Свет
Германија, Франција, САД, Велика Британија и Италија со заедничка изјава за Израел

Германија, САД, Велика Британија, Франција и Италија доцна синоќа објавија заедничка изјава во која ја потврдуваат солидарноста со Израел по терористичките напади на исламистичката палестинска организација Хамас.
Заедно изразија „постојана и обединета поддршка“ за Израел „и недвосмислена осуда на Хамас и неговите ужасни акти на тероризам“.
Германскиот канцелар Олаф Шолц рече дека петте земји „ќе се погрижат Израел да се брани себеси и своите граѓани од грозоморни напади“, напиша тој на платформата Х, порано позната како „Твитер“.
Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон телефонски разговараа со американскиот претседател Џо Бајден, британскиот премиер Риши Сунак и италијанската премиерка Џорџа Мелони и ја повторија својата поддршка за Израел.
Во понеделникот во Хамбург почна дводневната седница на француско-германската влада со Шолц и Макрон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Потпретседателот на САД се сретна со папата Лав во Ватикан

Потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Џеј Ди Венс, денес се сретна со папата Лав XIV во Ватикан, соопшти прес-службата на Ватикан.
Американскиот државен секретар Марко Рубио исто така беше присутен на аудиенцијата, како и сопругите на двајцата функционери, објави Анса.
Потоа Венс се сретна со надбискупот Пол Ричард Галагер, секретар на Ватикан за односи со државите и меѓународните организации.
Свет
Кремљ го објави денешниот термин на телефонскиот разговор меѓу Путин и Трамп

Прес-секретарот на претседателот на Руската Федерација, Дмитриј Песков, утрово за време на разговор со новинарите изјави кога се очекува телефонскиот разговор меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп денес.
„Телефонскиот разговор меѓу претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, е закажан за 17 часот по московско време, јави ТАСС.
„Секако, разговорот е важен, земајќи ги предвид разговорите одржани во Истанбул“, рече Песков, пренесе РИА Новости.
Тој додаде дека јавноста ќе биде информирана за деталите по разговорот.
Медиумите потсетуваат дека пред денешните разговори со Путин, Трамп вчера разговараше по телефон со лидерите на Франција, Велика Британија, Германија и Италија во обид да се стави крај на конфликтот во Украина, објави британската влада.
Регион
Се повлекува шеќер од пазарот во Хрватска: може да предизвика здравствени проблеми

Државниот инспекторат на Република Хрватска издаде соопштение за повлекување на палминиот шеќер Thai Dancer (пакување од 200 г, рок на траење: 24.5.2026 година) поради присуство на зголемени количини и необележани сулфити во производот.
Според анализата, производот не е во согласност со Регулативата (ЕЗ) бр. 1333/2008 на Европскиот парламент и Советот за прехранбени адитиви, како и со регулативите за информирање на потрошувачите за храната.
Со ова повлекување се штити здравјето на чувствителните потрошувачи, особено оние со алергии или нетолеранција на сулфати, објавува b92.net.