Контакт

Свет

Во Јужна Австралија заразените ќе се следат со апликација, на службите ќе треба да им праќаат фотографии како доказ

Објавено пред

Владата во Австралија тестира нова апликација што ќе користи технологија за препознавање лица и геолокација за да се осигури дека заразените од коронавирус ги почитуваат правилата за карантин.

dobivaj vesti na viber

Според локалните медиуми, апликацијата наречена Home Quarantine SA ќе се користи во Јужна Австралија, една од австралиските сојузни држави, за да се следат оние што биле ставени во карантин поради инфекција со коронавирус.

Сите жители на Јужна Австралија на кои им е пропишан карантин ќе треба да ја преземат апликацијата на својот мобилен телефон. Државата потоа, во случајно избрано време, ќе испрати текстуална порака и лицето ќе треба да докаже дека е на локацијата каде што треба да биде во изолација.

Конкретно, граѓаните во карантин ќе добијат порака од државата, која бара со властите да ја споделат својата локација преку апликацијата, но и да се фотографираат на адресата што ја пријавиле како локација на изолација во рок од 15 минути по добивањето на пораката.

Премиерот на Јужна Австралија, Стивен Маршал, за Еј-би-си изјави дека луѓето во карантин нема да знаат кога и колку често ќе примаат вакви пораки додавајќи дека ќе ги примаат во случајно избрани термини.

Луѓето што нема да одговараат на пораката со фотографија набргу ќе добијат телефонски повик, односно ќе бидат запрашани зошто не одговориле, а доколку не одговорат на повикот, на нивна адреса ќе биде испратена полиција.

Пробната употреба на апликацијата почна на 23 август со 50 учесници, но премиерот Маршал потврди дека се планира воведување во цела Јужна Австралија.

Американски „Атлантик“ водедувањето на ваквата апликација го опиша како „орвелско ниво на контрола“.

Европа

(Видео) Нова снимка од моментот кога дрон погоди база на Кипар

Објавено пред

Беспилотно летало стигна до британската воздухопловна база на островот Кипар, изјави на брифинг портпаролот на владата Константинос Летимбиотис.

dobivaj vesti na viber

Нема жртви, а пријавени се само „мали штети“.

Видеото го прикажува моментот на нападот.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Украински дронови погодија клучно руско пристаниште, гори нафтен терминал

Објавено пред

Експлозии го потресоа руското црноморско пристаниште Новоросијск во текот на ноќта, а снимките што ги споделија локалните жители покажуваат голем пожар на пристанишниот терминал. Градоначалникот Андреј Кравченко потврди напад со украински дрон и оштетување на неколку згради.

dobivaj vesti na viber

Новоросијск е клучно руско пристаниште за извоз на нафта и дом на поголемиот дел од руската Црноморска флота, која беше преместена таму откако украинските напади ги направија поморските бази во окупираниот Крим небезбедни.

Независниот руски медиум Астра, повикувајќи се на локални извори, објави пожар на нафтен терминал во Новоросијск. „Нафтен терминал во Новоросијск се запали, веројатно како резултат на напад со дрон“, соопшти Астра. Една од снимките што ги сподели Астра ги покажува жителите како трчаат за да се засолнат додека експлозиите одекнуваат низ градот.

Прикажи повеќе...

Свет

Саудиските медиуми: Израел го уби лидерот на Хезболах

Објавено пред

Мохамед Раад, лидерот на парламентарното крило на Хезболах, наводно бил убиен во напад на израелските одбранбени сили (ИДФ) врз цели во Либан, објавија утрово телевизиските станици „Ал-Арабија“ и „Ал-Хадат“, во саудиска сопственост.

dobivaj vesti na viber

Либанскиот претседател Џозеф Аун изјави дека ракетниот напад врз Израел им штети на напорите Либан да се држи подалеку од регионален конфликт, а дописниците на „Ал-Арабија“ објавија дека сите училишта и образовни институции во Либан се затворени по наредба на Министерството за образование.

Израел соопшти дека нападите биле одмазда за тоа што Хезболах испалил неколку ракети во северен Израел преку ноќ.

