Свет
ИФЈ: Годинава убиени 42 новинари и медиумски работници

Меѓународната федерација на новинарите (ИФЈ) објави дека 42 новинари и медиумски работници биле убиени на задача во 2020 година. Најмалку 235 новинари и медиумски работници во моментот се во затвор како дел од процесите поврзани со нивната работа.
Бројот на смртни случаи во претходните години се намалуваше и сега е на приближно исто ниво како и пред 30 години кога ИФЈ почна да ги води овие статистики. Генералниот секретар на ИФЈ, Ентони Беланж, рече дека намалувањето на бројот на убиства на новинарите не може да ја прикрие смртоносната опасност и заканите со кои се соочуваат новинарите поради нивната работа.
Во изминатите три децении, според ИФЈ, во светот биле убиени 2.658 новинари. Во 2020 година најмногу новинари биле убиени во Мексико – 13. Ова е четврти пат во последните пет години Мексико да е на врвот на листата. Пакистан е на второто место со пет убиства, а по тројца новинари беа убиени во Авганистан, Индија, Ирак и во Нигерија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Пронајдена двегодишната Дуња Марковиќ, огромна потрага во Србија цела ноќ

Куче за спасување на планинската служба за спасување утрово го пронашло двегодишното девојче Дуња Марковиќ.
За потсетување, девојчето исчезна вчера во градот Уб. Како што дознава Телеграф.рс, девојчето е добро.
Девојчето го пронашло специјално обучено куче на планинската спасувачка служба. Детето цела ноќ поминало надвор, настинало, но е во добра здравствена состојба.
Девојчето исчезнало вчера околу 14 часот кога излегло од дома. Веста за нејзиното исчезнување дојде преку апликацијата „Пронајди ме“.
Родителите на Дуња, како што вчера напиша Телеграф, во моментот на исчезнувањето на девојчето не биле дома, туку ја чувале други деца. Таткото на Дуња во тоа време бил на работа, а нејзината мајка на погреб.
Децата си играле пред куќата кога во еден момент девојчето исчезнало.
Европа
Пет европски воени сили ја потврдија поддршката за Украина

Претставниците на Германија, Франција, Велика Британија, Италија и Полска ја потврдија својата политичка и воена помош за Украина.
Членките на НАТО се собраа преку видео врска во форматот за одбранбена соработка на Групата пет водечки европски одбранбени сили.
„Сите се согласуваат дека (Украина) може да се потпре на континуираната и сеопфатна поддршка на Групата“, се вели во соопштението на германското Министерство по состанокот.
Состанокот беше свикан за кратко време по жестоката расправија меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа минатата недела.
Расправијата ги поттикна стравувањата дека Вашингтон би можел да ја повлече својата клучна поддршка за Киев, бидејќи односите меѓу САД и Русија почнаа да се подобруваат.
Следниот состанок на Групата пет одбранбени сили е закажан за 12 март во Париз. Целта на групата е да ја зајакне европската безбедносна и одбранбена подготвеност.
Свет
Трамп тестира колку далеку може да оди со Украина, објави „Њујорк Тајмс“

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп одлучи да ја запре воената помош за Украина, а според репортерката на „Њујорк Тајмс“ од Белата куќа, Меги Хаберман, Трамп тестира „колку далеку може да оди“ во повлекувањето на американската поддршка за Украина додека таа се бори против руската инвазија.
Хаберман рече дека Трамп ја донел одлуката по расправијата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Овалната соба во петокот, што уследи по неколкунеделната тензија меѓу Вашингтон и Киев.
Според неа, имало „речиси едногласно незадоволство“ од Украинците во Белата куќа, а особено имало „голема тензија“ меѓу потпретседателот Џеј-Ди Венс и Зеленски.
„Венс веќе некое време се сомневаше во потребата од американска помош за Украина и често го критикуваше Зеленски. Зеленски не остана должен и возврати со критики“, рече Хаберман.
Таа додаде дека Трамп не ја гледа Украина како европски сојузник, туку првенствено преку економски интерес. Како пример, таа го наведе неуспешниот договор за експлоатација на украинските минерални суровини, што многумина го протолкуваа како обид на Белата куќа на Украина да и ја „врати“ американската помош без да ги обезбеди безбедносните гаранции за Киев што ги бара Зеленски.
„Трамп речиси ништо не бара од рускиот лидер Владимир Путин, додека тој бара многу од Зеленски“, рече Хаберман.
„Украинците тврдат дека од самиот почеток им бил понуден договор што бил нереален за нив, во кој практично не добиле ништо“, рече таа. „И мислам дека ќе видиме како Трамп се обидува да услови други договори на сличен начин.
Хаберман рече дека американската поддршка за продолжување на помошта за Украина е намалена откако Русија ја започна инвазијата пред три години, но таа истакнува дека поддршката за Москва и Путин во Соединетите држави исто така не е голема. „Трамп сега ги тестира границите до каде може да оди во ова“, заклучи таа.