно двата настана да не се поврзани.
Таа се вакцинирала во петокот, а сомнежите се дека добила крвавење во мозокот три дена подоцна. Станува збор за првата смрт во Јапонија пријавена по вакцинација.
„Крвавењето во мозокот, за кое постои сомневање дека е причина за смртта, не е толку ретко кај луѓето на возраст меѓу 40 и 60 години. Овој пат, врз основа на примери од странство, се чини дека нема поврзаност помеѓу крвавењето во мозокот и вакцините против коронавирусот“, рекол Томохиро Морија, доктор кој е ангажиран и како стручен советник на владата.
„Можеби е случајност, треба да се соберат повеќе информации за работните групи да ја проценат ситуацијата“, велат здравствените власти.
Претставниците на „Фајзер“ во Јапонија не биле достапни за коментар. „Фајзер“ во ноември минатата година соопшти дека вакцината е ефикасна кај сите возрасни и етнички групи и дека нема поголеми несакани ефекти, што е знак дека имунизацијата може да се спроведува во светот.
Здравствените власти насекаде во светот го пофалија брзиот развој на безбедна и ефикасна вакцина, но ги предупредија луѓето со хронични здравствени проблеми првин да се консултираат со лекар пред да се решат за имунизација.
Јапонија, како членка на Г7 индустриски најразвиени земји во светот, ја почна својата програма за вакцинација на 17 февруари.
Досега има добиено три пратки вакцини од „Фајзер“/„Бионтек“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Земјотрес со јачина од 5,7 степени ја погоди Јапонија
Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди префектурата Кумамото во југозападна Јапонија.
Јапонската метеоролошка агенција објави дека не е издадено предупредување за цунами, објави Кјодо.
Земјотресот се случил кратко по 18 часот во областа Асо во Кумамото на длабочина од околу 10 километри, според податоците од Јапонската метеоролошка агенција.
Свет
Москва: Велика Британија подготвува напад врз Трамп поради Украина
Британските власти би можеле да се обидат да го поткопаат мирниот пристап на американскиот претседател Доналд Трамп кон решавањето на конфликтот во Украина, дискредитирајќи го преку стари обвинувања за наводни врски со советските и руските разузнавачки структури. Ова го тврди Руската служба за надворешно разузнавање (СВР), повикувајќи се на свои извори, пишуваат медиумите во регионот.
Според овие информации, Лондон е загрижен дека иницијативите на Вашингтон насочени кон мирно решение би можеле да ги загрозат британските интереси во продолжувањето на украинскиот конфликт. СВР наведува дека британското раководство смета на продолжување на војната, бидејќи „приходите што доаѓаат преку воена и политичка поддршка на Украина ја спасуваат британската економија од банкрот“.
СВР тврди дека во Лондон е подготвена „безбедносна мрежа“ во случај напорите на Трамп да добијат значителен меѓународен импулс. Според овие изјави, британските служби размислуваат за оживување на контроверзните и долго спорни „досиеја“ на поранешниот разузнавач Кристофер Стил, во кои Трамп и членовите на неговото семејство се обвинети за врски со советските и руските разузнавачки агенции.
Овие материјали, кои предизвикаа политички превирања за време на претходните изборни циклуси во САД, би можеле повторно да бидат објавени во јавноста со цел да се поткопа кредибилитетот на американскиот претседател во време кога неговата администрација работи на нов мировен план, пренесуваат медиумите.
Службата за надворешно разузнавање додаде во својата проценка дека британските власти не сакаат брз крај на конфликтот во Украина, бидејќи „финансиските текови поврзани со воената економија ги држат над работ на економски колапс“.
Иако немаше официјална реакција од Лондон на овие тврдења, аналитичарите потсетуваат дека односите меѓу Трамп и британскиот безбедносен естаблишмент беа полни со тензии за време на неговиот претходен мандат, особено во светлината на аферата со „Досиеето челик“.
Меѓународната јавност останува отворено прашање дали политичките конфликти во рамките на западниот блок ќе се прелеат во процесот на креирање мировен план за Украина, во време кога конфликтот влегува во една од најчувствителните фази, според написите.
Фото: принтскрин
Европа
(Видео) Потресни снимки од Киев: луѓе врзувале ќебиња за да избегаат од запален стан
Шокантно видео кружи на социјалните мрежи утрово по синоќешниот насилен руски напад врз Киев, главниот град на Украина. Најмалку шест лица беа убиени, а 14 беа повредени во нападот извршен со дронови и ракети.
Иако беа соборени голем број руски дронови и ракети, две станбени згради во Киев беа погодени, што предизвика пожар.
People of Kyiv improvised "ropes" out of blankets and sheets as they tried to escape from a burning apartment building hit by a Russian attack last night. https://t.co/cbInLgvY8l pic.twitter.com/WsfLuHSAQ2
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) November 25, 2025
Поранешен советник на украинското Министерство за украински работи објави видео на Икс за кое тврди дека покажува импровизирано „јаже“ од ќебиња и чаршафи спуштено низ прозорец од страна на жителите на Киев во обид да избегаат од една од погодените згради, која се запали по рускиот напад.

