Свет
Врховниот лидер на Иран: Без американска поддршка, Израел ќе биде замолчен за неколку дена

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, чија земја ги поддржува палестинските милитанти од Хамас во нивната борба со Израел, рече дека „ционистичкиот режим станува беспомошен и збунет“.
Во објавата на платформата Х („Твитер“) на хебрејски, тој изјави дека израелската влада го лаже својот народ кога изразува загриженост за заложниците што ги држи Хамас во Газа, а во исто време ги гранатира областите каде што може да бидат држени.
„Без американска поддршка, Израел ќе биде замолчен за неколку дена“, нагласи Хамнеи, пренесува „Тајмс оф Израел“.
Иранскиот министер за надворешни работи, Хосеин Амирабдолахјан, во средата предупреди на тешки последици доколку продолжат израелските напади врз Појасот Газа, кои следуваа по упадот на Хамас на 7 октомври на израелска територија во кој загинаа 1.400 луѓе, главно цивили.
Пред тоа, иранскиот претседател, Ебрахим Раиси, изјави дека потезите на Израел „ги преминале црвените линии, што може да принуди многумина да преземат акција“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Пожари кај канцелариите на Мајкрософт во Израел, пет лица се повредени

Фотографија покажува пожари што горат во близина на канцелариите на Мајкрософт во Бер Шева, јужен Израел, а оштетени се и станбени згради, јавува Би-би-си.
Пожарникарите и амбулантните возила се на местото на настанот. Според досегашните информации, пет лица се повредени и однесени во болница.
Се чини дека Иран повторно го нападна технолошкиот парк Гав-Јам, за кој иранските власти вчера наутро изјавија дека бил нивна цел кога ја нападнале блиската болница Сорока.
Свет
(Видео) Израелската армија собори четири ирански дронови, објавена е снимка

Во текот на ноќта, израелските воздухопловни сили соборија најмалку четири дронови лансирани од Иран кон Израел, а на снимката се гледа како хеликоптер за напад AH-64 Apache соборува два дрона за напад Arash-2 со долг дострел.
Overnight, the Israeli Air Force downed at least four drones launched by Iran against Israel, with footage showing the shoot down of two “Arash-2” long-range attack drones by an AH-64 “Apache” with the IAF. pic.twitter.com/JaYJ4V2lI7
— OSINTdefender (@sentdefender) June 20, 2025
Свет
Израел: Нападнавме десетици воени цели, вклучувајќи и центар за нуклеарни истражувања

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека извршиле десетици воздушни напади преку ноќ, таргетирајќи повеќе локации во Техеран со помош на повеќе од 60 израелски борбени авиони.
Според ИДФ, во нападите биле употребени околу 120 смртоносни средства. Целите биле воени постројки за производство на ракети и центар за нуклеарни истражувања за кој израелската војска вели дека е поврзан со развојот на нуклеарно оружје на Иран.
Во текот на ноќта, ИДФ, исто така, објави дека Иран извршил напади врз Израел, при што се регистрирани напади на југот од земјата.
Иран досега не се огласил за овие напади.