Свет
Новинарка на „Ле монд“ одбива да им ги открие своите извори на безбедносните служби
Новинарка на „Ле монд“ одби да ги открие своите извори за време на сослушувањето од страна на француската домашна разузнавачка служба во врска со статии што таа ги напишала откривајќи наводна корупција и кронизам во внатрешниот круг на претседателот Емануел Макрон.
„Ме прашаа многу прашања за начинот на кој ги проверив моите информации, што беше индиректен начин да ме прашаат за моите извори. Им објаснив дека само си ја завршив работата како новинар”, изјави Ариан Шемин, додавајќи дека одбила да одговори на имплицитното прашање.
Шемин била испрашувана 45 минути во средата во присуство на нејзиниот адвокат од страна на Генералниот директорат за внатрешна безбедност (ДГСИ) една недела откако стана петтиот новинар повикан во агенцијата – што стана вознемирувачки нов модел на новинарско заплашување од владата на Макрон.
Нејзиното известување за аферата „Бенала”, скандал што избувна откако еден од телохранителите на Макрон беше снимен како тепа демонстрант, облечен како полицаец, придонесе за оставката на неколку владини претставници.
Од ДГСИ најмногу биле заинтересирани за статиите во врска со поранешниот офицер на воздухопловните сили Чокри Вакрим, чија сопруга раководеше со обезбедувањето на канцеларијата на премиерот. Таа беше принудена да поднесе оставка откако „Ле монд” откри дека двојката ја пречекала посрамената Бенала во нивниот дом.
„Сторија сè за да го направат ова застрашувачко. Им објаснив дека никогаш не ги читам статиите пред да бидат објавени и дека не треба да го правам тоа, но тие постојано ми велеа дека делото е казниво со пет години затвор и со парична казна од 75.000 евра“, изјави во средата уредникот на „Ле монд”, Луи Драјфус, опишувајќи го сопственото испитување во ДГСИ. Тој беше сослушан истиот ден како Шемин.
Претходно овој месец ДГСИ испрашуваше четворица новинари од истражувачкиит веб-сајт Disclose, и им се закануваше со петгодишна затворска казна во согласност со законот од 2009 година со кој се забранува напади врз националните одбранбени тајни откако објавиле статија врз основа на доверлив документ со кој францускиот владата свесно го прекршува договорот за оружје за 2014 година, продавајќи офанзивно оружје за Саудиска Арабија и ОАЕ за да водат војна во Јемен.
Макрон е во офанзива против новинарите кои ги критикуваат неговата администрација и политики. Во февруари полицијата без налог изврши рација во канцелариите на „Медијапарт“, друг медиум кој известуваше за скандалот „Бенала“.
Минатата година беше донесен закон со кој владата може да затвори која било новинска агенција четири месеци пред изборите сè додека нејзиниот „престап“ може да се смета „под влијание на странство”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пожар во рафинерија за нафта во Хавана
Пожар вчера избувна во рафинеријата за нафта „Нико Лопез“ во Хавана, што ќе ја влоши кризата со гориво во Куба, предизвикана од ембаргото на САД.
Најголемата рафинерија е сместена во пристаништето во Хавана, каде пред два дена пристигнаа два мексикански бродови со повеќе од 800 тони хуманитарна помош.
Сè уште е непознато дали огнот ги зафатил резервоарите за складирање на нафта.
Куба уште од 1962 година е под американско ембарго, поради што земјата е во економска криза, а се соочува со прекини во снабдувањето со електрична енергија, недостиг на гориво, лекови и храна. Ситуација се вложи откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе фи стопира сите испораки на нафта за Куба и ќе воведе царини за секоја држава која ќе испорача нафта за Хавана.
Со приведувањето на поранешниот претседател на Венецуела, Николас Мадуро и неговата сопруга од страна на американските сили, Куба го изгуби најважниот сојузник и најголемиот извор на нафта. Повеќе недели на Куба не пристигнал ниту еден танкер со нафта.
Поради кризата со гориво затворени се универзитети, училиштата работат со скратено време, редуциран е јавниот транспорт и е ограничена продажбата на гориво. Исто така и болниците работат со намален персонал.
Трамп минатиот месец изјави дека Куба се движи кон пропаст и ја повика Хавана да склучи договор „пред да биде предоцна“. Тој сака промена на кубанскиот режим.
Обединети нации синоќа изразија загриженост поради кризата на Куба.
Свет
Трамп: Смената на режимот во Иран би била најдобрата работа
Претседателот на САД, Доналд Трамп синоќа изјави дека смената на режимот во Иран „би била најдобрата работа што може да се случи“.
– Само зборуваат и зборуваат и зборуваат веќе 47 години – наведе Трамп.
Тој потврди и дека најголемиот носач на авиони во светот „УСС Џералд Р. Форд“ од Карипско Море ќе биде распореден на Блиски Исток. Тој ќе се придружи на носачот „УСС Абрахам Линколн“ и на бродовите разорувачи со наведувачки ракети, кои во регионот се повеќе од две недели.
– Ќе ни треба во случај да не постигнеме договор. Многу брзо заминува – истакна Трамп.
Но, Трамп навести дека е можен договор со Иран и избегнување на воена операција.
– Ако ни дадат прав договор, нема да го сториме тоа – посочи Трамп.
Свет
(Видео) Бродот на Тито настрада на пристаништето во Риека
Вчера во риечкото пристаниште дојде до поморска незгода во која товарен брод удрил во бродот „Галеб“. Несреќата се случила додека „Галеб“ бил приврзан на Ријечкиот лукобран, а во него при маневрирање налетал товарниот брод DENIZ AKAY, кој плови под знамето на Барбадос.
Бродот од Риека требало да исплови за Турција, но по инцидентот сега тоа нема да биде во можност. Капетанот на капетанијата, Дарко Глажар, накратко изјавил дека, според првичните информации, многу е веројатно турскиот брод да имал дефект на погонскиот систем и дека веднаш му е издадена забрана за испловување од пристаништето додека не се утврдат сите потребни факти во овој судир.
Исто така, според првичните информации, нема повредени лица, а штетата на двата брода ќе се утврдува дополнително.

