Контакт

Свет

Германија ги објави новите правила за влез во државата

Објавено пред

Од денеска се менуваат правилата за тестирање на лицата што се враќаат во Германија. За време на сезоната на одмори Германија воведе тестирање на аеродромите, железничките станици и автопатите со цел да спречи увоз на коронавирус во земјата.

dobivaj vesti na viber

Додека повратниците од таканаречените земји со висок ризик – вклучувајќи го и Западен Балкан, како и над 130 други земји или региони во светот – треба да бидат тестирани при влез или да поминат 14 дена во карантин, повратниците од земјите што не се сметаат за ризични досега можеа да се тестираат доброволно и бесплатно.

Од денес повратниците од земјите што не се изложени на ризик повеќе нема да бидат тестирани кога ќе посакаат, туку само ако поради симптоми и сомневање на коронавирус.

Во последните недели германските лаборатории работат речиси до границата на можностите – се прават речиси 1,1 милион теста неделно. Критичарите го обвинија Министерството за здравство дека ваквото обемно тестирање чини многу работа и пари и дека е подобро да се тестира насочено.

Сè уште не е потврдено, но има голема можност тестирањето на повратниците од ризичните земји на влезот во земјата да биде укинато од почетокот на октомври. Тогаш тие ќе мора да бидат во самоизолација во домот цели 14 дена или најмалку пет дена по што би биле тестирани самостојно и, кога ќе имаат негативен резултат, ќе бидат ослободени од карантин.

Свет

Лојд Остин: Нема да дозволиме Украина да пропадне

Објавено пред

Американскиот министер за одбрана, Лојд Остин, на состанокот на контакт-групата за одбрана на Украина изјави дека Вашингтон нема да дозволи Украина да пропадне.

dobivaj vesti na viber

„САД нема да дозволат Украина да пропадне. Оваа коалиција нема да дозволи Украина да пропадне“, рече Остин на почетокот на состанокот на претставниците на 50-те земји, кои обезбедуваат воена помош за Украина, пренесува „Ројтерс“.

Средбата се одржува во американската воена база во Рајмштајн, Германија.

Прикажи повеќе...

Свет

ЕУ воведе санкции за 30 руски функционери што се сметаат за одговорни за смртта на Алексеј Навални

Објавено пред

Земјите од ЕУ ќе воведат санкции против 30 руски функционери поради смртта на водечкиот критичар на Кремљ, Алексеј Навални, изјави високиот претставник за надворешна политика и безбедност на Европската Унија, Жозеп Борел.

dobivaj vesti na viber

„Се договоривме за санкции за одговорните за убиството на Алексеј Навални“, изјави Жозеп Борел по состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ, пишува „Евроњуз“.

Навални, најистакнатиот руски опозициски лидер, почина во арктичкиот затвор во февруари, каде што беше задржан во тешки услови.

Официјални лица рекоа дека Европската Унија ќе ги следи Соединетите Држави и Велика Британија во наметнувањето забрани за патување и замрзнување на имотот на руските службеници одговорни за третманот на Навални.

Имињата на санкционираните од ЕУ ќе бидат објавени во наредните денови.

Договорот за санкционирање на одговорните за смртта на Навални доаѓа откако рускиот лидер Владимир Путин освои нов шестгодишен мандат на изборите што Западот ги означи како наместени.

Навални стана познат за време на масовните продемократски протести во Русија во 2011-2012 година. На критичарот на Кремљ му беше забрането да се кандидира на претседателските избори во 2018 година поради пресудата за измама што САД и ЕУ ја критикуваа како политички мотивирана.

Прикажи повеќе...

Свет

Во светот има сè помалку демократија, автократските режими се посилни, покажуваат најновите студии

Објавено пред

ОД 2006 година Фондацијата „Бертелсман“ проценува околу 140 земји на секои две години врз основа на тоа дали тие се развиваат кон демократија или автократија. Сегашната студија покажува дека автократиите сега се мнозинство, пишува „Дојче веле“ во анализата.

dobivaj vesti na viber

Според една нова студија, квалитетот на демократијата се влошил во изминатите 20 години во 137 земји, кои може да се опишат како земји во развој или т.н. земји во подем. Според индексот на трансформација на Фондацијата „Бертелсман“, сега имаме 63 демократии наспроти 74 автократии, односно земји во кои нема слободни избори или функционално владеење на правото.

Само во последните две години, обележани со новата геополитичка ситуација, руската агресивна војна против Украина и пандемијата на коронавирусот, изборите во 25 земји беа помалку слободни и фер од порано. Слободата на изразување и слободата на печатот сè повеќе се ограничуваат во 39 земји.

Фондацијата го покани и германскиот канцелар Олаф Шолц на презентацијата на индексот на трансформацијтаа. Со зголемувањето на десничарскиот популизам и во Германија, Шолц рече дека е задоволен што стотици илјади луѓе неодамна излегоа на улиците поради тоа. „Тоа не дојде одозгора или од партиите. Мора да размислуваме за одбрана на демократијата, а тоа не е игра, не се прави на интернет, тоа сме ние. Ние самите мора да ја заштитиме демократијата“, рече тој.

Сабине Донер е една од авторите на студијата. Таа за „Дојче веле“ зборува за ефектот што пандемијата на коронавирусот, со полицискиот час и привременото намалување на граѓанските слободи, го имаше врз демократскиот развој: „Пандемијата беше можност уште повеќе да се ограничат правата и да се концентрира уште поголема моќ на владите. Но, во основа, пандемијата не создаде проблеми што веќе не постоеја“.