ИДФ соопшти дека погодиле неколку високи членови на Хезболах во Бејрут и „клучен терорист на Хезболах“ во јужен Либан, но не ги потврдија имињата.

Командантот на Северната команда на Израелските одбранбени сили, генерал-мајор Рафи Мило, ги коментираше нападите: „Хезболах го избра иранскиот режим пред либанската држава и започна напад врз нашите цивили. Бевме подготвени – и тие ќе платат скапо.“

„Веднаш по ракетирањето на Хезболах, во согласност со планот, го започнавме првиот голем бран напади врз Бејрут и јужен Либан, насочени кон високи оперативци, командни центри и терористичка инфраструктура. Исто така, работиме на евакуација на цивили од јужен Либан пред понатамошни напади“, рече генерал-мајор Мило.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет51 минута

(Видео) Нови ирански напади: експлозии и сирени во Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби

Иран денес започна голем ракетен и беспилотен напад врз неколку градови во Заливот, вклучувајќи ги Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби...

Свет59 минути

(Видео) Војна меѓу Израел и Хезболах: Бејрут гори, луѓето масовно бегаат, се појавија снимки

Израел утрово изврши тешки воздушни напади врз јужните предградија на Бејрут, кои се контролирани од Хезболах, откако групата поддржана од...

Свет2 часа

(Видео) Иран објави снимка од тунел полн со дронови

Иран објави пропагандно видео за кое тврди дека прикажува подземни тунели на Револуционерната гарда полни со дронови и друго оружје...

Свет2 часа

(Видео) САД: Нападите продолжуваат

Централната команда на САД објави кратко видео за Икс со снимки од „Операцијата Епски гнев“. U.S. forces are taking bold...

Европа2 часа

(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон

Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се...

Свет2 часа

(Видео) Хезболах го нападна Израел за прв пат од прекинот на огнот во 2024 година

Либанскиот Хезболах потврди дека ноќеска истрелал ракети во северен Израел, први откако во ноември 2024 година стапи на сила прекинот...

Свет8 часа

(Видео) Ново обраќање на Трамп: Веројатно ќе умрат повеќе наши војници, тоа е така

Американскиот претседател Доналд Трамп денес вети дека ќе се одмазди за смртта на тројцата американски војници убиени во конфликтот со...

Свет8 часа

(Видео) Британскиот премиер: Ги ставаме нашите бази на располагање на Американците

Велика Британија го прифати барањето од Соединетите Американски Држави да користи британски воени бази за напади врз ирански ракетни објекти,...

Свет9 часа

Германија, Франција и Обединетото Кралство најавија пропорционални чекори против Иран, можно е уништување ракети и беспилотни летала

Обединетото Кралство, Франција и Германија, познати како Е3, објавија заедничка изјава за нападите на Блискиот Исток. Ги опишаа иранските ракетни...

Македонија11 часа

Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста

Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја...

Македонија12 часа

Повеќе од 150 македонски државјани побарале помош од амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби за евакуација

Расте бројот на македонски државјани кои пријавуваат дека се затечени во загрозените подрачја на Блискиот Исток. Од Министерството за надворешни...

Македонија13 часа

Малолетник сакал да се самоубие, МВР го спречи постапувајќи по објава оставена на социјалните мрежи

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи интервенираше навремено откако беше забележана објава на социјалните мрежи што укажуваше...

Свет13 часа

Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички

Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми. Иран вели дека...

Свет14 часа

Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери

Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го...

Свет15 часа

Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата. „Никој не може...

Свет16 часа

Израелската војска пак го нападна Иран

Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град. „Воздухопловните сили сега започнаа...

Свет17 часа

Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“

Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“ Папата...

Свет19 часа

Иранскиот претседател: Одмаздата е наше легитимно право по убиството на Хамнеи

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во ново соопштение порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност...

Македонија21 час

МНР и НТ формира кризен штаб, се повеќе македонски граѓани бараат помош по нападите на Блискиот Исток

Со оглед на влошената безбедносна состојба во регионот на Блискиот Исток, вчера во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија...

Свет23 часа

Откриени детали за тоа како е убиен врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи

Израел и САД го темпираа нападот врз Иран за сабота, за да се совпадне со самитот меѓу ајатолахот Али Хамнеи...