Свет
Ганц би го победил Нетанјаху доколку изборите во Израел се одржат сега, според последните анкети
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/netanijahu-ganc.jpg)
Претседателот на Партијата за национално единство, Бени Ганц, би го победил израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху доколку изборите се одржат денеска, покажува анкетата објавена неколку дена по повлекувањето на партијата на Ганц од владата.
Според тоа истражување, Ганц би освоил 41 отсто од гласовите, а 35 отсто од гласовите би му припаднале на Нетанјаху, пренесува „Тајмс оф Израел“.
Речиси половина од испитаниците, 42 отсто од нив изјавиле дека би го поддржале Ганц како нов лидер.
Осум месеци по почетокот на војната во Газа, истражувањето покажа дека огромното мнозинство Израелци веруваат дека земјата губи во однос на пропагандата на глобално ниво кога станува збор за овој конфликт.
Ганц поднесе оставка на местото министер за воен кабинет претходно оваа недела откако Нетанјаху не го исполни неговото барање да претстави јасната стратегија за Појасот Газа по завршувањето на војната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
(Видео) Воз излета од шини во Русија, најмалку 70 повредени лица
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/vbxbb.jpg)
Најмалку 70 лица се повредени кога девет вагони на патнички воз излетале од шините во Република Коми на северот на Русија.
Руските медиуми јавија дека според последните информации нема жртви во оваа тешка железничка несреќа.
Патничкиот воз со број 511 сообраќал меѓу Воркут, град на северот на Русија и Новоросијск на брегот на Црното Море. Несреќата се случила недалеку од градот Инта, соопштија претставници на Руската железница.
#BREAKING #Russia A passenger train derailed in Russia’s Komi Republic, injuring several people.
Preliminary reports suggest the railway embankment was washed away by water. pic.twitter.com/5OwZ1WNMYA
— The National Independent (@NationalIndNews) June 26, 2024
– Итните служби се на лице место. Преземени се сите неопходни мерки за помош на повредените. Сообраќајот на пругата е во прекин – соопштија надлежните.
Свет
Руте: Извонредна чест е да се биде назначен за генерален секретар на НАТО
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/06/MARK-RUTE.jpg)
Холандскиот премиер Марк Руте изјави денеска, откако беше официјално назначен за следен генерален секретар на НАТО, дека Алијансата ќе остане камен-темелник на колективната безбедност на нејзините членки.
„Извонредна чест е да бидам назначен за генерален секретар на НАТО. Алијансата е и ќе остане камен-темелник на нашата колективна безбедност. Водењето на оваа организација е одговорност што не ја земам лесно“, напиша тој на мрежата Икс.
Руте ќе го замени Норвежанецот Јенс Столтенберг на функцијата генерален секретар од 1 октомври.
Мандатот на Столтенберг, кој беше обновен четири пати од 2014 година, кога беше првпат назначен, завршува.
Амбасадорите од 32 земји на НАТО ќе го ратификуваат назначувањето за време на состанокот на Северноатлантскиот совет, политичкото раководно тело на Алијансата, во Вашингтон од 9 до 11 јули.
Регион
Родител нападнал наставници во Чачак вербално и физички: Повикал „влијателни луѓе“ да му ги подобрат оценките на неговото дете
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/08/policija55-1200x545_c.jpg)
Во основното училиште „Д-р Драгиша Мишовиќ“ во Чачак, родител на еден ученик Ж.Ч. ги нападнал наставниците, прво вербално, а потоа и физички, затоа што бил незадоволен од успехот на своето дете, соопштија од „Синдикатот за образование Чачак“.
„Родителот направил тежок инцидент за кој била повикана полиција и целиот случај е предаден на јавен обвинител“, се наведува во соопштението на Синдикатот. Синдикатот тврди дека целиот случај дополнително се усложнува со „интервенциите на градските раководители за подобрување на оценките на тој ученик“, како и интервенциите на разни влијателни луѓе од Чачак, на кои родителот се повикал при инцидентот.
„Се поставува прашањето каква порака испраќа ова до децата кои правилно ги исполнуваат обврските, но и до нивните родители. Дали е подобро денес да имате моќни и влијателни познаници отколку да бидете вредни и посветени на учењето?“, се наведува во соопштението.
„Просветен синдикат Чачак“, кој е мнозинскиот синдикат на просветните работници во тој град, го осуди ваквиот однос кон просветните работници и ги повика родителите да ги гледаат наставниците како нивни најблиски соработници во образованието и воспитувањето на нивните деца. Синидкатот побара од надлежните институции што поефикасно да го процесуираат насилството врз наставниците.