Европа
Врховниот командант на украинската армија тврди: Војната влегува во нова фаза – јасно е зошто ќе биде од корист за Русија
Највисокиот воен командант на Украина, генерал Валериј Залужњи, во средата изјави дека војната со Русија влегува во нова фаза на статични и исцрпувачки борби за кои тој предупреди дека може да биде од корист за Москва и да ѝ овозможи да ја обнови својата воена моќ.
Во напис за Економист“, Залужњи рече дека на украинската армија ѝ се потребни клучни нови воени капацитети и технологија, од кои најважно е воздушното воено засилување, со цел да излезе од новата фаза на војната, која влезе во 21. месец.
Интервјуто што го даде за угледното списание беше објавено по речиси пет месеци од големата украинска контраофанзива, со која украинската армија не успеа да направи значителен пробив кон густо минираните руски одбранбени линии, ниту да го постигне очекуваното забавување на борбите во време кога сме на прагот на зимата, пренесува „Јутарњи лист“.
Со оглед на тоа што руските трупи се во офанзива во делови од источниот дел на земјата, Киев стравува дека Москва планира да почне кампања со воздушни напади за да ја исфрли електричната мрежа – оставајќи милиони жители во темнина и без греење среде зима.
Залужњи смета дека Украина мора поефикасно да ја уништи руската артилерија и да осмисли подобра технологија за пробивање на руските мински одбранбени линии.
Тој додаде дека резервите оружје на Западот се покажале недоволни со оглед на долгите руски мински полиња. Во некои области тие се протегаат до 20 километри.
Тој остро ја опиша опасноста од фаза на исцрпувачки борби: „Ова ќе биде од корист за Русија. Тоа ќе ѝ овозможи да ја врати својата воена моќ, на крајот заканувајќи им се на украинските вооружени сили и на самата држава“, вели тој.
Тој рече дека приоритет за Украина е зајакнување на резервните сили, иако Украинците имаат ограничен капацитет да ги обучуваат во земјата.
„Ние се обидуваме да ги решиме тие проблеми. Воведуваме единствена евиденција на регрути, а мора да ја прошириме и категоријата граѓани што ќе можеме да ги поканиме на обука или мобилизација“, рече Залужњи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Лавров: Западот мора да разбере дека Русија има стратешка иницијатива во Украина
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју објавено вчера вечер изјави дека Западот мора да разбере дека Русија има стратешка иницијатива во Украина, додека разговорите за можно решение за ставање крај на војната продолжуваат.
Лавров за новинската агенција РИА изјави дека Западот мора да се помири со реалноста на теренот речиси четири години по почетокот на руската инвазија на Украина, која ја опиша како „Специјална воена операција“.
Тој рече дека Соединетите Американски Држави сега ја поддржуваат идејата, која им стана јасна на сите, дека се потребни нови избори со истекот на мандатот на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Лавров, исто така, повтори дека решението бара крај на секоја идеја за присуство на НАТО во Украина и дека земјата мора да прифати неутрален, неврзанички статус.
Европа
Медведев: Зеленски ќе мора да се крие до крајот на животот
По нападот со беспилотни летала врз резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин во регионот Новгород, Володимир Зеленски ќе мора да се крие до крајот на животот, напиша Дмитриј Медведев, заменик-претседател на Рускиот совет за безбедност.
„Овој смрдлив киевски гад се обидува да го саботира решавањето на конфликтот“, напиша Медведев во објавата.
The stinking Kiev bastard is trying to derail the settlement of the conflict. He wants war. Well, now at least he’ll have to stay in hiding for the rest of his worthless life.
— Dmitry Medvedev (@MedvedevRussiaE) December 29, 2025
Медведев, исто така, напиша дека Зеленски „сака војна“ и дека сега ќе мора да се крие „до крајот на својот безвреден живот“.
Европа
(Видео) Лукашенко се судри со играч за време на натпревар во хокеј: снимката од неговото паѓање стана вирална
71-годишниот белоруски претседател Александар Лукашенко падна на мразот за време на натпревар во хокеј. Снимката од инцидентот стана вирална на социјалните мрежи.
Снимката покажува како хокеар со број 68 случајно го удира Лукашенко, кој го носеше дресот со број 01, во грбот. По судирот, Лукашенко ја изгуби рамнотежата и падна на мразот, удирајќи ја главата на лизгалиштето.
Во тимот на Лукашенко, дресот со број 68 го носеше Јарослав Чуприс, поранешен играч на белоруската репрезентација. По падот, натпреварот беше накратко прекинат, а Чуприс побрза да му помогне на Лукашенко да стане. Неколку играчи од тимот, исто така, дојдоа до него.
Lukashenko spectacular fall on the ice — like a sack of potatoes 🤣
The ageing hockey player lost his balance, dropped his stick, fell on his back and managed to get up only with the help of another player — who had a unique chance to give Belarusians a perfect New Year’s gift. pic.twitter.com/d9oeuZdseA
— NEXTA (@nexta_tv) December 28, 2025
„Типична работна ситуација: мора да ги зајакнете сопствените редови за другите да размислат двапати. Сè е во ред. Се чувствувам добро, освен истегнатиот мускул на грбот. Се подготвувам за следниот натпревар“, рече Лукашенко по натпреварот.
Канцеларијата за односи со јавноста на Лукашенко објави дека натпреварот завршил нерешено 5-5 и дека синот на Лукашенко, Николај, го израмнил резултатот со гол триесет секунди пред крајот.