Според Фондацијата „Бертелсман“, студијата е најголемото и најсеопфатно истражување од ваков вид. Студијата се заснова на 5.000 страници извештаи за земји, составени од Фондацијата, со помош на 300 експерти, универзитети и тинк-тенкови во речиси 120 земји. Ја испитува состојбата на демократијата, економскиот развој и владините активности. Сите три категории моментно се на историски ниско ниво.

Но, Сабине Донер не сака да очајува и покрај сите негативни извештаи. Таа забележува дека расте свеста во воспоставените демократии дека светот станува сè помалку слободен: „Во последните две-четири години, граѓаните и владите, демократиите, вклучително и кај нас овде во Германија, станаа повнимателни за предизвиците што произлегуваат од автократијата. И овие предизвици се значително посилни отколку пред десет години. Но, мислам дека тоа е наша сопствена вина“, додава таа.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ12 минути

Починато бебе: автомобилот во кој било превезувано излетал од патот помеѓу селата Босилово и Турново

Вчера, околу 12.50 часот, во СВР Струмица било пријавено дека на магистралниот пат Струмица – Ново Село, делница помеѓу селата...

Топ32 минути

Допирал по телото малолетно девојче: уапсен 50-годишен маж од Албанија

Полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчеравечер, околу 20 часот, на улицата  Гоце Делчев во...

Македонија2 часа

Демири со „Баланс МК“ разговараше за зголемување на опфатот на пациенти со инсулинска пумпа и сензори за мерење на гликемијата

Министерот за здравство, д-р Илир Демири, вчера, оствари средба со претставници на Асоцијацијата за детски дијабетес „Баланс МК“. На средбата...

Скопје3 часа

(Видео) Утрово се уриваше дивоградба во Ѓорче Петров: законот мора да важи еднакво за сите

Утрово, во скопско Ѓорче се уриваше дивоградба. Законот мора да важи за сите, порача градоначалникот на општината, Александар Стојкоски, кој...

Македонија4 часа

За кампањата на Пендаровски се користат државни ресурси – дали и анкетите и стратегиите за кампањата се платени со народни пари, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Стево Пендаровски го погази зборот по којзнае кој пат. Велеше дека нема да се користат државни ресурси во неговата кампања,...

Свет4 часа

Вонредна состојба во регион во Русија, поради несреќа во рудник, затрупани 13 лица

Во Амурската област на рускиот далечен исток воведена е вонредна состојба поради инцидентот во рудникот за злато „Пионир“ во областа...

Свет4 часа

Силен земјотрес го погоди Пакистан

Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди провинцијата Белучистан во Пакистан, соопшти Германскиот истражувачки центар за...

Свет4 часа

Дваесет загинати во израелски воздушни напади

Дваесет Палестинци се убиени рано утринава во израелските воздушни напади врз Рафах, како и врз централниот дел на Појасот Газа,...

Македонија16 часа

Јакимовски за ставањето на црната листа: Ниту Американци, ниту свети Американци нема да ни кажат кој ќе ни ја води Македонија

Градоначалникот и кандидат за претседател на Македонија, Стевчо Јакимовски на вонредна прес конференција изјави дека е изненаден од одлуката на...

Македонија19 часа

На црната листа на САД, Стевчо Јакимовски и Катица Јанева

Американскиот Стејт Департмент објави дека на црната листа на САД се ставени поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и актуелниот...

Македонија1 ден

ДУИ предупредува: Опозицијата со руско сценарио за политички немири по 8 мај

„Демократската унија за интеграција со голема загриженост ги следи обвинувањата, клеветите и навредите што опозицијата ги упатува кон кандидатот за...

Топ1 ден

Марихуана, повеќе видови таблети и мобилен телефон пронајдени при претрес во затворот во Битола

Вчера вечер, во 20.00 часот во СВР Битола, од Казнено – поправната установа Затвор Битола било пријавено дека при претрес...

Македонија1 ден

Запленети 22 автомобила при заедничка акција на Царината и МВР

Во дводневна заедничка акција на Секторот за контрола и истраги при Царинската управа и Министерството за внатрешни работи запленети се...

Македонија1 ден

Поштари нема, ама затоа за секој работник има по еден шеф – вработените во „Македонска пошта“ на протест повикаа на реорганизација

Вработените во Македонска пошта денес излегоа на протест од каде што повикаа на целосна реорганизација и систематизација на друштвото кое...

Македонија1 ден

Децата што ги имаат примено трите дози дитепер од денес може да одат во градинка

Децата кои имаат примени три дози вакцина дитепер против пертусис (голема кашлица) од денеска може да одат во градинка со...

Македонија1 ден

На полноќ истекува рокот за увид во Избирачкиот список и за пријавување на гласачите во дијаспората

На полноќ истекува рокот за увид во Избирачкиот список како и за пријавување на гласачите во дијаспората. ДИК апелира до...

Свет1 ден

Бајден: Има двајца кандидати за претседател, но едниот е премногу стар и ментално неспособен

Американскиот претседател Џо Бајден синоќа изјави дека само еден од двајцата кандидати за претседател на САД на овогодинешните избори е...

Македонија1 ден

„АРМ треба да се модернизира, но набавка од 250 милиони евра пред избори не смее да има“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„АРМ треба да се модернизира, но набавка од 250 милиони евра пред избори не смее да има, идната влада треба...

Македонија1 ден

„Непотизмот во Охрид поврзан со Пецаков е потврда дека нема промена во ДПМНЕ“, вели СДСМ

„ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот на општина Охрид Кирил Пецаков, близок соработник на Христијан Мицкоски имаат испреплетена шема на роднини, пријатели и...

Европа1 ден

Путин: Целиот свет се смее на она што се случува во Америка, тоа е катастрофа

Рускиот претседател Владимир Путин рече дека неговата „изборна победа“ покажува дека Москва е во право што му се спротивстави на...