Свет
Германија им суди на мигранти од Сирија за злосторства против човештвото
Двајца поранешни припадници на тајната полиција на Сирија беа изведени пред суд во Германија обвинет за злосторства против човештвото за нивната улога во центарот за притвор управуван од владата, каде беа малтретирани голем број опозициски демонстранти, пренесува „Брејтбарт“.
Судскиот процес против Анвар Р. и Ејад А., чии презимиња не беа објавени поради германските правила за приватност, е прв случај во кој претставници на сириската влада се соочуваат со судење во странство за воени злосторства наводно извршени за време на повеќегодишната граѓанска војна.
Обвинетите, кои беа уапсени во Германија на почетокот од минатата година, ќе се соочат со сведоштвата од неколку сириски бегалци, кои тврдат дека биле малтретирани во притворскиот центарот „Ал Катиб“, или „Огранок 251“, во близина на Дамаск.
Федералните обвинители тврдат дека 57-годишниот Анвар Р. бил задолжен за центарот и со тоа е одговорен за злосторства против човештвото, силување и за убиство на најмалку 58 лица. Обвинениет е и за соучесништво во повеќе од 4.000 случаи на тортура.
Ејад А. (43) е обвинет дека бил дел од полицискиот одред што ги приведувал демонстрантите и ги носел во „Огранок 251“, каде што потоа биле малтретирани.
Најмалку девет жртви на тортура се ко-тужители во случајот, што е дозволено според германскиот закон, додека уште неколку се очекува да бидат повикани како сведоци. Тие се поддржани од Европскиот центар за уставни и човекови права.
Ако биде осуден, Анвар Р. може да се соочи со доживотен затвор. Ејад А. може да биде осуден на затворска казна до 15 години ако биде осуден за соучесништво во злосторства против човештвото.
Адвокатите на обвинетите одбија да коментираат пред судењето, кое треба да трае неколку месеци. Мажите, кои сами ја напуштиле Сирија и заминале за Германија пред нивното апсење во февруари 2019 година, остануваат во затвор.
Судскиот процес е опишан како клучен момент во обидот да се изведат пред лицето на правдата сириските власти обвинети за злосторства.
„Бидејќи другите начини за издејствување правда се блокирани, кривичните гонења во Европа нудат надеж за жртвите на злосторства во Сирија, кои нема каде да се обратат“, вели Балкес Јарах, меѓународен директор за правда во „Хјуман рајтс воч“.
„Судскиот процес во Кобленц покажува дека судовите, илјадници километри од местото каде се случиле злосторствата, можат да играат клучна улога во борбата против неказнивоста“.
Регионалниот суд во Кобленц, каде што се одржува судењето, го намали бројот на местата достапни за новинарите и за пошироката јавност за една третина поради правилата за социјално дистанцирање во борбата против пандемијата на Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Апокалиптични сцени од Турција: силен ветер уништи објекти
Силни ветрови ја погодија северозападната турска провинција Коџаели предизвикајќи значителна материјална штета, при што на повеќе објекти им биле целосно откорнати покривите, јавуваат локалните медиуми.
На снимките објавени од локалниот портал „Коџаели Гундем“ се гледа моментот кога силен ветер подигнува покрив од зграда во населбата Диловаси и го носи од објектот. На друга снимка, објавена подоцна, покривот може да се види речиси неоштетен како лежи на земја.
A massive storm hits #Istanbul, #Turkey. pic.twitter.com/YOzRNoToE4
— Siraj Noorani (@sirajnoorani) January 8, 2026
Дополнителни видеа од местото Хереке прикажуваат куќа што останала без покрив, а предмети од внатрешноста се расфрлани по просториите поради силните налети на ветерот.
Од Кабинетот на гувернерот на провинцијата Коџаели уште во средата било издадено предупредување дека се очекуваат олујни ветрови со брзина од 50 до 70 километри на час, додека во повисоките предели ударите можеле да достигнат и до 80–90 километри на час.
Фото: pexels
Свет
Шефот на гренландска рударска компанија: САД сакаат инвестиции во минерали, преговорите се во тек
САД разгледуваат можност за инвестиции во ископување стратешки минерали на Гренланд, потврди извршниот директор на рударската компанија Аморок, Елдур Олафсон, во изјава за Си-Ен-Би-Си.
Компанијата работи во јужниот дел на Гренланд, каде што се занимава со ископување и истражување на злато, бакар, германиум, галиум и други стратешки минерали. Олафсон наведе дека се водат разговори со американски владини институции за можни инвестиции, но дека договорите сè уште не се финализирани.
Според него, потенцијалната соработка би можела да вклучува договори за откуп, инфраструктурна поддршка и кредитни линии, без да прецизира за кои проекти станува збор.
Портпарол на Стејт департментот изјави дека САД сакаат да изградат долгорочни комерцијални односи кои ќе им користат и на Американците и на народот на Гренланд, додавајќи дека претседателот Доналд Трамп ја истакнал важноста на Гренланд за одбраната на САД.
Интересот на Вашингтон се засилува во период кога Трамп повторно ја нагласува идејата за купување на Гренланд, кој го смета за клучен за националната безбедност. Следната недела американскиот државен секретар Марко Рубио треба да разговара со дански претставници за иднината на островот.
Белата куќа ги гледа богатите минерални ресурси на Гренланд како можност за намалување на кинеската доминација на пазарот на стратешки минерали.
Фото: pexels
Свет
(Видео) Експлозија на гас разнесе станбена зграда во Германија
Три лица, меѓу кои и шестгодишно дете, загинаа во силна експлозија на гас што рано утринава целосно уништи станбена зграда во германскиот град Албштат. Уривањето се случило околу 5 часот наутро во градската населба Тајлфинген, а полицијата потврди дека загинатите се членови на исто семејство на возраст од 33, 30 и 6 години, пренесе Билд.
На местото на несреќата се ангажирани повеќе од 200 припадници на итните служби. Откако семејството првично се водело како исчезнато, спасувачите подоцна ги пронашле нивните тела во урнатините.
Детонацијата била исклучително силна и го вознемирила целото соседство. Еден од станарите изјавил за Шварцвелдер Ботен дека околу 5 часот наутро целата куќа му се затресла, предмети паѓале од полици, а стаклото на влезната врата пукнало. Друга соседка помислила дека станува збор за земјотрес.
Според полицијата, во експлозијата не била уништена само погодената куќа, туку и неколку околни згради биле сериозно оштетени. Соседите биле евакуирани и никој од нив не е повреден. Итните служби им укажале помош, а многумина биле во состојба на шок.
Од безбедносни причини, дотокот на гас во целата улица бил прекинат. Градоначалникот Тралмер изјавил дека нема опасност од нови експлозии и дека се очекува снабдувањето со гас за околните куќи повторно да биде воспоставено во текот на денот.
Фото: pexels

