Свет
Германските популисти предлагаат забрана за Хезболах
Популистичката Алтернатива за Германија (АфД) поднесе предлог-закон за забрана на радикалната исламистичка терористичка група Хезболах по маршот на Ал-Кудс кој се одржа за време на викендот, пренесува „Спутник“.
Соопштението беше објавено од пратеничката на АфД, Беатрикс фон Сторк, на прес-конференција во германскиот Бундестаг во вторникот.
„Хезболах е терористичка организација. Владата на Берлин тврди дека мора да направи разлика меѓу легитимното, политичко крило на Хезболах и терористичко крило. Ова нема смисла за нас, или за гласачите, ” изјави таа.
Според секретарот на фракцијата на АфД, Бернд Бауман, Хезболах го злоупотребува германскиот Закон за невладини организации, го финансира тероризмот со нелегални договори со дрога и оружје и се бори за уништувањето на Евреите и на Израел, а тоа можевме да го видиме на маршот на Ал-Кудс во Берлин и на национално ниво, каде што дури и пееја „гас за ционистите„ на улиците на Германија.
Според „Џерусалем пост” , Хезболах има околу 950 активисти кои собираат пари за нив во Германија, а центарот „Ал-Мустафа“ со седиште во Бремен, користејќи банка од Бремен, помага во трансферот на готовина на терористичката група во Либан.
Еврејските приврзаници на десничарската АфД формираат верска група во рамките на партијата.
„Целта на Хезболах е уништување на Израел и на Евреите и ние не треба да му нудиме засолниште во Германија за да ја финансираат својата вооружена борба против Израел и Либан од нашата територија”, рече Фон Сторк.
Во декември минатата година, пратеникот на АфД, Петр Бистрон, истакна дека антиизраелските активисти не само што работат во Германија, туку директно добиваат средства од Германија и од Европската Унија.
„АфД ќе продолжи да ги обелоденува финансирањата од Германија и ЕУ за антиизраелските невладини организации и да соработува со нашите сојузници во Израел за да го стори тоа”, рече Бистон и додаде: „Иако многу медиуми нè прикажуваат како расистички или дури и фашистички, ние силно го поддржуваме Израел и еврејската заедница во Германија – исто колку што Израел е демонизиран во многу медиуми на Запад “.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Регион
(Видео) Насилни протести во Албанија: Фрлени молотови коктели врз зградата на владата
Во Албанија се одржа нов антивладин протест, кој беше обележан со тензии и судири со полицијата, пренесува Анадолија.
Опозицискиот протест се одржа на 35-годишнината од уривањето на споменикот на поранешниот диктатор Енвер Хоџа, што се одбележува на 20 февруари, со барање за оставка на премиерот Еди Рама.

Opposition supporters chant slogans during a protest against the government in Tirana, Albania, 20 February 2026. The rally follows a political crisis amid a court deadlock over the suspension of Deputy Prime Minister Belinda Balluku and subsequent moves by Prime Minister Edi Rama to limit the powers of the Special Prosecutor (SPAK), with protesters demanding the government’s resignation. EPA/MALTON DIBRA
Денешниот протест, организиран од Демократската партија (ПД) со поддршка на други опозициски партии, се одржа пред седиштето на албанската влада во Тирана.
Фрлени молотови коктели врз зградата на владата
Демонстрантите фрлаа молотови коктели и пиротехнички средства врз зградата на владата, при што за време на немирите избувна пожар во надворешноста на зградата. Полициските сили одговорија со водни топови.
Лидерот на Демократската партија и поранешен премиер Сали Бериша за време на своето обраќање рече дека тие се вистинската опозиција и дека ќе ја спасат Албанија.
Обраќајќи се пред толпата, Бериша рече дека тие се собираат денес на еден од најважните денови во националната историја.
„Слободна Албанија, Албанија на слободни граѓани, ќе ја прогласи кражбата на граѓаните за сериозно кривично дело. Ќе ги казнат двојно повеќе оние службеници кои ќе избегаат“, рече Бериша.

Albanian opposition politician Sali Berisha speaks to supporters during a protest against the government in Tirana, Albania, 20 February 2026. The rally follows a political crisis amid a court deadlock over the suspension of Deputy Prime Minister Belinda Balluku and subsequent moves by Prime Minister Edi Rama to limit the powers of the Special Prosecutor (SPAK), with protesters demanding the government’s resignation. EPA/MALTON DIBRA
Полицијата одговори со солзавец и водени топови
По неговиот говор, протестот беше преместен пред зградата на пленарните сали на албанскиот парламент, каде што тензиите продолжија.
Демонстрантите повторно фрлаа молотови коктели и пиротехнички средства, додека полицијата одговори со солзавец и водени топови.
Солзавец беше фрлен и во надворешната простор на џамијата, која се наоѓа во близина на зградата на парламентот. Некои демонстранти се засолнија во просторот пред џамијата за да го избегнат солзавецот, додека верниците во тој момент беа внатре во џамијата за верски служби.
Организаторите на протестот тврдат дека имало повредени за време на судирите.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.

