Свет
Германијa: До крајот на годината ќе престанеме да увезуваме нафта од Русија
Германија ќе престане да увезува нафта од Русија до крајот на годината, изјави германската министерка за надворешни работи, Аналена Баербок, по средбата со своите балтички колеги, пренесе „Ројтерс“.
„Затоа, овде велам јасно и недвосмислено дека Германија целосно го укинува рускиот увоз на енергија“, рече Баербок.
„До летото ќе ја преполовиме нафтата и ќе бидеме на нула до крајот на годината, а потоа и гасот, во унифицираниот план на Европската Унија,бидејќи нашиот заеднички излез, целосен излез на Европската Унија, е нашата заедничка сила“, рече таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Шокантна изјава на романски претседателски кандидат: Ќе ја поделиме Украина со Русија
Екстремно десничарскиот романски политичар Калин Јоргиеску предизвика контроверзии велејќи дека Украина е фиктивна држава чија територија ќе биде поделена меѓу соседните земји, вклучително и Романија.
Георгеску, водечкиот екстремно десничарски кандидат на претстојните претседателски избори, е познат по своите радикални ставови, но сега дополнително ја шокираше јавноста со изјавата дека Украина може да се подели меѓу Русија и Романија.
„Сто проценти, тоа ќе се случи. Па, немаат друг пат! Патот до ова е неизбежен. Украина е фиктивна држава. Тоа е Украинската Советска Социјалистичка Република“, рече Георгеску. Тој исто така нагласи дека, доколку победи на изборите, ќе го забрани извозот на украинско жито преку Романија и ќе ја прекине сета воена помош за Украина.
“Ukraine is a fictional state, its territory will be divided among neighbors,” — pro-Russian far-right Romanian politician Călin Georgescu spews nonsense. He claims borders will change, eyeing Northern Bukovina, Budjak & Transcarpathia, while saying Lviv will go to Poland. pic.twitter.com/d5M1mxDLV5
— NOELREPORTS 🇪🇺 🇺🇦 (@NOELreports) January 30, 2025
Зборувајќи за можна промена на границата, тој ги спомена регионите како Северна Буковина, Бугеац (Буџак) и Северен Марамуреш како делови од територијата што може да и се вратат на Романија. Овие области моментално припаѓаат на западна и јужна Украина.
Украинската страна се уште официјално не ги коментира овие изјави, додека аналитичарите сметаат дека таквите коментари може дополнително да ги заострат односите меѓу двете земји.
Георгеску останува најпопуларниот кандидат пред повторените претседателски избори во мај. Судот во Романија ги поништи резултатите од првиот круг од изборите на кои тој водеше, откако беа констатирани нерегуларности.
Свет
Трамп: Имаме идеја што ја предизвикало авионската несреќа
Претседателот Доналд Трамп на денешниот брифинг изјави дека Белата куќа има „цврсто мислење“ за тоа што довело до судир во воздух во близина на националниот аеродром Реган.
„Иако сè уште не ја знаеме точната причина за несреќата, имаме многу силни мислења и идеи и мислам дека наскоро ќе ги споделиме. Сведок сум на слични инциденти низ годините“, рече Трамп.
Тој додаде дека верува дека тие имаат прилично добри претпоставки, а патничкиот авион направил се’ како што требало и бил на правилната траекторија.
Според него, несреќата била предизвикана од низа лоши одлуки.
„Поради некоја причина, хеликоптерот беше на иста висина и се движеше под многу неповолен и крив агол“, рече Трамп.
Тој тврди дека хеликоптерот го направил спротивното од она што му било кажано.
И покрај изјавите на Трамп, властите се уште не објавија официјални детали за причината за несреќата.
Претседателот заклучи дека „трагедијата не требало да се случи“.
Од друга страна, претседателот на Националната асоцијација на контролори на летање во писмо до членовите нагласи дека е „прерано да се шпекулира за причината“ за несреќата.
Трамп вели дека ова се часови на анксиозност за нацијата.
Ја поздрави операцијата за пребарување и спасување на сите нивоа и рече дека оваа мисија сега е мисија за пребарување, дека нема преживеани.
Свет
Сведок на авионската несреќа: Видов само бела светлина
Седумнаесетгодишен сведок на фаталната авионска несреќа во Вашингтон имал застрашувачки близок поглед на трагедијата.
Џими Мазел изјави за Си-Ен-Ен дека вечерал во Гравелли Поинт Парк, мал јавен зелен простор во Арлингтон, недалеку од националниот аеродром Реган.
„Забележав бела светлина што паѓа од небото и не бев сигурен што е тоа. Бев многу загрижен за тоа што може да биде“, рече Мазел.
Било премногу темно за да види што точно се случува, а деталите ги дознал кога разговарал со новинарите собрани во Арлингтон.
„Сè уште сум шокиран. Сè уште сум потресен“, рече Мазел.
Авион на „Американ ерлајнс“, со 60 патници и четворица членови на екипажот, слетувал на националниот аеродром Роналд Реган, кога во воздух се судрил со воен хеликоптер „Блек Хок“ во кој се наоѓале тројца војници. Двете летала паднале во реката Потомак, а авионот при падот се распаднал на два дела. Според информациите, во несреќата нема преживеани лица.