Свет
Во Њујорк 466 заболени од мали сипаници

Од октомври во Њујорк се регистрирани 466 случаи на заболени од мали сипаници, изјавија официјални лица.
Претставниците на Секретаријатот за здравство велат дека во април се пријавени 43 случаи, објави АП.
Меѓу новите заболени се и ученици од две училишта, кои не се припадници на ортодоксната еврејска заедница, но од верски причини им е дозволено да одат на училиште, без да бидат вакцинирани.
Најмногу случаи на заболени има меѓу ортодоксната еврејска заедница.
Здравствените работници велат дека 84 лица од Вилијамсбург добиле повик за казна поради непочитување на наредбата за задолжително вакцинирање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
„Франс прес“ за протестите во Србија и Македонија: На Балканот младите протестираат против корупцијата

Од улиците на Белград во Србија до Скопје во Северна Македонија, низ целиот Балкан, одекнува слоганот „корупцијата убива“, скандиран од студентите револтирани од смртта на десетици луѓе во несреќи за кои се верува дека биле предизвикани од корумпирани системи, пишува денеска француската агенција за печат во написот со наслов „Младите се креваат на Балканот“.
Како што пишува „Франс прес“, првите демонстрации во Србија избија во ноември, по уривањето на настрешницата на новообновената железничка станица во вториот по големина град во земјата Нови Сад, при што загинаа 16 лица.
Наскоро дел од земјата ја виде раката на корупцијата во таа катастрофа, околу штотуку реновираната железничка станица, големи трошоци и нетранспарентни договори, пишува „Франс прес“.
Агенцијата посочува дека низ цела Србија на транспаренти, беџови и ѕидови се појавила крваво црвена рака и станала симбол на протестите што ја тресат земјата, најголеми од 1990-тите, а чие раководство набрзо го презеле студентите.
Во март, пишува француската агенција, црвената рака се појави и во Северна Македонија по драматичниот пожар во дискотека во Кочани во кој загинаа 59 лица. Агенцијата посочува дека дискотеката работела со незаконски добиена дозвола, дека без дозвола била користена пиротехника која го запалила таванот на преполната сала, дека на концертот на популарна група имало најмалку 600 луѓе, додека клубот имал право да прими само 250.
Како што пренесува „Франс прес“, илјадници луѓе демонстрираа во главниот град на Северна Македонија, Скопје, со транспаренти на кои пишуваше „корупцијата убива“, а демонстрантите извикуваа „убијци“ и бараа – целосна промена.
Франс прес ги пренесува зборовите на Софија Тодоровиќ, директорката на српскиот огранок на Младинската иницијатива за човекови права, која вели:
„Младите луѓе се доказ за многу подобро расудување и мудрост од претходните генерации. Тие навистина чувствуваат дека имаат улога, нивните гласови се бројат, ова е клучно за иднината на регионот“, рече Тодоровиќ, цитирана од „Франс прес“.
„Франс прес“ потсетува дека Србија е 105-та на листата од 180 земји за перцепција за корупција на невладината организација Транспаренси интернешнал, додавајќи дека Северна Македонија е 88-ма на таа листа.
Црна Гора, која исто така беше потресена од демонстрации на почетокот на 2025 година кога еден човек уби 13 луѓе на улица на 1 јануари, е 65-та на листата на перцепции за корупција, според агенцијата.
Во Црна Гора беа организирани неколку собири со барање за отпуштање на високи безбедносни функционери, реформи во полицијата, конфискација на нелегално чуваното оружје и подобра грижа за менталното здравје.
Како и во Србија и Северна Македонија, секоја демонстрација се одбележува со неколкуминутно молчење во чест на жртвите, наведува француската агенција. Во Бугарија минатата недела демонстрантите неколку минути молчеа на антикорупциските демонстрации насочени против пратеникот и поранешен магнат Дељан Пеевски, кој е под американски и британски санкции.
Не е исклучок и Грција, каде властите беа критикувани дека раководат со истрагата за смртта на 57 лица, меѓу кои и многу млади луѓе, во железничка несреќа во февруари 2023 година. Како што наведува агеницијата, стотици илјади луѓе демонстрираа за втората годишнина од таа катастрофа, што е вистинска колективна траума.
Свет
Иран: Подготвени сме за индиректни разговори со САД за нуклеарното оружје

Иран вчера соопшти дека е отворен за индиректни преговори со Соединетите Американски Држави откога претседателот Доналд Трамп побара преговори за нов нуклеарен договор. „Патот е отворен за индиректни преговори“, изјави иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, отфрлајќи ја можноста за директни разговори „додека не дојде до промена во пристапот на другата страна кон Исламската Република“, пишува „Економик тајмс“.
Највисокиот ирански дипломат рече дека Техеран нема да се вклучи во директни разговори со Вашингтон под закана и сѐ додека Трамп ја одржува својата политика за максимален притисок.
Според оваа политика во неговиот прв мандат како претседател, Трамп во 2018 година ги повлече САД од клучниот договор за иранската нуклеарна програма и повторно воведе осакатувачки санкции кон Техеран. Договорот, потпишан во 2015 година меѓу Техеран и западните сили, бара од Иран да ги ограничи своите нуклеарни амбиции во замена за укинување на санкциите.
Западните земји, вклучително и САД, долго време го обвинуваат Иран за нуклеарно оружје, што Техеран го негира инсистирајќи дека неговите активности за збогатување се чисто за мирољубиви цели. Претходно овој месец, на 7 март, Трамп рече дека напишал писмо до иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, повикувајќи на разговори за нуклеарните амбиции и предупредувајќи за можна воена акција доколку Техеран одбие.
Писмото беше доставено до Техеран на 12 март преку советникот на претседателот на ОАЕ, Анвар Гаргаш, објави тогаш иранската новинска агенција „Фарс“.
Во петокот Хамнеи рече дека американските закани нема да ги одведат никаде предупредувајќи на реципрочни мерки ако направат нешто злонамерно против Иран. Арагчи во четвртокот рече дека писмото на Трамп е повеќе закана, но додаде дека тоа исто така може да отвори некои можности и дека Техеран набргу ќе одговори.
Американскиот пратеник за Блискиот Исток, Стивен Виткоф, во интервју објавено во петокот рече дека целта на Трамп е да избегне воен конфликт преку градење доверба со Иран. Тој инсистира на тоа дека писмото не било наменето како закана.
Техеран и Вашингтон ги прекинаа дипломатските односи откога Иранската исламска револуција во 1979 година го собори шахот поддржан од Западот. Оттогаш швајцарската амбасада во Техеран ја олесни комуникацијата меѓу двете нации.
Свет
Лукашенко: Војниците на НАТО на прагот на Белорусија, Западот прави сѐ за да ја вовлече земјата во конфликт

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави денеска дека трупите на НАТО се на прагот на Белорусија и дека Западот прави сѐ што може за да ја вовлече земјата во конфликт.
„Ескалацијата околу нас само се засилува. Војниците на НАТО се на прагот на нашиот дом и прават сѐ за да ја вовлечат Белорусија во конфликтот“, изјави Лукашенко по церемонијата на инаугурација во Палатата на независноста во Минск, пренесува „РИА новости“.
Претседателските избори во Белорусија се одржаа на 26 јануари, а според податоците на Централната изборна комисија на Републиката, Лукашенко, кој седми пат беше избран на највисоката државна функција, доби рекордни 86,82 отсто од гласовите.