Европа
Германија усвои мерки за заштита на климата

Германската влада ги усвои мерките за заштита на климата со цел драстично да се намалат емисиите на стакленички гасови.
Според „Ројтерс“, со тоа се останува на реализацијата на плановите на германската канцеларка Ангела Меркел за усвојување пакет-мерки за заштита на климата оваа година.
Германската министерка за животна средина Свена Шулце ја објави на „Твитер“ одлуката за усвојување на мерките, кои ќе бидат внесени во Законот за заштита на климата.
„Конечно, постојат обврзувачки правила за заштита на климата – и тоа е добра работа. Долго време се борам за тоа и јас сум среќна што беше одобрено денес“, напиша Шулц на „Твитер“.
Додека Меркел и нејзините министри беа на седница на владата, стотици активисти за заштита на климата и членови на „Екстинкшен ребелион“ блокираа мост во близина, на третиот ден од глобалните протести со цел да извршат притисок врз владите да преземат повеќе драстични активности за борба против глобалното загревање.
Во извештајот минатиот месец научниците на Обединетите нации предупредуваа дека ако светот не ги намали емисиите на стакленички гасови, градовите ќе исчезнат заради зголемувањето на нивото на морето, сушењето на реките и уништувањето на морскиот живот.
Меркел, соочена со критики дека нејзините мерки се неамбициозни, вети оваа недела дека климатскиот пакет ќе вклучува механизам со кој ќе се следи почитувањето на ограничувањето на емисиите за одделни сектори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Фрлени „молотови коктели“ кај рускиот конзулат во Франција, се огласи Захарова

Рускиот конзулат во Марсеј, Франција, рано утринава бил нападнат со „молотов коктел“, а нема информации за жртви, јавува „Анадолија“.
Инцидентот се случил околу 8 часот по локално време на авенијата Амброаз-Паре, улица на која се наоѓаат многу странски конзулати, објави BFMTV.
‼️ ⚡️Une explosion a tonné à l’intérieur du consulat russe à Marseille — BFM TV
«Il y a environ 30 pompiers et policiers travaillant sur les lieux», rapportent les médias. pic.twitter.com/NgsR7Df3Jw
— Camille Moscow 🇷🇺 🌿 ☦️ (@camille_moscow) February 24, 2025
Два „молотови коктела“ биле фрлени во дворот на конзулатот, но, за среќа, не е забележана штета или повредени, јавуваат медиумите повикувајќи се на полициски извори.
Во тек е истрага за мотивите за нападот.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, потврди дека имало експлозија кај рускиот конзулат во Марсеј опишувајќи ја како потенцијален терористички напад.
Москва ја повикува Франција темелно да го истражи инцидентот и да ја зголеми безбедноста во руските дипломатски претставништва, рече таа.
Европа
Ватикан: Папата е во критична состојба, но имаше мирна ноќ

Папата Франциско, кој е во критична состојба и се бори со билатерална пневмонија, помина мирна ноќ во болница, спиејќи и одморајќи се, соопшти Ватикан.
88-годишниот папа беше примен во римската болница „Гемели“ на 14 февруари, откако неколку дена имаше проблеми со дишењето, а потоа му беше дијагностицирано воспаление на двете бели дробови.
Ватикан ја опиша неговата состојба како критична втор ден по ред во неделата и рече дека тој ден имал „почетни, благи знаци на откажување на бубрезите“.
Прогнозата за папата, кому во саботата му беше потребна трансфузија на две единици крв, откако доживеа „продолжена респираторна криза слична на астма“, останува неизвесна, покажуваат најновите медицински информации.
„Беше добра ноќ, папата спиеше и се одмара“, се вели во соопштението на Ватикан во една реченица објавено утрово, без дополнителни информации.
Европа
Експлозија кај рускиот конзулат во Марсеј

Експлозија утрово го потресе француски Марсеј во близина на рускиот конзулат. Пожарникарите потврдија дека имало експлозија во 8-миот арондисман.
„Експлозијата се случи во близина на рускиот конзулат во Марсеј околу 8 часот наутро“, соопштија пожарникарите.
На терен се околу 30 пожарникари и бројни полицајци. Засега не е позната причината за експлозијата, ниту пак дали има повредени.