Свет
Вљубник во оружје зaтворен поради закани со убиство на шпанскиот премиер
Човекот кој поседувал арсенал со оружје бил уапсен во септември поради заканата на интернет за убиство на шпанскиот премиер, Педро Санчез.
Дневниот весник „Публико“, кој ја објави приказната, пишува дека уапсениот има 63 години, а во арсеналот имал снајперски пушки и автоматски пиштол. Тој очигледно му се заканувал на Санчез бидејќи бил бесен поради планот на премиерот за ексхумирање на покојниот диктатор Франциско Франко од неговата гробница во близина на Мадрид.
„Човекот кој сакал да го убие претседателот на шпанската влада беше уапсен во североисточниот град Тераса во Каталонија. Уапсенио, сега е в затвор“, објави полицијата на регионот Мосос Есквадра на Твитер.
Високиот суд во Каталонија соопшти дека уапсениот е осомничен дека заговарал напад врз властите со оружје, без да го идентификува уапсениот. Човекот е обвинет и за сериозни закани, за нелегално поседување арсеал оружје, муниција и експлозиви и за кривично дело од омраза. Портпаролката на судот изјави дека човекот се заканил на интернет и бил уапсен во средината на септември.
„Кога неговиот дом беше пребаран да провериме дали заканите се вистински, пронајдовме арсенал оружје, што ја зајакнува веродостојноста на заканите”, рече таа, додавајќи дека тој немал дозвола за оружјето.
Шпанската влада рече дека безбедноста на премиерот никогаш не била загрозена.
Санчез го направи ексхумирањето на балсамираното тело на Франко од грандиозната базилика Долина на паднатите во близина на Мадрид, каде што во моментов се наоѓа, еден од своите приоритети откако дојде на власт во јуни. Санчез сака да ги премести останките на поранешниот диктатор на подискретно место каде што ќе им биде тешко на следбениците на Франко да му оддадат почит.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Погоден е аеродромот во Кувајт, гори хотел во Дубаи
САД и Израел го нападнаа Иран утрово. Најмалку три експлозии се слушнаа во Техеран, главниот град на Иран, а беа погодени и голем број други ирански градови.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, тврди дека нападот ќе ја прекине безбедносната закана за САД и ќе им понуди на Иранците можност да ги соборат своите владетели. Израелската влада прогласи вонредна состојба поради очекуваната иранска одмазда со беспилотни летала и балистички ракети.
Иран одговори со испукување ракети кон Израел, соопшти израелската војска. Иран, исто така, изврши напади врз американски воени објекти во Бахреин, Обединетите Арапски Емирати, Катар…
Се очекува говор на ајатолахот Али Хамнеи, објави Би-Би-Си, наведувајќи дека неговиот говор наскоро ќе биде емитуван. Не е јасно дали тоа ќе биде снимена порака или иранскиот врховен лидер ќе зборува во живо. Неговото моментално место на живеење е непознато. Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, тврди дека, доколку тој знае, ајатолахот е жив, а Ројтерс претходно објави дека е префрлен од Техеран на „безбедна локација“.
Израелската војска во саботата попладне објави дека изведува нови напади врз ирански ракетни лансери, како дел од заедничкиот напад со САД врз Иран, додека Техеран, исто така, објави дека изведува нов бран напади врз американски цели во регионот.
Израелските воздухопловни сили „започнаа со прелети и моментално напаѓаат ракетни лансери во Иран за да спречат закана за Државата Израел“, се вели во краткото воено соопштение.
Пожар избувна пред луксузниот хотел „Фермонт Палм“ во Дубаи. Пожарот наводно бил предизвикан од остатоци што паднале од небото за време на ирански ракетен напад, а автентичноста на снимката ја потврди „Скај њуз“.
Fairmont Dubai Palm on fire. Heard loud explosion, stay safe pic.twitter.com/HLo8oS6dSc
— Alex | The Modern Freelancer (@alex_tfmg) February 28, 2026
Свет
Нов бран напади против иранските ракетни фрлачи почнаа израелските воздухопловни сили
Израелските воздухопловни сили спроведуваат нов бран воздушни напади против иранските балистички ракетни фрлачи, соопшти ИДФ.
– Воздухопловните сили почнаа операција и во моментов ги напаѓаат ракетните фрлачи во Иран за да ги отстранат заканите за државата Израел – се вели во соопштението на војската што го пренесе Тајмс оф Израел.
Свет
ОН свикаа итна седница на Советот за безбедност по нападите врз Иран
Советот за безбедност на ОН свика итна седница по американските и израелските напади врз Иран и одмаздничките напади од страна на Техеран.
Седницата, која треба да почне во 16 часот (21:00 по Гринич), ќе биде посветена на „ситуацијата на Блискиот Исток“, соопштија Обединетите нации.
Средбата беше побарана од Франција и Бахреин, според израелската делегација во светската организација.

